Бесплатни проекти за изградба на куќа од денеска можат да се подигнат од Министерството за транспорт и врски и од веб страницата www.mtc.gov.mk. Со владината мерка се овозможува субвенционирање од 900 до 2.000 евра преку обезбедување бесплатен проект за изградба на објекти за домување. – Проект ќе добие секој кој е заинтерсиран и нема ограничување на локацијата за градење, информира денеска на прес-конференција ресорниот министер Владо Мисајловски. Преку јавен конкурс Министерството за транспорт избрало идејни решенија со изработен проект за шест типа објекти со различна површина. – Се работи за…
повеќе...Tag: куќа
Презентација на проектот „Купи куќа, купи стан
Oхриѓани, во среда на 9 октомври 2015 година, во големата сала на општина Охрид, со почеток во 17 часот, ќе имаат можност по втор пат да се информираат за субвенцијата за купување на стан или куќа, во рамки на караванот на проектот „Купи куќа, купи стан“ . Караванот „Купи куќа, купи стан” има цел да го приближи проектот до сите заинтересирани граѓани низ Македонија. Екипата составена од претставници од Министерството за финансии, банките и локалните градежни компании, на заинтересираните ќе им ги објаснува сите детали и постапки, како преку овој…
повеќе...Од септември продолжува караванот „Купи куќа, купи стан“
Од септември повторно почнува караванот „Купи куќа, купи стан“ што го спроведува Министерството за финансии со цел одблизу да ги запознае граѓаните со можностите што ги нуди овој проект. Караванот почнува на 2 септември во Штип, а потоа секоја среда ќе бидат посетени други градови низ државата. „Целта ќе ни биде да одиме во оние места каде претходно не сме поминале, а тоа се пред се Тетово, Струмица, Куманово, Велес и неколку други градови, но ќе ги посетиме по вторпат и Охрид, Прилеп и други места каде постоеше добар интерес…
повеќе...Конзервација на Куќата на Ајри Доко во Охрид
Проект за факсимилна обнова на објектот од староградската охридска архитектура познат како Куќата на Ајри Доко, лоциран на улицата „Цар Самуил“ во Охрид реализира Министерството за култура во соработка со Заводот за заштита на спомениците и музеј – Охрид, а во рамки на програмата за заштита на културното наследство. Досега, соопшти Министерството за култура, се завршени градежните активности на надворешноста, а во тек е ентериерното уредување на овој објект кој е типичен пример на архитектура од 19 век, што е предвидено да заврши до крајот на август. „Во изминатите години…
повеќе...Босанец и Срби краделе во охридски хотел
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Л. (38), босански државјанин и против В.Р. (65) и Р.С.(51) српски државјани поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „кражба“. На 22-ри јули, во периодот од 00,30 до 03,00 часот во Охрид на ул. „Петар Чаулев“ во хотел „Ди Англо“ пријавените во згодна прилика извршиле две кражби во соби на фински и американски државјани, при што одзеле девизни средства, денари, мобилни телефони, камери и други предмети со што се стекнале со противправна имотна корист од околу 47.000 денари. Од страна на…
повеќе...Научна и уметничка визита 2015 во куќата на Уранија
Во организација на Македонската академија на науките и уметностите во јули и август се одржува Научната и уметничка визита 2015 во куќата Уранија во Охрид. На истата ќе се одржуваат изложби, промоции и научни трибини. НАУЧНА И УМЕТНИЧКА ВИЗИТА 2015 ОХРИД, КУЌАТА НА УРАНИЈА 25 ЈУЛИ (САБОТА), 19,00 ЧАСОТ ПРОМОЦИЈА д-р Сашо Цветковски ИКОНИТЕ НА ДИЧО ЗОГРАФ ОД ЦРКВИТЕ ВО ДЕБАР И МАЛА РЕКА Промотор: акад. Цветан Грозданов 26 ЈУЛИ (НЕДЕЛА), 20,00 ЧАСОТ ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „МАКЕДОНСКАТА ГЛАГОЛИЦА“ приредена од акад. Ѓорѓи Поп-Атанасов Обраќање на проф. д-р Стефан Санџаковски Промотор: проф. д-р Илија Велев ИЛУСТРАТИВЕН ПРИКАЗ НА МАПАТА…
повеќе...Обнова на фасада на објект од старата градска архитектура во Охрид
Со финансиска поддршка од Министерството за култура, во тек се активностите за обнова на фасадата на уште еден објект од старата градска архитектура во Охрид. Станува збор за објект на улицата „Св. Климент Охридски“ бр. 4 во Охрид во кој е сместено Радио Охрид. Проектот за обнова на фасадата на овој значаен објект од охридската староградска архитектура го изработија стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј од Охрид, а неговата реализација треба да започне до крајот на јуни 2015 година. Станува збор за објект кој…
повеќе...Двајца прилепчани затекнати при обивање на блиндор врата во Охрид
Поради постоење основи на сомнение за сторени дванаесет казнени дела „тешка кражба“, Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против К.Р.(44) и Д.М(43) двајцата од Прилеп. Полициските инспектори, на 21 мај оваа година околу 12 часот, ги затекнаа двајцата пријавени при употреба на подесен алат и обивање на блиндор врата во стан на петтиот кат на улицата „Мирче Ацев“ во Охрид. При личен како и претрес во нивното патничко моторно возило, пронајдени се инбус клучеви, мини метална округла шипка, една мини плосната шипка, една метална пинцета, два скалпери, еден…
повеќе...Од утре стартува караванот „Купи куќа, купи стан“ во Охрид
Во рамки на Карванот „Купи куќа, купи стан“ утре во Охрид Министерството за финансии заедно со претставници на банките и локални градежни компании ќе одржат презентација на проектот: како да се аплицира за субвенциите, кој може да аплицира и локална понуда на станови и куќи. Настанот ќе се одржи во Општината (голема сала). Се повикуваат сите заинтересирани граѓани за проектот да дојдат на презентацијата. Карванот „Купи куќа, купи стан“ секоја недела продолжува во друг град: Битола, Прилеп, Гевгелија, Струмица, Штип, Тетово, Велес и Куманово.
повеќе...Доделено 500-то решение од проектот „Купи куќа, купи стан“
Министерството за финансии денеска го додели 500-тото решение од проектот „Купи куќа, купи стан“ со кој Владата преку субвенционирање им помага на граѓаните да дојдат до сопствен дом. Решението на тричленото семејство Димовски, кое 15 години живеело под кирија, им го врачи вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. „Велигденските празници се период кој вообичаено го поминуваме со семејството и во домот и уште повеќе се потврдува тоа дека вистинското богатство на секој човек е семејството, домот и хармонијата. Затоа ми е мило што во оваа велигденска недела имав можност…
повеќе...