Интересот за проектот „Купи куќа за млади“ ги надминува очекувањата

Интересот за проектот „Купи куќа за млади“ ги надминува очекувањата. Граѓаните секојдневно се информираат во подрачните канцеларии за можностите кои ги нуди овој проект, додека канцеларијата во Министерството за финансии дневно ја посетуваат околу 80 лица. Голема е и посетеноста на презентациите на караванот кој го организира министерството, каде граѓаните во директна комуникација со надлежните, но и банкарите, се информираат за проектот. Стручните тимови на Министерството за финансии, вчера одржаа презентации во Кавадарци, Неготино и Демир Капија, а а следните презентации треба да се одржат во Струмица, Радовиш, Тетово, Гостивар,…

повеќе...

„Купи куќа за млади“: Иницијативата на Груевски со одлични резултати

Теренските посети на Никола Груески и редовните средби со жителите на општините ширум државата, го покажуваат огромниот интерес на граѓаните за проектот „Купи куќа за млади“. Со проектот „Купи куќа“ под исклучително поволни услови се овозможува младите до 35 години да си го решат стамбеното прашање и да дојдат до свој дом, до своја куќа. Овој проект е надграден со дополнителна иницијатива која ја поведе Никола Груевски, општините раководени од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, да понудат парцели за изградба на типски населби, со најмалку или повеќе од сто куќи, каде младите…

повеќе...

Саем на градежништво со богата понуда на плацови за „Купи куќа за млади“

Градежништвото е столб на македонската економија. Минатата година за 9 месеци оствари раст од 12 проценти и се очекува ваквиот тренд да продолжи и во наредниот период. Градежните компании во првите месеци од годинава бележат раст на продажбата на станови, а очекуваат придонес кон ова да дадат и владините проекти „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“, беше истакнато денеска на отворањето на Саемот на градежништво. До 5 март на едно место граѓаните ја имаат понудата од над 3000 станови и над 3000 државни плацови на Саемот за…

повеќе...

Во Охрид презентиран Проектот „Купи куќа за млади“

Во организација на Министерството за финансии и општина Охрид, поладнево се одржа јавна презентација на проектот „ Купи куќа за млади“ . Во преполната голема сала на општина Охрид, беа претставени погодностите на проектот и условите за аплицирање, а секретарот на општина Охрид Димитар Спасески ги образложи преземањата на Локалната самоуправа за понудата на плацеви и други форми за полесно решавање на стамбеното прашање на младите. „Се работи за исклучително важен проект кој на младите им нуди трајно и со најповолни услови и погодности да го решат стамбеното прашање.Проектот овозможува…

повеќе...

Презентација на „Купи куќа за млади“ во Охрид

Министерството за финансии и општина Охрид на 24-ти февруари (среда) во големата сала при општината со почеток во 17 часот ќе одржат јавна презентација на проектот „Купи куќа за млади“. На средбата ќе се дискутира кои се условите за купување куќа и каде младите може да најдат државни плацеви. На средбата меѓу другото ќе стане збор и за понудата на плацеви за таа намена во Охрид, оние кои во моментот општината ги има предвидено за таа намена или кои ќе ги понуди во блиска иднина. Се покануваат сите заинтересирани граѓани…

повеќе...

Мајка сама пријавила дека ги запалила становите на синот во Охрид и Битола

Вчера во 21.00 часот во СВР Охрид дошла Љ.К. (54) од Битола и пријавила дека лично самата се обидела да ги опожари становите на нејзиниот син З.К. (30) од Битола, лоцирани на ул. „Момчило Јорданоски“ во Охрид и на ул. „Питу Гули“ во Битола. Пожарите биле изгаснати од страна на ТППЕ Битола, односно ТППЕ-Охрид. Увид извршиле екипи од ОКТУПА при СВР-Битола и ОКТУПА-Охрид. Притоа било утврдено дека во станот во Битола целосно се изгорени аголна гарнитура за седење и тепих во дневната соба, тепих во ходник, а оштетена и опожарена е…

повеќе...

Од утре почнува караванот „Купи куќа, купи стан“

Од утре стартува Караванот „Купи куќа, купи стан“ во рамки на кој низ 30 општини низ Македонија ќе се одржат презентации за проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“. Презентации утре ќе се одржат во 17 часот во театарот во Гевгелија, Домот на културата во Валандово и во општината во Дојран. Караванот секоја недела ќе посетува по повеќе општини меѓу кои Велес, Свети Николе, Пробиштип, Охрид, Струга, Ресен, Битола, Демир Хисар, Тетово, Гостивар, Кичево, Куманово, Кратово, Крива Паланка, Штип, Кочани, Делчево, Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Струмица, Радовиш,…

повеќе...

Општински урбанизирани плацеви за проектот „Купи куќа за млади“

Секоја општина која е заинтересирана може да аплицира на огласот од Министерството за транспорт и врски, за изработка на урбанистички планови за изградба на објекти наменети за “Купи куќа за млади“. Огласот трае до 10. 02. 2016 година, а од Министерството за транспорт и врски информираат дека ќе ги субвенционираат урбанистичките планови. Очекувањата се, секоја општина да урбанизира локации за најмалку 100 куќи. Општински урбанизирани плацеви за проектот “Купи куќа за млади“ За новиот проект “Купи куќа за млади“, за кој веќе се донесоа законски измени се предвидува во секоја…

повеќе...

Од утре ќе може да се аплицира за „Купи куќа за млади“

Од утре граѓаните ќе можат да аплицираат за проектот „Купи куќа за млади“. Денеска Собранието ги усвои измените на Законот за субвенционирани станбени кредити со кои се создадоа услови за спроведување на овој проект. „Со овој проект ќе се даде голема поддршка за младите луѓе во Република Македонија за решавање на едно од клучните прашања во животот, а тоа е стекнување на сопствен дом што е основа за натамошно формирање на семејство и напредок во животот. Затоа сметаме дека ваков проект е потребен и дека ќе наиде на голем интерес.…

повеќе...

Нов владин проект „Купи куќа за млади“ – субвенции за куќа за лица до 35 години

„Купи куќа за млади“ е новиот проект на Владата со цел обезбедување поддршка за нова куќа на лица до 35 години без оглед на брачниот статус, како и за зголемување на наталитетот, преку можност за избор на два модела за субвенционирање“, информира денеска на прес-конференција во Владата премиерот Никола Груевски. Со првиот модел, како што рече, за кредит до 20 години и максимален износ до 50 илјади евра државата ќе ја субвенционира месечната рата 11 години, во првите осум години 80 проценти од нејзиниот износ, а во останатите три години…

повеќе...