Не очекува топло долго лето

Најновите прогнози на познатата американска метеоролошка фирма „AccuWeather“ за претстојната летна сезона во Европа покажуваат дека во овој дел од континентот ќе биде најтопло, а летото ќе се карактеризира со високи температури и суша. Метеорологот Тајлер Рос укажува дека кон средината на летото топлотни бранови ќе го зафатат Балканскиот Полуостров, југоисточна Европа и црноморското крајбрежје. Така, оваа година летото ќе биде сосема различно од минатата година, кога беше исклучително дождливо во нашиот регион. Извор: Нет Прес

повеќе...

Стипендии за летна школа во Италија

Општина Охрид континуирано остварува одлична соработка со општина Исео од Италија и европските партнери од мрежата, откако во мај 2014 година стана член на Европската мрежа на езера и градови со езера. Соработката се одвива во повеќе области, а најмногу во реализација на заедничките партнерски проекти како што се : Проект „100 концерти” Eвропскиот партнерски проект на млади музичари од различни европски држави; Европски музички камп, подготовка и реализација на концерти во Србија- Белград и Нови Сад и Словенија- Љубљана и Блед во 2014 год. Европскиот партнерски музички проект, треба…

повеќе...

Вевчанско културно лето – 2014 повеќе од очекувањата

Со финансиска поддршка на Министерството за култура на РМ, годинава по вторпат се одржа Вевчанското културно лето – ВЕВКУЛ 2014, а по 29-ти пат Меѓународната културно-научна манифестација ,,Печалбарски денови“. Треба да се знае (и памети) дека Вевчани беше прва и единствена селска населба во нашата држава која уште во 1973 год. почна да ја организира и реализира својата културно-научна манифестација посветена на печалбарството, при тоа реализирајќи досега околу 500 програми за сите изминати четири децении од своето постоење. Од минатата година, почна да се реализира манифестацијата ВЕВКУЛ која исто така,…

повеќе...

Летно одржување на парковите и зеленилото

Охрид го задржува приматот на најубаво  хортикултурно уредени градови за што се заслужни вработените во „Паркови и зеленило” како дел од ЈП „ Охридски комуналец“ .Тие, особено во летниот период, се грижат одржување на јавните парковски површини, дрвореди и скверови и зеленилото на сообраќајниците на вкупна површина од 74.329 метри  квадратни. Комуналците се грижат за одржување на паркови со површина од 52.965 м2, скверови со 3.160 м2 , зеленило долж собраќајници  од16.854 м2 ,зеленило во жардињери со1.350 м2 , парк шуми и вонградско зеленило на 340.000 м2 и дрвореди долж…

повеќе...

Бесплатни здравствени прегледи на граѓаните на плоштадот „Чинар“

Во рамките на своите превентивни активности, медицински екипи на Центар за јавно здравје Охрид, од денес 14-ти јули па се до 18-ти јули (петок), во периодот од 18 до 21 часот на плоштадот „Чинар“ ќе вршат превентивни здравствени прегледи на граѓаните – мерење на крвен притисок, стручни совети за заштита од надворешните влијанија и високите температури.

повеќе...