Заев: Граѓаните покажаа, гласот победува!

Обраќање во чест на 11 октомври Зоран Заев, претседател на СДСМ Граѓански марш “Борбата продолжува, гласот победува“ Скопје, 11.10.2016 Граѓаните покажаа, гласот победува! За правичен живот на Љулета, на Сања, на Ирена во Македонија За достоинствен живот на Васко во Македонија За успешен живот на Ивана во Македонија За спокоен живот на Ѓорги во Македонија За живот на сите нас За живот на сите нас, живот во Македонија, живот во нашата заедничка Македонија Низ овој масовен граѓански марш: -Младински марш -Марш на зрелоста -Maрш на иднината Кажавме, покажавме: Да, ние…

повеќе...

Планинарски марш на охридските гимназијалци

Во рамки на проектната активност „планинарање“, ученици од ОСУ „Св. Климент Охридски“ под менторство на проф.Наум Јамандиев, учествуваа на планинарскиот марш на планината Галичица. Тие го посетија планинарскиот дом на Асан Џура и уживаа во прекрасниот поглед од Галичица на Преспанското и Охридското Езеро. Еднодневната планинарска тура учениците ја завршија во Велестово. Планинарскиот марш традиционално се реализира два пати годишно, на пролет и на есен.

повеќе...

Во Охрид ќе се одбележи 21 септември – Светски ден на мирот

Со Резолуција на Генералното собрание на ООН од 2001 година, 21ри Септември е прогласен за Светски ден на мирот. Резолуцијата ги обврзува сите земји и држави членки на ООН, редовно и секоја година, Денот на мирот да се одбележува со соодветни програми. Во организација на Општинската организација на СБ од НОАВМ 1941-1945 и грѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца и Локалната самоуправа на општина Охрид, утре (среда) овој историски ден во Охрид ќе се одбележи со Марш на Мирот под мотото „Да градиме блокови за мир”. Маршот ќе се одвива по „Кеј…

повеќе...

Заев: Ти си таа промена, заедно за Македонија!

По повод меѓународниот ден на жената, 8-ми март, Форумот на жени на СДСМ денес во Охрид организира традиционален Осмомартовски марш под мотото „Ти си ТАА промена – Заедно за Македонија!“. Маршот започна од спортскиот центар „Билјанини извори“, а продолжи по булеварот Туристичка, низ Чаршија и  заврши на плоштадот „Св.Климент Охридски“ во Охрид. По завршување на маршот, свои обраќања имаа Координаторката на Форумот на жени на СДСМ, Цветанка Ласкова, Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски,  заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска и Претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Координаторката на форумот на жени на СДСМ, Цветанка Ласкова, ги повика жените,…

повеќе...

Традиционалниот осмомартовски марш СДСМ годинава ќе го одржи во Охрид

Традиционалниот осмомартовски марш, СДСМ годинава ќе го одржи во Охрид, в недела, на 6 март, под мотото „Ти си таа промена – заедно за Македонија“. Маршот ќе почне напладне и, според најавите, во него ќе учествуваат членовите на форумот на жени од сите градови во Република Македонија. На маршот се очекува да се приклучат и функционери и членови на највисоките партиски тела на СДСМ. Извор:meta.mk

повеќе...

Заев: На 17-ти мај голем сенароден протест за слобода на Македонија

Дел од говорот на претседателот на СДСМ,  Зоран Заев во Кавадарци. Во Уставот пишува дека темелните вредности на уставниот поредок се основните слободи и права на човекот и на семејството. Темелна вредност е и владеењето на правото. Со Уставот се гарантира слобода на говорот, слобода на јавното изразување, тајност на комуникациите, честа и достоинството на секој граѓанин и на секое семејство. Сето тоа што го пишува во Уставот, власта е должна да го чува. Наместо тоа, таа го има урнисано. Зарем вака, кога знаеме сè, можеме да молчиме, да шепотиме и ништо…

повеќе...

СДСМ во Охрид ќе одржи „Марш на вистината“

СДСМ утре во Охрид ќе организира „Марш на вистината“, кој ќе започне во 18:30 часот на плоштадот Крушевска република, кај чинарот. Маршот ќе заврши на градскиот плоштад, со обраќање на претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Пред протестниот марш во 14:00 часот во хотелот Ривиера во Охрид, СДСМ ќе одржи прес конференција, на којашто ќе се обрати претседателот на ОО на СДСМ Охрид, Томислав Тунтев.

повеќе...

Заев од осмомартовскиот марш: Слободата ја враќаме!

Претседателот на СДСМ Зоран Заев, се обрати на традиционалниот Осмомартовски марш под мотото „Кој род се: слободата, вистината, иднината“. „Е, ова е глетка над глетките. Е, ова е гордост над сите гордости. Е, ова е најубавата страна на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија. Нека се слушне на сите страни од Тетово до сите краишта на Македонија. Распукала Шар планина. Овој Осмомартовски марш ја испраќа силината на пораката на жените на Социјалдемократскиот Сојуз. Слободата ја враќаме. Среќен 8-ми март, дами мои. Ве гледам вака собрани, единствени, радосни, насмеани, со кренато чело. И…

повеќе...

Утре ќе се одржи мировен марш по повод Меѓународниот ден на мирот

Утре (петок), локалната самоуправа и општинската организација на сојзуот на борци ќе го одбележат 21-ви Септември „Меѓународниот ден на мирот”. Учесниците во Мировниот марш во 11 часот ќе тргнат од пред старата дирекција на „Гранит” , а централно место на прославата ќе биде на плоштадот „ Св.Климент Охридски“ каде ќе се положи свежо цвеќе на бистите на паднатите борци и илинденци во Градскиот парк, ќе се прочита пораката на Генералниот секретар на ООН Бан Ки-Мун, а ќе се обратат заменик градоначалникот Анѓел Јанев и потпретседателот на Сојузот на борци од…

повеќе...

Традиционален марш до вечниот дом на Аргир Маринчев и неговите востаници

Месната Заедница од селото Куратица во состав на одбележувањето на 111 години од Битката кај Рашанец за време на Илинденското востание, традиционално ќе го посети гробот на Војводата Аргир Маринчев и неговите востаници. Познато кај народот од околните села наречен „Гробот Аргиров”, е вечно почивалиште за еден од најистакнатите борци во текот на крвавите борби кај Рашанец и Грмешница, а за жителите на овој крај претставува најголем симбол за храброст и верност на македонските идеали од Илинденското Востание. По тој повод, во организација на Советот на месната заедница, во сабота на…

повеќе...