Ќе се реконструира Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани

Градежните работи ќе се реализираат во две фази. Во првата ќе се реконструираат дрвенаријата и фасадата на Центарот, а во втората фаза внатрешноста на Центарот, кој е изграден во далечната 1950 година … Со буџетски средства на Министерството за култура ќе се реконструира зградата на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани. Градежните работи ќе се реализираат во две фази. Во првата ќе се реконструираат дрвенаријата и фасадата на Центарот, а во втората фаза внатрешноста на Центарот, кој е изграден во далечната 1950 година. „Според планирањата, се надевам дека до…

повеќе...

Мисајловски: Се градат 123 социјални станови во Гостивар, Кочани и Македонски Брод

За две години во Гостивар ќе бидат изградени нови 70 социјални станови. Покрај во Гостивар, 43 станови за лица од социјални категории се градат во Кочани, а 10 во Македонски Брод, изјави денеска министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски. Во тек на увид на градежните активности Мисајловски рече дека инвестицијата во новата зграда во Гостивар изнесува 84 милиони денари, како дел од Програмата на Владата за изградба на станови за социјално ранливи категории граѓани. Како што рече Мисајловски, станува збор за зграда со две ламели со 70 станови што…

повеќе...

Ќе се гради експресен пат Штип-Кочани, обезбедени средства од ЕБОР

Македонија доби од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) дополнителни 21 милион евра со кои се овозможува, наместо реконструкција на постоечкиот, изградба на нов експресен пат од Штип до Кочани. Договорот денеска во Лондон го потпишаа вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, првиот потпретседател на Банката Фил Бенет и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Александар Стојанов. Експресниот пат ќе биде со должина од 28 километри и ќе има четири ленти. Ќе се зголеми безбедноста на сообраќајот, а ќе се влијае и на заштита на животната средина.…

повеќе...

Лице од Кочани лишено од слобода поради тешка кражба

Утрово во 00,05 часот на Граничниот Премин „Табановце“ на влез во РМ, од страна на полициски службеници лишен е од слобода Н.А.(48) од Кочани, затоа што при проверка утврдено е дека евидира по телелеграма за издржување казна затвор во траење од 6 месеци за сторено кривично дело „тешка кражба”. Во 03,45 часот, лицето е предадено на полициски службеници од СВР-Куманово за понатамошна постапка.

повеќе...