Министерот Јолевски го отвори „Летниот Кампус 2016“

Министерот за одбрана Зоран Јолевски, со свое обраќање го отвори меѓународниот одбранбено-безбедносен проект „Летен Кампус 2016“ во организација на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје. Тој најнапред им посака добредојде на сите питомци од тринаесет земји учеснички на кампусот и на припадниците од муслиманска вероисповед им го честита празникот Рамазан Бајрам. „Да се биде заедно со припадници од другите земји присутни овде на кампусот од три континенти, членки и партнери на НАТО, ќе ве направи посилни личности. Заканите со кои сите ние се соочуваме и со кои треба да…

повеќе...

Отворена изложба на Жарко Башески во Чифте Амам и означен стартот на 37-то издание на „Скопско лето 2016“

Во прекрасниот амбиент на Чифте Амамот, синоќа во присуство на голем број посетители и вљубеници на уметноста, свечено беше отворена изложбата „Обичен човек“ на авторот Жарко Башески, во рамките на 37-то издание на културната манифестација „Скопско лето 2016“. На отворањето на изложбата пред присутните се обрати министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, која истакна дека делата на Жарко Башески е автор со исклучително творештво, со голема креативна моќ, автор кој ги надмина границите на нашиот културен простор и со својата уметност направи значителен интернационален пробив во последната деценија. „Навлегувајќи во аспектите…

повеќе...

На 1ви јули во Охрид ќе стартува „Бело лето 2016“

По примерот на светските туристички центри на која градот практично ќе работи 24 часа на 01 Јули 2016 година, по четврти пат ќе се одржи Манифестацијата „БЕЛО ЛЕТО 2016”, a во рамки на истата предвидено е и одржување на Бела Ноќ. Манифестацијата е во организација на Општина Охрид – Сектор за туризам и ЛЕР. Во рамките на манифестацијата „БЕЛО ЛЕТО 2016” предвидена е следнава програма: – 19:00, Предворје на Света Софија – Концерт на Владимир Василески Четкар Секстет, – 21:00, Настап на перкусионистичка група KARANOS waterfall drums group од Воден,…

повеќе...

Утре почнува летото

Летото во Македонија и на северната хемисфера започнува утре во 00 часот 34 минути и 20 секунди. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи зимата. Првиот летен ден e најдолг во годината и во Македонија ќе трае 15 часа и 14 минути. Синоптичарите за утре најавуваат сончево и многу топло време со температути до 38 степени. УВ индексот ќе биде 8. Летото ќе трае 93 дена, а ќе заврши на 22ри септември во 17 часот и 22 минути, кога календарски започнува есента.

повеќе...

Одделението за превенција во СВР Скопје ќе започне со реализација на Кампањата „Лето без пожари“

Одделението за превенција во СВР Скопје, ќе започне со реализација на Кампањата „Лето без пожари“, чија основна цел е превентивно делување во насока на намалување на бројот на предизвикани пожари од невнимание од страна на граѓаните, преку подигање на свеста во однос на заштита и зачувување на зелените и шумските површини, како и подобрување на личната и севкупната безбедност на граѓаните. Праксата покажува дека преземањето на проактивни превентивни мерки останува неопходно и понатаму, особено во летниот период како најризичен за појава на пожари во големи размери. Активностите во рамките на…

повеќе...

Во Велестово ќе се одржи StartQube летен камп за стартап бизниси и млади претприемачи

Како што се приближува StartQube, интернационалниот летен камп за стартап бизниси и млади претприемачи од Македонија и регионот, организаторите на настанот најавуваат се повеќе возбудливи детали за се што ќе се случува за време на настанот, програмата, слободните активности и менторите, како еден од најважните делови од StartQube. Листата се движи од успешни основачи на стартапи со огромни инвестиции, до акцелератори и инвестициски фондови, инвеститори и многу повеќе. Менторите на StartQube се добра причина да не ја пропуштите можноста да учествувате на еден несекојдневен настан кој носи дел од европската…

повеќе...

Бакрачески: Охрид ја доживува најуспешната туристичка сезона

Охрид „врие “ од гости. Продолжениот празничен викенд го преполни градов со туристи. Место повеќе се бара во хотелските но и капацитетите на приватниот сектор. Градот под Самуиловите тврдини пулсира 24 часа со полни ресторани, кафаулиња и забави на охридските плажи. Незаборавни за посетителите беа синоќешните концерти на една од најголемите регионални ѕвезди, легендарниот Здравко Чолиќ,настапот на eден од најпознатите електронски музичари од Балканот, Кирил Џајковски како и концертот на виртуозот на виолина,Стефан Миленковиќ. Според охридскиот градоначалник Никола Бакрачески бројот на гости што доаѓаат во Охрид континуирано се зголемува, а…

повеќе...

Охрид домаќин на „Алтернативно Лето“

Со поддршка на општина Охрид а во организација на Центарот за интегриран развој (ЦИРО) во петок со почеток во 17 часот кај охридскиот Скејт парк ќе се одржи голем урбан настан , „Алтернативно лето Охрид“( АЛО- Охрид). Главните компоненти на настанот се млади, музика и спорт, а целта е збогатување на охридскиот културен живот. Уникатноста на случувањето е што преку многубројни активности се настојува да се промовира урбаната култура со што ќе се придонесе кон поголема афирмација на локални артисти од алтернативната сцена. Настанот ќе започне со скејт и БМХ…

повеќе...

Хотелиерите бараат учебната година да почне на 15-ти септември

Хотелиерите бараат учебната година да почне на 15-ти септември. Тие сметаат дека во тој период туристичката сезона ќе биде подобра. Мајските случувања во земјава, јунските временски прилики ја скратија туристичката сезона и многу аранжмани беа откажани, па затоа сметаме дека од одложувањето на почетокот на учебната година на 15-ти септември бенефит ќе имаме сите, сметаат туристичките работници од Охрид и Струга. И првиот човек на ХОТАМ смета дека политичките случувања се одразиле на туризмот Претседсателот на ХОТАМ, Крсте Блажески во интервју за Прес24, тврди дека политичките случувања во земјава изминатиот…

повеќе...

Превентивна активност „Летен хепенинг 2015“

Вчера на плажа во Претор на Преспанското езеро, се реализира превентивна активност „Летен хепенинг 2015“. Активноста традиционално се спроведува секоја година за време на туристичката сезона во Преспа, а истата е дел од превентивниот проект на ПС од ОН Ресен „Безбедно на нашите плажи“, кој се реализира во партнерство со Локалната самоуправа Ресен, Црвениот Крст и бизнис заедницата. Настанот беше проследен со културно- уметничка програма, спортски активности во кои учествуваа и полициски службеници, граѓани и деца од општина Ресен, показни вежби за заштита и спасување на давеник, фаќање сторител на…

повеќе...