Царинската управа ја продолжува акцијата за контрола на употреба на бандероли за акцизни стоки

На 26-ти и 27-ми ноември повеќе тимови на Царинарница Битола за контрола на обележување и употреба на контролни марки – бандероли извршија контрола на 7 малопродажни и 22 угостителски објекти, кои вршат промет со акцизни добра на територијата на општините Прилеп, Битола, Охрид, Струга и Вевчани. При 5 одделни наоди кај правни лица – угостителски објекти во Битола, Охрид и Струга се привремено задржани 26,2 литри ракија и вкупно 8,75 литри други алкохолни пијалоци – узо, виски и амарето. При 1 наод кај правно лице – продавница во Прилеп се…

повеќе...

Одземени рибарски мрежи – продолжуваат акциските контроли на Езерската полиција

Повеќе рибарски мрежи во вкупна должина од околу 2000 метри, сто парчиња риба Охридска белвица, едно кајче и повеќе примероци на риболовен алат, прибор и друга опрема, се пронајдени и одземени при патроли на полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“. Акциските контроли на езерската полиција се реализираа пред два дена во соработка со инспектори од Државниот инспекторат за земјоделие по целата должина на северо-западната езерска гранична линија но и во останатиот дел од територијалните води на езерскиот басен. Акциите беа координирани со полициски службеници од полициската станица за граничен…

повеќе...

Експерти од Република Турција одржаа обука во областа на контролата и истрагите

Деновиве, во просториите на Царинска управа, врвни експерти од Царинската администрација на Република Турција одржаа обука во областа на контролата и истрагите. Обуката е резултат на добрата билатерална соработка помеѓу царинските служби на Македонија и Турција. За време на обуката споделени беа искуствата и практиките на земјите во областа на контролите и истрагата, моменталната состојба и потребите и очекувањата за во иднина. Покрај ова, разгледани беа конкретните резултати од успешно воспоставената соработка во полето на размена на информации и беа разменети мислења и предлози за нејзино продлабочување во иднина.

повеќе...

Засилени акциски контроли во Охрид и Струга

Три лица се исклучени од сообраќај и времено им се одземени возачките дозволи поради управување автомобил под дејство на алкохол при акциските контроли на полициската станица за безбедност во патниот сообраќај реализирани викендов во Охрид. Полициската станица од сообраќај исклучи и две лица кои управувале автомобил без да стекнат право за управување моторно возило односно без положен возачки испит. Во акциските контроли, сообраќајната полиција регистрирала и шест возачи на моторни возила кои ја пречекориле брзината на движење во населено место односно управувале автомобил со над 30 километри на час повеќе…

повеќе...

Царинската управа во контрола на продажба на акцизна стока

Вчера, повеќе тимови од царински службеници извршија контрола на продажбата на ацизна стока на повеќе зелени пазари, како и во малопродажни и угостителски објекти на територијата на Битола, Кичево и Прилеп. Неправилности се откриени во 12 случаи при што привремено се задржани вкупно 251 литар алкохолни пијалоци, од кои 243 литри домашна ракија и 8,3 литри други алкохолни пијалоци. Поконкретно, на зелените пазари во Битола, Кичево и Прилеп се откриени 7 случаи на нелегална продажба на алкохол, при што привремено се одземени 219,5 литри домашна ракија и 5,5 литри коњак.…

повеќе...

Акциски контроли за заштита од бучава во угостителски објекти во Охрид

Повеќе угостителски објекти во Охрид беа опфатени во седум акциски контроли што СВР Охрид, изминативе денови ги изврши самостојно, но и во содејство со надлежните инспекциски служби од Локалната самоуправа. Контролите беа реализирани во врска со законот за заштита од бучава и прекршоци против јавниот ред и мир со користење на музички инструменти и други технички уреди. Во содејство со инспекторатот за животна средина и комуналната инспекција, контролите беа реализирани и по пријави на граѓани кои пријавуваа нарушување на јавниот ред и мир со пеење и користење музички инструменти односно…

повеќе...

Викендов зајакната сообраќајна контрола во Куманово

На подрачјето на СВР Куманово во текот на викендот спроведени се зајакнати акциски контроли од областа на сообраќајот, при што од страна на полициските службеници од ПС за БПС контролирани се вкупно 259 возачи и возила. Од извршената контрола констатирани се 80 прекршоци од Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата и Закон за возила. Загрижувачки е податокот дека најголемиот број на прекршоци се констатирани за управување на возило под дејство на алкохол и тоа во 50 случаи и 8 прекршоци за управување на возило пред стекнување право за управување…

повеќе...

Приведени странски државјанки при контрола на тетовски локали

Во текот на викендов по претходно добиени оперативни сознанија од страна на инспекторите при Регионалниот центар за гранични работи Север, извршена е акциска контрола во ноќен бар „Енерџи Клуб“ лоциран на регионалниот пат Тетово-с.Сарачино, сопственост на А.М.(33), од Тетово. Од извршената контрола во угостителскиот објект, затекнати се 10 странски државјанки од кои девет од Р.Србија: Ј.С.(27), М.М.(23), К.С.(28), Ј.Т.(21), М.А.(23), С.М.(30), С.М.(27), Т.Т.(25), А.С.(23), С.Г.(20) од Р.Албанија , како и три државјанки на Р.Македонија В.М.(36), Н.К.(32) и Г.М.(37), како работат незаконски во угостителскиот објет. Во објектот се затекнати и сопственикот…

повеќе...

ОИЕ спроведе контрола на квалитетот на работењето на ветеринарните друштва во РМ

Tим на експерти од Меѓународната организација за здравствена заштита на животните – ОИЕ, во петокот го одржаа завршниот состанок со првите луѓе на Агенцијата за храна и ветеринарство, во рамки на акцијата за оценка на квалитетот на работењето на ветеринарните служби во Република Македонија и нивната усогласеност со меѓународно прифатените стандарди на ОИЕ. Контролата, на барање на Агенцијата за храна и ветеринарство како контакт точка за нашата земја за ОИЕ, се спроведе од 2 до 13 овој месец. Како што беше истакнато на состанокот, контролата на квалитетот на работата на…

повеќе...

Царинската Управа во контрола на правилна употреба на контролни мерки за акцизни добра

Во текот на мај 2015 година, Царинската управа на Република Македонија, согласно своите надлежности кои што произлегуваат од Законот за акцизите, изврши контрола на обележување и употреба на контролни марки – бандероли во малопродажни и угостителски објекти кои вршат промет со акцизни добра. Од досега извршените контроли неправилности се откриени во 6 трговски друштва при што привремено се задржани акцизни добра – алкохолни пијалоци. При контрола на 2 трговски друштва (1 угостителски и 1 малопродажен објект) откриени се шишиња со домашна ракија кои воопшто не биле означени со контролни марки,…

повеќе...