Почувствуван земјотрес во Охрид

Денес во Охрид во 11:42 часот беше почувствуван земјотрес. Според сеизмолошките податоци, неговиот епицентар е 7 километри западно од Охрид, на длабочина од 2 километри под Охридското Езеро, со интензитет од 2.7 степени според Рихтер. WebOhrid

повеќе...

Одбележувањето на Часот на планетата Земја во Македонија стана хит низ целиот свет

Глобалната организација на Часот на планетата Земја објави специјална фотографија направена на Водно во Скопје, на која пишува #EarthHourMK, која беше прогласена за најубава слика направена за акцијата низ цел свет! Исто така, беше направена и посебна видео компилација за акцијата во Македонија со инсерти од исклучувањата во Скопје и Охрид, но и со дел од малите дечиња – поддржувачи на акцијата од нашата земја, кои на англиски јазик велат „Промени ги климатските промени!“ и „Заблескај светлина на климатските промени!“ „Македонија вчеравечер покажа дека ја има моќта да направи промена.…

повеќе...

Во Охрид одбележан 22ри април – Денот на планетата Земја

Најмладите и највозрасните волонтери на Црвен крст Охрид заеднички го одбележаа 22 април, Денот на Планетата Земја. Тие во дворот на Црвен крст Охрид, со помош и поддршка на ЈП „Охридски Комуналец“, засадија садници како симбол за живот и здрава животна средина која е неопходен услов за опстанок на сите генерации. Во таа насока беа и пораките на младите кои преку креативни цртежи на плочникот пред Црвен крст Охрид, ги упатија до сите луѓе на Планетата Земја, да ја чуваме и одржуваме чиста и здрава животната средина и да се…

повеќе...

Со низа активности во Охрид ќе се одбележи Денот на планетата земја

Црвен крст Охрид ќе го одбележи 22 април, Денот на планетата земја со низа активности. Во соработка со ЈП „Охридски Комуналец“ на просторот пред седиштето на Црвениот крст децата што ја следат Бреинобреин програмата, заедно со возрасните волонтери од Програмата за грижа за стари лица ќе засадат садници кои ќе ја симболизираат поврзаноста на генерациите преку екологијата и хуманоста. Исто така, најмладите волонтери на Црвен крст Охрид ќе ги изразат своите размислувања и пораки за заштита и зачувување на здрава животна средина преку цртање на плочникот пред Црвен крст Охрид.…

повеќе...

Големото одбележување на Часот на планетата Земја во Македонија стана хит низ целиот свет!

Глобалната организација на Часот на планетата Земја објави специјално видео во кое е објавен видео инсерт од исклучувањето на осветлувањето на Археолошкиот музеј во Скопје. Исто така, беше направена и посебна видео компилација за акцијата во Македонија со инсерти од централната манифестација во Скопје, каква што само добија и Шпанија, Франција, Сингапур, Велика Британија, но и Македонија. „Македонија вчеравечер покажа дека ја има моќта да направи промена. Над 66 локации потонаа во мрак за Часот на планетата Земја. Во нашиот медиа центар пристигнаа над 3000 фотографии и видеа од одбележувањето…

повеќе...

Охрид се вклучува во глобалната акција „Часот на Планетата Земја“

Општина Охрид, во соработка со Црвен крст, утре се вклучува во најголемата светска еколошка акција „Часот на планетата земја“. Во времето од 20 часот и 30 минути до 21 часот и 30 минути, ќе биде исклучено осветлувањето на црквата Света Софија, малиот плоштад кај музичкото училиште и гимназијата Св. „Климент Охридски“. Истовремено, во период од еден час, во мрак ќе потонат над 178 земји и 7000 градови ширум светот. Како што акцијата ќе патува низ часовните зони, милиони луѓе ширум светот преку симболично исклучување на осветлувањето во период од еден…

повеќе...

Хепенинг по повод Денот на планетата Земја

По повод одбележувањето на Денот на планетата земја, на градскиот плоштад Св. Климент Охридски се одржа хепенинг со наслов „ Охрид фин, зелен и син“ . На хепенингот се обрати и градоначалникот Никола Бакрачески. „Грижата за природата и заштитата на човековата околина се фундаменталните области на општественото живеење и претставуваат есенција на идентитетот и развојот на секоја заедница, град, регион или држава. Овие постулати ги рефлектираат и приоритетните цели на локалната власт во Охрид- да се грижи за заштита на природата и човековата околина кои заедно со нашето богато културно…

повеќе...

Обраќање на познатиот екологист Лазо Наумоски по повод Денот на планетата Земја

Охридскиот екологист Лазо Наумоски со свое обраќање по повод 22-ри април, Денот на планетата земја. „Се раѓаме, растеме, образоваме, работиме, се рекреираме или одмараме. Животниот простор на човекот на земјата планета се повеќе се стеснува, се загрозува и загадува ги губи основните својства за квалитетен простор за живеење и опстојување во една одредена животна средина. -Колку повеќе човекот сакал да ја промени животната средина, толку повеќе ја обременува земијната топка со разновидни деградациони промени кои бараат брзо решавање, односно санирање на негативните процеси во неа. – Загадувањето на животната средина и…

повеќе...

Со мотото „Наш ред е да водиме!“, Денот на планетата Земја инспирира свесност и почит за животната средина

Со одбележувањето на Денот на планетата Земја се инспирира свесноста за животната средина и целото човештво заеднички апелира за потребата од заштита на нашата планета. Оваа година се означува 45-годишнина од првиот организиран Ден на планетата Земја, 22 април 1970г, кој воедно го претставува и почетокот на модерното глобално еколошко движење. Тој ден, 20 милиони aмериканци излегле на улиците низ целата држава со барање да се спречи уништувањето на животната средина. Овој собир ќе резултира со формирање на првата агенција за заштита на животната средина, како и усвојувањето на актите…

повеќе...

Одбележан Часот на планетата

Во саботата, Македонија се вклучи во светската акција „Часот на планетата Земја“ и повеќе од 60-тина атрактивни локации во Скопје и низ Републиката потонаа во мрак. Мотото на годинешнава акција беше „Употреби ја твојата моќ“ „Ова е само доказ дека Македонија покажа дека ја има моќта да направи промена. Во нашиот медиа центар пристигнаа над 2.000 фотографии и видеа од одбележувањето на Часот на планетата Земја низ целата Република и ние сме навистина среќни што постигнавме толку голем успех. Ова немаше да биде успешно без поддршката на градот Скопје, Црвениот…

повеќе...