МНР: Македонските граѓани во Турција да останат на безбедни локации

Министерството за надворешни работи соопшти дека континуирано ја следи состојбата во Турција и е во постојан контакт со Амбасадата на Република Македонија во Анкара и Генералениот конзулат во Истанбул. Од МНР ги известуваат сите македонски граѓани кои се наоѓаат во овој момент во Турција да останат на безбедни локации, да не ги напуштаат хотелите и објектите каде што се сместени и да избегнуваат собири на јавни локации. „За сите прашања поврзани со безбедноста на македонските граѓани кои во моментот се наоѓаат во Турција, молиме да се обратите на отворените телефони…

повеќе...

Средба на МНР Никола Попоски со Харлем Дезир, државен секретар за европски прашања на Франција

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска оствари средба со Харлем Дезир, Државен секретар за европски прашања на Франција, во рамки на неговата еднодневна посета на Македонија. На средбата се разговараше за развојот на внатрешно-политичките состојби во Република Македонија, исполнувањето на итните реформски приоритети, како и мигрантската криза со која се соочува цела Европа. Министерот Попоски ја истакна подготвеноста на сите политички актери за успешно спроведување на приоритетните реформи и политичкиот дијалог и ги реафирмираше македонските ставови за кредибилитетот на европската политика на проширување. Државниот секретар Дезир ја истакна француската…

повеќе...

Средба на МНР Никола Попоски со Помошник државниот секретар на САД задолжена за Европски и Евроазиски прашања Викторија Нуланд

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски на 13-ти јули (понеделник) ќе оствари средба со Викторија Нуланд, помошник државен секретар на Соединетите Американски Држави задолжена за европски и евроазиски прашања. За време на средбата предвидено е да се разговара за досегашниот успешен развој на односите меѓу двете пријателски држави втемелени во Декларацијата за стратегиско партнерство и соработка, како и за взаемно истакнатиот интерес за нивно натамошно унапредување во сите области од заеднички интерес. Истовремено, се очекува да се потврди стратегиската определеност на нашата држава за членство во НАТО…

повеќе...

Колумна на МНР Никола Попоски за весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“

Што може да стори Грција за подобрување на својот углед? Наплив на мигранти, конфликти во соседството, голем должнички товар, недоволно наплатени даноци, загуба на работни места, општа неизвесност – доколку се праша еден просечен германски даночен обврзник денес, на која држава го асоцираат овие феномени, веројатно би ја навел земјата на Хомер. Доколку истото прашање би му се поставило на еден македонски даночен обврзник, веројатно во мислите би се навратил на деведесеттите години, кога Македонија стана независна држава и беше токму во истата ситуација: Наплив на мигранти, конфликти во соседството,…

повеќе...

МНР: Блокадите и заканите не придонесуваат за мир и стабилност во регионот

Во врска со изјавите на странските претставници од соседството и пошироко кои се однесуваат на Република Македонија, цениме дека е корисно да се имаат предвид нашите официјални ставови: – Стратешка цел на Република Македонија е да се интегрира во ЕУ и НАТО. Тоа е во интерес на сите македонски граѓани, за подобра иднина, економски развој, мир и стабилност во земјата и регионот; – Меѓуетничкиот соживот и почитувањето на културните, етничките, верските различности и на човековите права се темел на македонското општество и уставно уредување. Сите ние заедно сме обединети за…

повеќе...

Средби на МНР Попоски на министерскиот состанок на НАТО во формат „Решителна Поддршка“

Главните теми во дискусиите ги опфатија последиците од политичката криза врз европските и евро-атлантските интеграции на Република Македонија. Беше изразено сочувство за загубените животи и повредените во нападите кај Куманово, како и загриженоста од присуство и активност на опасна терористичка група во Република Македонија. Со министерот за надворешни работи на Бугарија се разговараше за безбедносните закани и потребата од отворена соработка меѓу сите земји во регионот, како и за условувањата со меѓудржавен договор кој од бугарска страна е истакнат како предуслов за поддршка на патот кон НАТО и ЕУ. Со…

повеќе...

Раководството на СДСМ се сретна со претставникот на МНР на СР Германија Ернест Реичел

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и заменик претседателката, Радмила Шекеринска, попладнето остварија средба со претставикот на МНР на СР Германија, одговорен за Југоисточна Европа, Турција и земјите на ЕТФА, Ернeст Реичел. Германскиот дипломат Реичел изрази загриженост за состојбите во земјава, продлабочените меѓуетнички oдноси и интеретнички односи и се интересираше за можностите за дијалог за решавање на отворените прашања во земјава. Раководството на СДСМ ја соопшти определбата на Социјалдемотскиот сојуз како одговорна партија да работи исклучиво за интересите на државата. Претседателот на СДСМ, Зоран Заев ги објасни 5-те барања на опозицијата…

повеќе...

Попоски се сретна со политичкиот директор на шведското МНР

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска се сретна со политичкиот директор во Министерството за надворешни работи на Кралството Шведска, Торбјорн Солстром. На средбата министерот Попоски ја истакна важноста на континуираната и проактивна шведска поддршка за европската и евроатлантската интеграција на Македонија. „Македонија е целосно подготвена да ги започне преговорите за пристапување во Унијата, согласно препораките на Европската комисија. За одржување на интегритетот и кредибилитетот на процесот на проширување на Европската унија клучен придонес имаат и земјите членки при носењето одлуки. Во актуелниот геополитички контекст особено е важно почитувањето на…

повеќе...