После дожд – сонце

По дождливата ноќ во Охрид и слабата снежна покривка на Петрино, сонцето и тоа како беше добредојдено. Голем број охриѓани излегоа на прошетка, а вообичаена слика на каналот „Студенчишта“ за време на викендите се и рибарите. Според УХМР, и утре не очекува претежно сончево, но малку потопло време, попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува умерен, во западните делови засилен западен ветер, особено изразен на планините. Во текот на ноќта во западните и северните делови ќе има слаб локален дожд, а на планините снег.  WebOhrid

повеќе...

СДСМ Дебрца: Кој одобри да се копа по заштитниот насип од каналот на река Сатеска?

Општинската организација на СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Според Проектот за изградба на фекалната канализација која треба да го поврзе селото Мешеишта со Колекторскиот систем за заштита на Охридското езеро, која е во тек и кој се финансира со средствата од заемот од Светска банка трасата на канализационата мрежа требаше да поминува во самото подножје на заштитниот насип од регулираниот канал на реката Сатеска. Од приклучокот во колекторот се до пред селото Требеништа се копаше според проектот, во подножјето на насипот, а во понатамошната делница од…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески во обиколка на пешачката патека кај каналот Студенчишта

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески попладнево беше на увид на патеката кај каналот Студенчишта каде во тек се подготвителните активности зареконструкција на првиот и третиот дел од патеката. Во моментов теренот се чисти и се обележува трасата по која што ќе се движи патеката по што ќе започната градежните активности.Многу наскоро ќе почне реконструкцијата на третиот дел од патеката каде најпрво ќе се поставува атмосферската канализација, водоводна и електрична инсталација. Третиот дел од патеката ќе ги содржи истите инфраструктурни компоненти кои веќе се изградени во вториот дел. Во овој дел…

повеќе...

Интензивно се работи на пешачката патека кај Студенчишта

Во поодмината фаза се градежните работи за најубавата и најатрактивна пешачка, велосипедска и патека за ролери која се гради од каналот Студенчишта кон некогашниот хотел „Парк“. Во моментов надлежните служби на општина Охрид работат на поплочување на велосипедската патека со висококвалитетни гранитни плочки а веќе се поставени и фундаментите за осумте канделабри коишто ќе се наоѓаат на средината од пешачката патека. Исто така на просторот се поставени и фундаментите за осовинско и странично осветлување. На овие активности им претходеше тампонирање на просторот, поставување на ивичници а целосно се реализираа и…

повеќе...

Во Дебарца се спроведува акција за чистење на одводни канали

Од страна на ЈКП „Дебрца“ деновиве се спроведува акцијата за чистење на каналите низ населените места во општина Дебарца. Исчистени се каналите во с.Злести, с.Оровник во тек е чистењето во с.Горенци. Исто така активностите ќе продолжат и во наредните денови каде ќе бидат опфатени сите села и ќе се решат долгогодишните проблеми со кои се соочуваат жителите на Дебарца.

повеќе...