Груевски: Трајно се решава проблемот со лековите за ретки болести

Во финална фаза е решавањето на проблемот со лековите за ретки болести. Од вкупно 21 лек колку им се потребни на пациентите, 11 се стасани и распределени, шест се во фаза на распределба, а четири се во фаза на набавка. На ваков начин трајно ќе се реши проблемот на пациентите со ретки болести, бидејќи мерката не е еднократна. Годишно за неа ќе се издвојуваат по околу 3,7 милиони евра. „Ние се обврзавме да го решиме проблемот со лековите за ретките болести и можам да кажам дека сме во финишот на…

повеќе...

Македонија очекува укинување на бариерите за извоз на лекови во Албанија и вино во Србија

Укинувањето на трговските бариери со кои се соочуваат земјите на ЦЕФТА во меѓусебната размена на стоки, беше централна тема на денешната седница на Мешовитиот комитет на ЦЕФТА страните во Скопје, со која претседаваше министерот за економија Беким Незири. „Македонија има бариери за извоз на лекови во Албанија и за извоз на вино во Србија. На седницата донесовме заклучок Република Албанија во наредниот период да ја согледа можноста да направи измена на Законот за здравство во делот со кој се регулира увозот на лекови, кој предвидува лековите што се увезуваат да…

повеќе...

Намалени малопродажните цени на 434 лекови

Согласно Законот за лекови и медицински помагала и Методологијата за начинот на формирање на цените на лековите намалени се 434 малопродажни цени на лекови и максималните цени на вкупно 589 генерички и оригинатори (иновативни) лекови. Министерот за здравство Никола Тодоров на прес-конференција појасни дека ова е шсто по ред намалување на цените на лековите со кое се опфатени 228 малопродажни цени на генерички лекови и 206 иновативни лекови и оригинатори. „Намалувањето на цените на лековите е една системска реформа на Владата на Република Македонија и Министерството за здравство, која во…

повеќе...

Околу шест милиони евра заштедени со паралениот увоз на лекови

Речиси шест милиони евра се заштедени со централизираната набавка на лекови за јавните здравствени установи овозможена преку паралелниот увоз на лекови. Најголема заштеда од над два милиона евра на годишно ниво има кај лекот што се користи кај пациенти болни од леукемија, а значителна заштеда од приближно 813 илјади евра е постигната и кај лек што се користи како раствор за инектирање кај пациенти болни од карцином. Според министерот за здравство Никола Тодоров, со паралелниот увоз на лекови постигната е огромна заштеда на здравствениот буџет. „На Универзитетската клиника за хематологија…

повеќе...

Од август се проширува листата на нутритивни продукти за лица со ретки болести

Фондот за здравствено осигурување на Македонија  ја информира јавноста дека по примерот на многу европски земји излезе во пресрет на лицата со ретки болести преку проширување и воведување на нова група на нутритивни продукти на товар на Фондот. „Овозможивме нутритивни продукти за лица со ретки болести , а тоа се посебни видови на брашно, млеко и масло за јадење кои што претставуваа основна исхрана и лек за овие лица. Оваа вулнерабилна група на граѓани во својата исхрана не може да вклучи продукти кои содржат одредени протеини и масла, а без…

повеќе...

Нов пункт на Здравствен дом во Пештани

Со цел да се овозможи континуирана и достапна здравствена заштита за осигурениците но и туристите, денес во Пештани се отвори нов пункт на Здравствен дом Охрид. Ова ќе биде помошен пункт што ќе работи само за време на летната туристичка сезона, и тоа, од понеделник до петок во една смена, од 08 до 14 часот, а за време на викендите, кога напливот на туристи е зголемен, пунктот ќе работи во две смени, од 08 до 20 часот.   Како што истакна директорката на ФЗОМ, м-р Маја Парнарџиева-Змејкова, во новиот пункт во Пештани ќе работат матични лекари, кои ќе…

повеќе...

Нови измени во позитивната листа на лекови

23 генерики односно 85 заштитени имиња стануваат подостапни од 8 јули 2014 година за 250.000 осигуреници. Односно 733.000 рецепти осигурениците побрзо ќе ги реализираат. Новите промени во Листата на лекови кои паѓаат на товар на Фондот се направени по барање на лекарите, но и врз основа на анализите на ФЗОМ, според кои се оцени дека има и медицинско оправдување за новата либерализација на овие лекови од позитивната листа.  Одлуката објавена во Службен весник на РМ со број 98 од 30 јуни 2014 година,опфаќа 2 измени во делот на режимот на пропишување на одредени лекови.   1.…

повеќе...