Во тек е крводарителската акција во Центарот за култура „Григор Прличев“

Се бара кревет повеќе за да се дарува крв на денешната крводарителска акција што во организација на Црвен крст Охрид во соработка со Тамаро маркети се реализира во Центарот за култура „Григор Прличев“. Вработените во маркетите Тамаро, предводени од своите директори беа првите хуманисти, крводарители кои ја отворија денешната крводарителска акција. Од Црвен крст Охрид, се надеваат дека сите хумани охриѓани ќе го следат овој пример и ќе се приклучат на крводарителската акција, а воедно и ги покануваат на забава и дружба зачинета со дегустација на производи од маркетите Тамаро…

повеќе...

Традиционална крводарителска акција за празникот Св.Климент

Традиционалната крводарителска акција која во организација на Црвен крст Охрид секоја година се одржува за празникот Св.Климент, и оваа година ќе се реализира во ОУ „Св.Климент Охридски“ во Охрид и тоа на 8 август (вторник) во периодот од 19-24 ч. и на 9 август (среда) во периодот од 9-13 часот. Се покануваат сите хумани сограѓани и гости да ја искажат својата хуманост дарувајќи крв на оваа крводарителска акција.

повеќе...

Утре во ФТУ ќе се одржи крводарителска акција „Разбуди го крводарителот во себе!“

Црвен крст Охрид ги заокружува активностите во делот на крводарителството насочени кон прибирање на доволни количества на крвни единици за 2016 година, со организирање на редовна крводарителска акција на ФТУ Охрид која ќе се реализира утре, 20 декември (вторник) од 10:00 до 14:00 часот во Факултетот за туризам и угостителство. Од Црвен крст Охрид ги покануваат студентите од двата факултети во Охрид, да учествуваат на крводарителската акција, но и сите останати хумани луѓе кои сакаат и можат да издвојат 5 минути за да даруваат крв и спасат човечки живот.

повеќе...

Крводарителска акција во ФТУ Охрид

Црвен крст Охрид го заокружува ангажманот во крводарителството за оваа година, со организирање на редовна крводарителска акција на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид која ќе се реализира, утре (вторник) од 10-14 ч. во ФТУ. Се покануваат студентите на двата факултети во Охрид, но и сите хумани охриѓани кои сакаат да издвојат 5 минути за да даруваат крв и спасат човечки живот, да учествуваат на крводарителската акција.

повеќе...

Утре крводарителска акција во просториите на охридската гимназија

Во рамките на своите активности за обезбедување на доволни количества крв и крвни продукти во летниот период, за потребите на пациентите во здравствените установи во Охрид, Црвен крст Охрид организира крводарителска акција која ќе се реализира утре од 10-14 ч. во просториите на ОСУ „Св.Климент Охридски“ -Гимназија, во Охрид. Се поканувааат сите сограѓани и гости да ја искажат својата хуманост дарувајќи крв.

повеќе...

Полициски службеници од СВР Охрид даруваа крв

Петнаесет полициски и други службеници од Секторот за внатрешни работи Охрид денес доброволно даруваа крв во рамките на акцијата што претпладнево се одржа во службените простории на СВР Охрид. Оваа хумана активност е во рамките на традиционалната соработка што СВР Охрид ја има со Републичкот завод за трансфузиологија и Црвениот крст од Охрид. Според предвидената динамика, предвидени се најмалку три вакви акции за дарување на драгоцената течност и собирање на крвни единици. На овој начин и припадниците на полицијата даваат активен придонес во промоција на крводарителството како хумана човечка вредност…

повеќе...