Презентација на третиот јавен повик на Фондот за иновации

Фондот за иновации и технолошки развој, во соработка со општина Охрид, денеска одржа инфо- сесија за појаснување и обука за аплицирање за користење кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва, старт- ап и спин- оф. Фондот за иновации и технолошки развој го отвори третиот Јавен повик за доделување на средства преку Инструментот за поддршка – Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап и спин-оф. Со овој инструмент може да добијат средства за микро, мали и средни претпријатија кои постојат не подолго од 6 години во моментот на аплицирање до Фондот. Фондот…

повеќе...

Трет јавен повик на Фондот за иновации

Фондот за иновации и технолошки развој, во соработка со општина Охрид, на 27 јуни 2016 година ( понеделник), во големата општинска сала, со почеток во 10 часот, ќе одржи инфо- сесија за појаснување и обука за аплицирање за користење кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва, старт- ап и спин- оф. Фондот за иновации и технолошки развој го отвори третиот Јавен повик за доделување на средства преку Инструментот за поддршка – Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап и спин-оф. За овој инструмент може да добијат средства микро, мали и средни…

повеќе...

Фондот за иновации отвори контакт-канцеларија, утре ќе објави трет повик за финансиска поддршка

Фондот за иновации и технолошки развој, кој беше основан во 2014 година, денеска во центарот на Скопје отвори контакт-канцеларија заради поголема достапност за потенцијалните апликанти кои ќе пријават иновативни проекти. Новата канцеларија ќе ја олесни комуникацијата со сите кои се заинтересирани за можностите за развој на иновативни идеи преку програмите на Фондот. Воедно, Фондот го најави и третиот повик за финансирање проекти т.е. повик за поднесување предлог-проекти за поддршка од Инструментот за кофинсирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап и спин-оф. Повикот ќе биде отворен утре и ќе трае 60…

повеќе...

Наградени трите најиновативни проекти за регионален развој

Проекти од областа на туризмот и образованието се наградени на изборот за најиновативен проект за регионален развој, што го реализира Министерството за локална самоуправа, во соработка со Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) и со швајцарската Агенција за соработка и развој (СДЦ). Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања Владимир Пешевски, на доделувањето на наградите за „Најиновативен проект од Програмата за рамномерен регионален развој во период од 2009 до 2014 година“ изрази очекување дека манифестацијата ќе прерасне во традиција, ќе придонесе вработените во центрите за регионален развој на планските…

повеќе...

Компаниите задоволни од грантовите доделени од Фондот за иновации

Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, денеска ја посети „ДТК Смарт – тек“ која е една од 16-те компании кои добија грант од првиот повик што го распиша Фондот за иновации и технолошки развој. „Врз основа на договорот којшто Министерството за образование и наука го има во однос на користењето на овие средства потпишано со Светска банка околу 10 милиони евра им стојат на располагање на компаниите. Согласно динамиката и политиките на Фондот за иновации во следниот период ќе има етапно објавување на дополнителни огласи по различни инструменти“,…

повеќе...

Објавен вториот повик на Фондот за иновации, на располагање 1,3 милиони евра

Милион и 300 илјади евра е буџетот со кој преку кофинансирани грантови Фондот за иновации и технолошки развој ќе поддржи проекти на компаниите. Со вториот повик за финансирање предлог проекти што Фондот го објави вчера, вкупниот буџет е распределен на три инструменти. Заинтересираните компании може да аплицираат до 21 следниот месец. Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски денеска информира дека кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва, старт-ап и спин-оф компании ќе се доделуваат до 30.000 евра по проект, а вкупниот буџет за тој инструмент изнесува 300.000 евра. До 100.000 евра…

повеќе...

Поблиска соработка со Фондот за иновации

Општина Охрид во иднина ќе остварува поблиска соработка со Фондот за иновации и технолошки развој, за да се обезбеди поширока афирмација на нивните проекти на кои би аплицирале повеќе микро, мали и средни претпријатија од охридското подрачје. Ова беше речено на денешната средба на заменик градоначалникот Ангел Јанев и директорката на Фондот за иновации Јасмина Поповска. Беше договорено, две лица од општина Охрид да учествуваат на следната обука што во Скопје ќе ја организира Фондот, за да можат пред распишувањето на вториот јавен повик, на заинтересираните фирми да им помагаат…

повеќе...

Фондот за иновации и технолошки развој ги додели првите 16 грантови

По првиот успешен конкурс за кофинансирани грантови на стар ап и спин оф претпријатија и иновации, Фондот за иновации и технолошки развој денеска ги потпиша договорите со претставниците на 16 компании, чии проекти беа избрани во рамки на конкурсот. За реализација на овие проекти беа доделени вкупно 458.700 евра, а во втората половина од оваа година ќе биде објавен и втор повик за сите инструменти на Фондот со расположлив буџет во износ од милион и 680 илјади евра. Дел од наградените проекти вклучуваат платформа за навигација и известување во затворени…

повеќе...

Груевски: Владата со поддршка од 2,2 милиони евра за иновациски развој на компаниите

Премиерот Никола Груевски апелира компаниите да ја искористат можноста да добијат грант за реализирање на иновативна бизнис идеја преку преку Фондот за иновации и технолошки развој. Конкурсот за доделување грантови преку Фондот за иновации е отворен до 18 следниот месец. На него може да аплицираат старт ап и спин оф компании со идеја за нов производ и за нешто ново со некоја иновација. Иновацискиот развој на компаниите, посочува Груевски, Владата годинава го поддржува со 2,2 милиони евра. Со тековниот конкурс компаниите ќе добијат до 30.000 евра за иновативен проект, односно…

повеќе...

За иновативни проекти 2,2 милиони евра помош преку Фондот за иновации

Домашни компании од областа на иновациите од утре ќе можат да аплицираат за финансиска помош со кофинансирање преку првата програма на Фондот за иновации и технолошки развој за која се одвоени 600.000 евра. „За планираните четири инструменти за годинава на Фондот за иновации и технолошки развој се предвидени 2.280.000 евра, а генерално за функционирање на Фондот 10 милиони евра,“ рече денеска на прес-конференција вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски. Со првиот инструмент за кој ќе биде објавен повик утре, се предвидени кофинансирани грантови за 20-ина проекти на старт-ап и спин-оф…

повеќе...