Се инсталираат нови лифтови во студентските домови

Со инвестиција во вредност од 15 милиони денари се врши промена на постоечките лифтови во државните студентски домови. Предвидена е промена на вкупно осум лифтови, од кои два се во студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, каде што денес увид во активностите изврши заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски. „Ова ќе биде исклучително значајно за сите студенти зошто во минатото се соочувавме со проблеми околу функционалноста на лифтовите кои главно беа дотраени. Токму заради тоа како Влада и Министерство донесовме одлука да извршиме комплетна замена на лифтовите…

повеќе...

Лиценците ќе ги сопрат „дивите“ монтажери на лифтови и нелојалната конкуренција

Денес во Стопанската комора на Македонија се одржа состанок на Групацијата за лифтови, на која се расправаше за тековните состојби и проблеми во дејноста на монтирање и сервисирање на лифтови согласно законската регулатива и надлежностите на институциите. На состанокот освен членовите на Групацијата за лифтови, присуствуваа и претставници од Министерството за економија – Сектор за внатрешен пазар, Државниот инспекторат за техничка инспекција, Државниот пазарен инспекторат и инвеститори. Претседателот на Групацијата Димче Поповски истакна дека состанокот се одржува на барање на Министерството за економија – Сектор за внатрешен пазар, за да…

повеќе...