Запалени контејнери кај Лабино

Дежурните екипи на ЈП „Охридски Комуналец” повторно затекнаа два комплетно изгорени контејнери, овој пат кај плажата Лабино. Овие контејнери се користеа од страна на угостителските објекти на потегот од Св. Софија до Канео. Од претпријатието апелираат да не се уништуваат јавните добра и јавната опрема, затоа што ако се продолжи, истите ќе бидат повлечени од употреба.

повеќе...

Ставени во употреба подземните контејнери

ЈП „Охридски Комуналец” ги пушти во употреба првите три подземни контејнери во оваа општина, лоцирани кај паркот во централното градско подрачје. Контејнерите се со капацитет од 3 метри кубни, и ќе овозможат осовременување на системот за складирање, селектирање и подигнување на комуналниот отпад, како и поголема комунална хигиена особено во летниот период кога има поголема фреквенција на движење и се генерираат поголеми количини на отпад. Граѓаните кои ги користат овие контејнери треба да го селектираат отпадот. Во нив треба да се депонира само комунален отпад, додека хартијата треба да се…

повеќе...