Градоначалникот Бакрачески се сретна со израеслкиот амбасадор Дан Ориан

Во пресрет на вечерашниот настап на израелскиот ансамбл Кармелим во рамките на фестивалот „Охридско Лето“, градоначалникот Бакрачески оствари средба со израелскиот амбасадор Дан Ориан. На средбата беа потврдени пријателските врски на Македонија и Охрид со државата Израел и искрените напори за сесрдна соработка. Израелскиот амбасадор го информираше градоначалникот Бакрачески за остварените средби со ректорот на универзитетот „Свети Апостол Павле“, за учеството на израелски професори и експерти во работата на Меѓународната конференција која во септември ќе биде организирана во Охрид. Амбасадорот Ориан изрази и подготвеност за поблиска соработка со фестивалот „Охриско…

повеќе...

Пристигна првата група израелски туристи во Охрид

Со воден мост како поздрав за воздухопловот, церемонија на сечење торта, како и традиционалната македонска закуска за добредојде, ТАВ Македонија вечерва на охридскиот аеродром ,,Свети Апостол Павле’’ ја пречека првата група од 110 израелски туристи кои од Тел Авив пристигнаа со чартер-летот на израелската авиокомпанија Аркиа. Од ТАВ Македонија велат дека се задоволни што овие чартер-летови кои беа најавени лани почнуваат да се реализираат, а се резултат на активностите на ТАВ холдингот од Истанбул за привлекување на нови авиокомпании и тур-оператори на охридскиот аеродром. „Со првиот лет на авиокомпанијата Аркиа…

повеќе...

Заменик-министерот за култура Драган Недељковиќ во посета на Израел

Делегација од Министерството за култура на Република Македонија, предводена од заменик–министерот за култура Драган Недељковиќ, деновиве престојува во посета на Израел, каде што во манастирот „Свето Благовестие“ во библискиот град Назарет е поставен мозаикот на Пресвета Богородица Пелагонитиса. „Честа е уште поголема што од денеска ѕидот што го опкружува манастирот, на кој се претставени мозаици на голем број христијански народи, ќе биде збогатен со уште еден мозаик на Пресвета Богородица Пелагонитиса, своевидно свето обележје на нашата црковно-народна и духовна култура кој во историјата се препознава како дело од нашите простори…

повеќе...

Ќе се зголемува бројот на израелските гости во Охрид

По остварената средба во Израел, денес во возвратна посета на Охрид, престојуваше Шмуел Цурел, генерален директор на S. ZUREL компанија за туристички маркетинг, кој имаше работна средба со Ѓоко Апостолов, раководител на Секторот за ТЛЕР. Гостинот од Израел понуди платформа за соработка, со која потенцијалните партнери од Израел организирано ќе носат гости на охридското крајбрежје, преку авионската чартер линија, која ќе биде воведена од наредната година. На средбата стана збор и за воведување на редовна авио линија, по сличниот принцип на соработка воспоставен со Визер, со што прогрогресивно би растел…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески ги договори деталите за голема пролетна промоција на Охрид во Тел Авив

Во текот на вчерашниот последен ден од посетата на Израел продолжија поединечните средби на претставниците на Локалната самоуправа со менаџери на компании од областа на туризмот, спортот и високата технологија. Градоначалникот Бакрачески и раководителот на секторот за туризам се сретнаа со Шмуел Цурел, поранешниот Директор на Хотелската Асоцијација на Израел и Директор на маркетинг за странски држави при Министерството за Туризам на Израел, а сегашен Генерален Директор на S. ZUREL компанија за тиристички маркетинг, како и со Ангел Вајнштајн, поранешен Директор на Оделот за странски држави на авио компанијата „Ел…

повеќе...

Директорите Мишев и Паскалоски на средби во „Спидо“, „Некст Степ” и „Сизар”

Во рамки на посетата на Израел во текот на вчерашниот ден директорот на ЈП„Билјанини Извори“, Ристе Мишев и директорот на МЈП „Проаква“, РЕ „Водовод“, Томе Паскалоски имаа средби со претставници на компанијата „Спидо“ на кои се разговараше за можностите за влегување на овој гигант во организацијата и спонзорирањето на „Охридскиот пливачки маратон“. Во разговорите беа опфатени и аспектите на менаџирање и одржување на базените при што беше направена посета на еден од најсовремените базени во Израел, лоциран во Нетања. Делегацијата на Охрид оствари средба и со Рони Киршнер, директор на…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески на прием кај израелскиот премиер Нетанјаху

Градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески, во рамки на Интернационалната конференција на главни градови што се одржува во Израел, имаше прием во кабинетот на Премиерот Бенјамин Нетанјаху, а оствари средба и работна вечера со градоначалникот на Ерусалим, Нир Баркат. Меѓу другото беше остварена и работна средба со менаџментот на врвниот институт за срце кој е дел од најголемата болница во Ерусалим – Хадеса еин Карем. Во рамките на интернационалната конференцијата на градоначалници во Израел, градоначалникот Никола Бакрачески беше во посета и работен ручек на израелското министерство за надворешни работи каде…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески во посета на израелските градови Јокнем и Хаифа

Како дел од неколкудневната работна посета во Израел, градоначалникот на општина Охрид Никола Бакрачески се сретна со градоначалниците на градовите Јокнем и Хаифа. При престојот во Јокнем, Бакрачески заедно со домаќинот, Симон Алфаси направи обиколка на технолошкиот парк при што беше запознаен со стратегијата на градот за привлекување на инвеститори. Во оваа зона со површина од 250 хектари се сместени претставништвата , производствените погони и научно истражувачките центри на најголемите светски компании во ИТ секторот, фармацевтската и индустрија за производство на медицински производи. Бакрачески се интересираше за стратегијата за заштита…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески учествува на Израелската интернационална конференција на главни градови

Во рамки на работната посета во Израел, градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески вчера присуствуваше на свеченото отворање на 30-тата Израелска интернационална конференција на градоначалници што се одржа во хотелот „Кинг Давид“ во Ерусалим. На конференцијата градоначалникот Бакрачески оствари средба со градоначалникот на Њујорк Бил де Блазио и со претседателот на Американско- Еврејскиот Конгрес, г-динот Џек Росен. Попладнето Бакрачески присуствуваше на церемонијата на полагање цвеќе во знак на сеќавање на жртвите од Холокаустот во Јад Вашем музејот во Ерусалим, а потоа и на говорот што во таа пригода го одржа градоначалникот…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески во посета на Израел

Градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески од денес престојува во Израел каде е специјален гостин на „Светската конференција на главни градови“ која е во коорганизација на Министерството за надворешни работи на Израел, „Американско – еврејскиот Конкгреси“, „Американскиот Совет на Евреите“. И покрај тоа што Бакрачески е Градоначалник на град кој не е главен град, тој на оваа конференција присуствува по специјална покана на нерезидентниот амбасадор на Израел задолжен за Република Македонија, Неговата Екселенција Дан Ориан. Градоначалникот Бакрачески во рамки на конференцијата ќе се сретне и со премиерот на Израел Бенјамин…

повеќе...