Трета медиумска лабораторија во Охрид

Четириесетина ученици од охридската гимназија „Св. Климент Охридски“ учеа како се прави весник и како се пишуваат вести. Предавањето за основите на новинарството го реализираа предавачи на Високата школа и новинари во дневниот весник „Нова Македонија“. Овие еднодневни работилници се организираат за да им се доближат на младите професионалните новинарски стандарди и процесот на креирање вести. Организатори се „Нова Македонија“ и Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, а реализацијата е овозможена со поддршка на Европската Унија.

повеќе...

Тодоров: Француски лаборатории ги потврдија наодите за листерија од македонските институции

Две реномирани француски референтни лаборатории ги потврдија наодите за листерија од македонските институции, информира министерот за здравство Никола Тодоров на денешната прес-конференција. Тој посочи дека вчера официјално ги добиле резултатите од Институтот „Луј Пастер“ од Париз и референтната лабораторија „Ансес“ исто така од Париз кои ги потврдиле резултатите од изолатите од храна за листерија, односно потврдиле дека причина за појава на листеријата била свинскиот врат на компанијата „Екстра меин“ од Куманово. „Денеска резултатите од двете лаборатории ги потврдија наодите добиени во лабораторијата при Ветеринарниот факултет. Се работи за потполно идентичен…

повеќе...

Студентите на ФИНКИ добија лабораторија за клауд компјутинг

На Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство денеска беше промовирана лабораторија за клауд компјутинг. На промоцијата присуствуваа претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, како и заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски. „Со новата опрема студентите ќе може да ги развиваат своите знаења за создавање клауд компјутинг и да ги извршуваат сите процеси поврзани со тоа“, рече Груевски. Опремата ќе им помогне на студентите и при создавање магистерски  и докторски трудови, истакна Груевски.  Во иднина предвидена е соработка со…

повеќе...