Традиционална крводарителска акција за празникот Св.Климент

Традиционалната крводарителска акција која во организација на Црвен крст Охрид секоја година се одржува за празникот Св.Климент, и оваа година ќе се реализира во ОУ „Св.Климент Охридски“ во Охрид и тоа на 8 август (вторник) во периодот од 19-24 ч. и на 9 август (среда) во периодот од 9-13 часот. Се покануваат сите хумани сограѓани и гости да ја искажат својата хуманост дарувајќи крв на оваа крводарителска акција.

повеќе...

Студентска крводарителска акција во ФТУ

Во рамки на одбележување на Неделата на Црвениот крст под мотото „НАСЕКАДЕ ЗА СЕКОГО“, Црвен крст Охрид денес, од 10-14 ч. на Факултетот за туризам и угостителство ќе организира студентска крводарителска акција. Се покануваат студентите на двата факултети во Охрид, но и секој кој сака да ја искаже својата хуманост дарувајќи ја драгоцената течност да бидат активни учесници на оваа крводарителска акција. „Особено ги охрабруваме и апелираме до оние кои имаат крвна група АБ негатив, да даруваат крв на оваа акција, која ќе се употреби за операција на наш сограѓанин.“ –…

повеќе...

Утре во ФТУ ќе се одржи крводарителска акција „Разбуди го крводарителот во себе!“

Црвен крст Охрид ги заокружува активностите во делот на крводарителството насочени кон прибирање на доволни количества на крвни единици за 2016 година, со организирање на редовна крводарителска акција на ФТУ Охрид која ќе се реализира утре, 20 декември (вторник) од 10:00 до 14:00 часот во Факултетот за туризам и угостителство. Од Црвен крст Охрид ги покануваат студентите од двата факултети во Охрид, да учествуваат на крводарителската акција, но и сите останати хумани луѓе кои сакаат и можат да издвојат 5 минути за да даруваат крв и спасат човечки живот.

повеќе...

Утре крводарителска акција во ОСУ „Св.Климент Охридски“

Во рамките на своите активности за обезбедување на доволни количества крв и крвни продукти во летниот период, за потребите на пациентите во здравствените установи во Охрид, Црвен крст Охрид организира крводарителска акција која ќе се реализира утре, 28ми јуни (вторник) од 9-15 часот во просториите на ОСУ „Св.Климент Охридски“ во Охрид. Се покануваат нашите хумани сограѓани и гости да ја искажат својата хуманост дарувајќи крв.

повеќе...

Студентска крводарителска акција во Факултетот за туризам и угостителство

Во рамки на одбележување на Неделата на Црвениот крст под мотото „НАСЕКАДЕ ЗА СЕКОГО“, Црвен крст Охрид денес, од 10-14 часот во Факултетот за туризам и угостителство ќе организира студентска крводарителска акција. Се покануваат студентите на двата факултети во Охрид, да издвојат 5 минути за да даруваат крв и спасат човечки живот. Крводарителската акција е поддржана од Лајонс клуб Лихнидос.

повеќе...

Признанание за охридската Гимназија за придонес во развојот и унапредувањето на крводарителството

Во просториите на општинскиот Црвен крст со пригодна свеченост се одбележа 17-ти март, Денот на крводарителството во Македонија. На свеченоста беше доделена Плакета на ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид за придонес во развојот и унапредувањето на крводарителство.

повеќе...

Крводарителска акција во ФТУ Охрид

Црвен крст Охрид го заокружува ангажманот во крводарителството за оваа година, со организирање на редовна крводарителска акција на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид која ќе се реализира, утре (вторник) од 10-14 ч. во ФТУ. Се покануваат студентите на двата факултети во Охрид, но и сите хумани охриѓани кои сакаат да издвојат 5 минути за да даруваат крв и спасат човечки живот, да учествуваат на крводарителската акција.

повеќе...

Утре крводарителска акција во просториите на охридската гимназија

Во рамките на своите активности за обезбедување на доволни количества крв и крвни продукти во летниот период, за потребите на пациентите во здравствените установи во Охрид, Црвен крст Охрид организира крводарителска акција која ќе се реализира утре од 10-14 ч. во просториите на ОСУ „Св.Климент Охридски“ -Гимназија, во Охрид. Се поканувааат сите сограѓани и гости да ја искажат својата хуманост дарувајќи крв.

повеќе...

Полициски службеници од СВР Охрид даруваа крв

Петнаесет полициски и други службеници од Секторот за внатрешни работи Охрид денес доброволно даруваа крв во рамките на акцијата што претпладнево се одржа во службените простории на СВР Охрид. Оваа хумана активност е во рамките на традиционалната соработка што СВР Охрид ја има со Републичкот завод за трансфузиологија и Црвениот крст од Охрид. Според предвидената динамика, предвидени се најмалку три вакви акции за дарување на драгоцената течност и собирање на крвни единици. На овој начин и припадниците на полицијата даваат активен придонес во промоција на крводарителството како хумана човечка вредност…

повеќе...

Учество на СДСМ во хуманитарната акција на САД

СДСМ се вклучи во крводарителната акција и акцијата за донирање на храна што ја организираа Американската амбасада во Скопје и Црвениот крст на Република Македонија, за одбележување на 11 септември – Денот кога се случија трагичните настани во 2001 година во САД.

повеќе...