Златен медал за ученичката Христина Митреска од ОУ „Христо Узунов“ на математичка олимпијада

На ден 03.06.2017 во просториите на Машински факултет – Скопје се одржа Јуниорската македонска математичка олимпијада (ЈММО) на која учествуваа најдобрите 60 ученици до 15,5 години од нашата држава (од VII, VIII, IX одд.основно и I год. средно). Ученичката Христина Митреска (IX одд.) од ОУ „Христо Узунов“ освои златен медал, ментор Виолета Китеска. Според постигањата на сите претходни натпревари по математика за основното образование како и олимпијадите од меѓународен карактер за основно и средно образование, кои се одржаа на територијата на Република Македонија во текот на оваа учебна година ученичката…

повеќе...

Освојувачите на медали на ЕП во карате на прием во Агенцијата за млади и спорт

Освојувачите на медали на ЕП во карате во придружба на своите колеги репрезентативци, тренери и селектори, беа на прием во куќата на спортот. „Сакам да упатам честитка до сите репрезентативци, до тренерите и целокупниот стручен штаб на карате репрезенатацијата за големиот успех и да порачам дека Агенцијата за млади и спорт и понатаму финансиски и логистички ќе го поддржува карате спортот во државата. Со овој огромен успех, македонското карате продолжува да ги испишува светлите страници во својата спортска историја. Истовремено, сакам да им честитам на нашите репрезентативци, кои освоија медали…

повеќе...

Бронзен медал за ученичка од ОУТУ „Ванчо Питошески“ на Меѓу­народен гастрономски натпревар во Црна Гора

Ученичката Анастасија Чутрова од ОУТУ „Ванчо Питоше­ски“ освои Бронзен ме­дал на 11-от Меѓународен гастрономски натпревар на угостителските работници „Доживејте ги највкусните моменти“ во Будва, Црна Гора. Како дел од тимот на Гастромак – Македо­нија кој освои златен, сребрен и бронзен медал, ученичката бронзе­ниот медал го освои во категоријата: готвење мени вклучувајќи предјадење, главно јадење и десерт. Во тимот беше и Златко Танески исто така ученик од ОУТУ „Ванчо Питошески”. По Меѓународните га­строномски натревари годинава во Србија и Турција каде што Анастасија Чутрова заедно со Кристијан Китанов освоија грст сре­брени и…

повеќе...

Златен медал за Зоран Вељаноски – Летра на меѓународната Фотомедиа 2014

Меѓународното жири на 14 то биенале на фотографската уметност, Фотомедиа 2014 година, кое неодамна се одржа во Скопје на охридскиот фотограф Зоран Вељаноски Летра му додели златен медал од Фото сојузот на Македонија за колекцијата од три фотографии насловена како  „Cool bridges 1. 2, 3“. Годинава се претставија 175 автори од 35 земји од светот а изложбата на фотографии кои беа во конкуренција за награда ќе биде отворена на 13 ноември. Меѓународната изложба на фотографската уметност „Фотомедиа” се организира секоја втора година од 1988 година од страна на Фото клуб…

повеќе...

Сребро за Ина Стефановска во Софија

Македонија има свои репрезентативци во бадминтон кои може да се носат со врвни светски имиња од овој спорт, а тоа го докажаа викендов на светскиот рекетлон турнир „IWT Bulgarian International Championship 2014“ во Софија. Ина Стефановска и Петар Живковски успеаа да стигнат до финалето и полуфиналето во своите дисциплини со далеку поискусните противници со кои водеа рамноправни битки. Стефановска успеа да освои сребрен медал, а Живковски беше четврти. Во 2012-та година,на светскиот рекетлон турнир нашата земја го освои четвртото место во екипна јуниорска конкуренција, а во 2013-та два сребрени медали…

повеќе...