Свети литургии за празнциите Успение на Пресвета Богородица и Св.Јоаким Осоговски

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на ден 27. Август 2017 година (недела), во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ Каменско – Охрид, со почеток во 17:00 часот ќе се служи празнична вечерна богослужба со опело на „Пресвета Богородица“, по повод храмовиот празник „Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица“. На вечерната богослужба ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј. На 28. Август 2017 година (понеделник), со почеток во 8:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе…

повеќе...

Литургии за Св. Петка и Св.Климент Охридски и Св.вмч. Пантелејмон

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека утре, 08. август 2017 година (вторник), во 08:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија во параклисот „Св. Петка“, во манастирот „св. Наум Охридски“ – Охрид, по повод празникот „Преп.мч-чка Параскева (Петка)“. Со литургијата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски и администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј. Истиот ден вечерта во 19:00 часот ќе се служи празнична вечерна богослужба во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ – Плаошник – Охрид, по повод празникот „Св. Климент Охридски и Св.вмч. Пантелејмон“ на…

повеќе...

Распоред на богослужби за Велигденските празници до Томина недела

РАСПОРЕД НА БОГОСЛУЖБИТЕ ЗА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ ЗА 2017 ГОДИНА 12.04.2017-ВЕЛИКА СРЕДА НАУТРO: Часови и Архиерејска Преждеосвештена литургија,едноцрквие во црквата „Св.Богородица“- Каменско, со почеток во 7 часот. ВЕЧЕРТА: Мало повечерие со канон во сите парохиски цркви во Охрид, со почеток во 17 часот. 13.04.2017-ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК НАУТРO: Утрена со Василиева Архиерејска литургија со општ маслосвет,во манастирот „Св.Климент и Пантелејмон“-Плаошник, со почеток во 7 часот. Богослужби ќе има во сите парохиски цркви во Охрид. ВЕЧЕРТА: Бдение со читање на 12 Страсни Евангелија, во сите градски цркви, со почеток во 18.30 часот. Митрополитот г.Тимотеј ќе…

повеќе...

Свети литургии за претстојните празници

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека утре (понеделник), во црквата „Св. Богородица Перивлепта“ – Охрид, со почеток во 08.45 часот ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Св.ап.и ев.Лука и Св. Констанин Кавасила“. На светата литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј (едноцрквие). На 01ви ноември (вторник), во манастирот „Св.Климент и Св.Пантелејмон“, Плаошник – Охрид, со почеток во 8.45 часот ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Преп.Прохор Пчински и прен.на мошти на Св.Јован Рилски“ на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот…

повеќе...

Утре бдение по повод празникот Цветници

Од Дебарско – кичевската епархија информираат дека утре по повод празникот Цветници ќе има Бдение со „Последование на Женихот“, едноцрквие во црквата „Св.Богородица“- Каменско, со почеток во 17 часот. Во понеделник, на Велики Понеделник ќе се одржат Часови и Преждеосвештена литургија, едноцрквие во црквата „Св.Богородица“- Каменско, со почеток во 7:00 часот. Истиот ден, со почеток во 17:00 ќе има Бдение со „Последование на Женихот“, едноцрквие во црквата „Св.Богородица“- Каменско. WebOhrid

повеќе...

Денес ќе се служи првиот „Акатист на Пресвета Богородица“ во црквата Каменско

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека денес во црквата „Света Богородица“ – Каменско, Охрид, ќе се служи првиот „Акатист на Пресвета Богородица“, со почеток во 16:00 часот, на кој ќе богослужи Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Акатист ќе има и во сите парохиски цркви во Охрид.

повеќе...

Света архиерејска литургија за празникот „Пречиста“ во Каменско

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 4-ти декември 2015 година (петок), во црквата „Света Богородица“ – Каменско, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста“, со почеток во 9:00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. На 6-ти декември 2015 година (недела), ќе биде преосветена црквата „Свети Пантелејмон“ во село Велгошти, и ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Свети Амфилохиј Икониски“, со почеток во 9:00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото…

повеќе...