Тилевски најави партерно уредување, изградба на пешачки и велосипедски патеки во Охрид

Кандидатот за градоначалник на Охрид, од ВМРО-ДПМНЕ, д-р Митко Тилевски денес одржа прес-конференција, на која ги најави новите проекти: Партерно уредување, изградба на пешачки и велосипедски патеки во Охрид. „Охрид заслужува да свети во полниот негов сјај. Охриѓани и туристите заслужуваат нови места за рекреација на современ и модерен начин. Уредувањето на зелените површини во корелација со подигнување на свеста за зачувување и одржување на јавните паркови и зеленила, резултираат со формирање на пријатни катчиња за одмор и релаксација на граѓаните и туристите од сите возрасни групи. Со уредување на нови…

повеќе...

Лазаревска: Локалната под итно да го спречи екстремното повлекување на вода од Езерото заради производство на струја

Бараме од локалната власт под итно да го спречи екстремното повлекување на вода од Охридското Езеро заради производство на струја. Преку вчерашната реакција на Општина Охрид стана јасно дека градоначалникот Никола Бакрачески и неговите соработници знаеле за штетите што му се нанесуваат на езерото, но досега не презеле ништо за да го спречат алармантното намалување на нивото на водата. Ова денес го изјави Жаклина Лазаревска, Пратеник во Собранието на Р. Македонија од редовите на СДСМ. „Наместо да обвинува за политизација и партизација, локалната власт мора конечно да се зафати со…

повеќе...

Шекеринска: Гласот на секој е важен, на 11 декември избираме живот во Македонија

Носителката на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 5, Радмила Шекеринска, денес во Охрид во изјава за медиумите истакна: „Вчера на огромниот митинг во Скопје, граѓаните на Македонија испратија јасна, гласна, масовна порака, дека се за промени и дека се „За живот во Македонија“. Ваква порака ќе чуеме и денес во Дебар, во Струга и во Охрид. Денеска би сакала да испратам слична порака и до оние вработени во администрацијата кои што страдаат од притисоците на власта, до оние неопределени кои сеуште размислуваат кому да му го дадат својот…

повеќе...

Шекеринска: Чист избирачки список и реформи во медиумите за фер избори

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска денес оствари средби со граѓаните на Охрид и охридско. Во изјава за медиумите Шекеринска истакна: „Денес, Македонија се наоѓа во сериозна политичка, економска, државна криза која што е предизвикана од погрешните и криминални политики на ВМРО ДПМНЕ. Како резултат на таквите политики сите овие години, денеска како држава се соочуваме со огромен број на луѓе, стотици илјади, коишто заминуваат од државата. Се соочуваме со млади лица коишто се повеќе сакаат да заминат од Македонија. Се соочуваме со низок животен стандард, со медиумски мрак, со…

повеќе...

Шекеринска: Хаосот со избирачкиот список да се расчисти, одговорност мора да има

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска,  денес во изјава за медиумите истакна: „Почитувани граѓани, Денеска сме во посета на Делчево, заедно со уште некои колеги и колешки, за да разговараме со граѓаните за проблемите кои ги мачат ама и за решенијата кои заедно ги испишавме во текот на минатата година. Овие денови нај актуелна тема помеѓу сите граѓани на Република Македонија, се разбира дека е хаосот коишто стана видлив, а владее веќе со години по ред со избирачкиот список. Овој хаос во избирачкиот список, огромниот број на умрени и фантомски гласачи…

повеќе...

Пендаровски: Би било не само луксуз туку и опасно за Македонија да оди на избори на 24 април

Дел од раководството на СДСМ, предводен од Стево Пендаровски, денес престојува во работна посета на Охрид. Пендаровски оствари средби со граѓаните на Охрид и охридско, со раководството и сo членството на партијата во Охрид. „Доаѓам во еден исклучително интересен временски период кога не очекуваат веќе следната недела неколку битни решенија за иднината на Македонија, пред се мислам на одлуката на Меѓународната заедница, во однос на еднострано договорениот датум за избори на 24ти април, знаете тоа следи по неуставната одлука да се распушти Собранието, а да продолжи  да работи, и ако тоа…

повеќе...

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ продолжува со политиките “немаме за леб, а трошиме на чоколадо

Изјава на д-р Јован Стојаноски, координатор на советничката група на ОО СДСМ Охрид и коалиционите партнери по однос на 49- тата Седница на Советот на Општина Охрид. „Почитувани, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со политиките “немаме за леб, а трошиме на чоколадо.” И Буџетот за 2016 година ја одсликува катастрофалната економска состојба во којашто се наоѓа Охрид. Дека ВМРО-ДПМНЕ и Никола Бакрачески немаат развојна визија за Охрид, граѓаните веќе знаат. Советничката група на СДСМ во континуитет ова го кажува и должни сме и денеска да истакнеме дека со Буџетот за 2016 година ништо…

повеќе...

Шекеринска: Солидарност со граѓаните на Франција

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, во изјава за медиумите истакна: „Ужаснати сме од серијата терористички напади кои што се случија во Париз доцна синоќа и сочуствуваме со болката на семејствата и на сите граѓани на Франција кои што се обединети во пораката дека нема да дозволат да живеат во страв. Денес и претседателот на СДСМ, Зоран Заев, испрати телеграма на сочуство до францускиот претседател, г-дин Оланд за големата трагедија која што се случи на француската нација и која што го загрози начинот на живот во сите слободарски држави во Европа.…

повеќе...

Заев: Власта не мисли за иднината на државата, нема да дозволиме цензура и неевропски закони

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во изјава за медиумите истакна: „Неможам да сватам ниту јас, ниту нашиот преговарачки тим, а верувам ниту нашата македонска јавност, како на некој може да му е поважно да од овие 12 часа разговори, повеќе од 8-9 часа потроши на важноста на донесување на законот за забрана на објавување на политичките бомби од европската иднина на сите граѓани на Република Македонија. Навистина неможам ниту јас ниту било кој од нас да имаме рационално објаснување дека не може да се постигне договор за едноставни работи и…

повеќе...

СДСМ со граѓаните на Тетово и тетовско: Помош и поддршка во тешките моменти

Претседателот на Комисијата за локална самоуправа, Дејан Павлески денес во изјава за медиумите истакна: „Овде сме да им дадеме помош и поддршка на граѓаните на Тетово и тетовско во овие тешки моменти. Toa што вчера се случи е страшно, катастрофа. Денеска бевме во обиколка на неколку населени места. Стојбата е сериозна, глетката е страшна. За жал, има и човечки жртви. Досега, официјално се потврдени 4 жртви но стравувањата се дека бројката може да биде и поголема. Воедно, предизвикана е огромна материјална штета, голем број на домови се уништени, поплавени, пристапните патишта…

повеќе...