Матурантите од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ ја прославија матурската вечер

Матурантите од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“  го прославија завршувањето на средното образование. Тие до раните утрински часови славеа за успешно завршените средношколски денови. Честито матура!

повеќе...

Матурантите од ОУТУ „Ванчо Питошески“ ја прославија матурската вечер

Матурата е ден од соништата, ден на забава, веселба, дружење и сеќавање на убавите моменти од средното образование… Матурската забава е настан којшто се чека цела година. Матурантите од Општинското угостителско-туристичко училиште „Ванчо Питошески“ ја имаа својата матурска забава во хотелот „Силекс“, организирајќи с`е да биде совршено до најситен детал. Најпрво во украсениот училишен двор со балони се фотографираа и играа пеејќи со музиката за која се погрижија самите ученици поканувајќи свирачи а потоа поминувајќи по црвениот тепих организирано тргнаа кон х. „Силекс“ каде што беа пречекани со различни видови…

повеќе...

Матурантите танцуваа квадрил на Градскиот плоштад

Традиционално со кажување на „Заклетвата за мир“, на Градскиот плоштад, денес беше одржана „Матруската парада“. На звуците од операта „Лилјакот“ на Штраус, 330 матуранти од охридските средни училишта заедно со врсниците од повеќе градови во Македонија и неколку земји од Југоисточна Европа, во 12 часот на пладне го одиграа квадрилот. Одржувањето на годинешната „Матурска парада“ беше 11-тo по ред.

повеќе...

Матурска парада 2017

И оваа 2017 година продолжува традицијата на одржување на „Матурската парада“, во која ќе учествуваат матурантите од четирите средни училишта од Општина Охрид. На 19 мај точно во 12 часот, на градскиот плоштад Св. „Климент Охридски“ матурантите повторно ќе го танцуваат матурскиот квадрил, со своите врсници од шеесетина градови на Централна и Југоисточна Европа. На овој начин заеднички постепено, заедно со младите од година во година создаваме нова традиција во одбележувањето на матурирањето, што е во согласност со стремежите на младите за меѓусебно поврзување околу една заедничка идеја. „Матурската парада…

повеќе...

МОН: Просечната оценка за државната матура за учебната 2015/2016 година е 3,42

Оваа учебна година државна матура полагаше деветтата генерација на ученици кои го завршуваат средното училиште, истакна министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу, кој денеска ги презентираше резултатите од матурата.Тој рече дека државна матура полагале вкупно 16.859 ученици, од кои 8.729 од гимназиско образование, 7.866 од средно стручно образование и 264 од средно уметничко образование. „Прелиминарните резултати, кои се и конечни за оние кои нема да приговараат, ќе бидат објавени денес во 12:00 часот на огласните табли во училиштата и на интернет страницата matura.gov.mk. За учениците кои сметаат дека треба…

повеќе...

Завршен испит на матурантите од ОУТУ „Ванчо Питошески“

Учениците од средното угостителско-туристичко училиште „Ванчо Питошески“ од образовните профили келнер и готвач, го полагаа завршниот практичен дел од матурата. Пред комисијата и предметните професори во кабинетот за готварство, готвачите ги покажаа своите вештини во кујната за подготвување на специјалитети за предјадење, главно јадење и десерти, додека пак во кабинетот за послужување келнерите кувертираа маси за банкет, фламбираа и послужија банани, кувертираа ресторанска сала по ала карт, презентираа вештини од барменството приготвувајќи коктели и беа задолжени за нивно послужување. За матурантите последниот дел од завршниот испит не беше тежок. Со…

повеќе...

Полуматурантите од ОУ„Григор Прличев“ го прославија завршувањето на основното училиште

Деветто одделенците од ОУ„Григор Прличев“ во весела атмосфера ја прославија својата полуматурска вечер. „Радоста бликаше од нивните детски лица, но не изостанаа и солзите за нивната разделба од училиштето кое им беше девет години втор дом.“- велат од училиштето. Традиционално, облечени сите во исти маички со логото на училиштето, достојно како што доликува на нивната возраст ја прославија оваа, за нив значајна вечер. Вечерта беше збогатена со прогласување на: Првенци на генерацијата: 1. Венеса Бакреска 2. Ангела Трпческа. Пофалени ученици: 1. Анамарија Момироска 2. Емилија Дуноска 3. Тања Гроздани 4. Теа…

повеќе...

Започна полагањето државна матура

Државната матура денеска се спроведува во сите средни училишта без никакви проблеми. Матурата почна во предвидениот термин и се одвива согласно планот и динамиката, изјави заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, при посетата на Гимназијата „Јосип Броз-Тито“. Тој информираше дека резултатите од државната матура ќе бидат обезбедени триесет дена по завршување на последниот испит. Инаку денес матурантите полагаат мајчин јазик (македонски, албански и турски) и литература, кој е задолжителен за сите пријавени кандидати. За македонски јазик и литература се пријавени 10.730 кандидати, албански јазик и литература 5.424, а…

повеќе...

Матурантите од ОУТУ „Ванчо Питошески“ ја прославија матурската вечер

Матурата е ден од соништата, ден на забава, веселба, дружење и сеќавање на убавите моменти од средното образование… Матурската забава е настан којшто се чека цела година. Матурантите од Општинското угостителско-туристичко училиште „Ванчо Питошески“ ја имаа својата матурска забава во хотелот „Милениум“, организирајќи до најситен детаљ с`е да биде совршено. Најпрво во училишниот се фотографираа и играа пеејќи со музиката за која се погрижија самите ученици поканувајќи трубачи а потоа организирано тргнаа кон х. „Милениум“ каде што славеа до раните утрински часови. Со подеднаква раскошност и момчињата и девојчињата како…

повеќе...

Одржана 15-та Матурска парада на плоштадот во Охрид

Oколу 450 матуранти од четирите охридски средни училишта ОСУ „Св.Климент Охридски“, СОСУ „Св.Кирил и Методиј“, ЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ и ОУТУ „Ванчо Питошески“, беа дел од манифестацијата Матурска парада 2016. Охридските матуранти по 15-пат на плоштадот „Св.Климент Охридски“ заиграа квадрил на музика од Штраус. Настапот на матурантите го проследи и градоначалникот Никола Бакрачески кој во своето обраќање до нив упати порака во иднина да бидат успешни, но потсети и дека треба секогаш да останат чесни луѓе. „Завесата на животот е високо подигната и пред вас се отвора нов прозорец на можности.…

повеќе...