Општинскиот совет за безбедност со апел за одговорно учество во сообраќајот

Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата упатува апел до сите учесници во сообраќајот за внимателно, дисциплинирано, совесно и одговорно учество во сообраќајот и максимално почитување на сообраќајните правила и прописи во текот на првомајските празници, со цел зголемување и унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата во Охрид. Во услови кога во Охрид бележиме зголемената фреквенција на сообраќај, посебно во централното градско подрачје, потребно е дисциплинирано управување на патничките и други моторни возила, почитување на пропишаната брзина на движење, исклучиво користење безбедносни појаси, некористење на мобилните телефонони во…

повеќе...

Повредено едно лице во сообраќајка на „Туристичка“

Едно лице се здоби со тешки телесни повреди во сообраќајната незгода што вчера во 12 часот и 45 минути се случи на булеварот „Туристичка“ во Охрид. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здоби Б.М.(45) од Охрид, кој по булеварот, од „Охридска банка“ кон улицата „Јане Сандански“ управувал мопед марка „Кивеј“ со охридски регистарски ознаки. На критичното место, во близина на спортската сала, Б.М. изгубил контрола, преминал на десната сообраќајна лента и со предниот дел удрил во задната лева страна од паркирано патничко моторно возило марка „Пежо“ со охридски регистарски…

повеќе...

„Безбедно на мотор“ – заедничка патрола од полициски службеници и моторциклисти

Во рамките на превентивната кампања „Безбедно на мотор“, вчера Секторот за внатрешни работи Охрид реализира заедничка патрола составена од полициски службеници и моторциклисти -членови на мото клубот „Охрид“. На пресекот на булеварите „Туристичка“ и „Асном“, беше поставен сообраќаен безбедносен пункт при што на моторциклистите, возачите на велосипед со мотор и возачите на мопеди како ранлива категорија учесници во сообраќајот, им беа делени едукативни флаери со низа совети за подигнување на степенот на безбедност во сообраќајот како ефективен начин да се избегнат и намалат сообраќајните незгоди. При заедничката патрола, полициски службеници…

повеќе...

„Motociclismo” сними видео за мото-тури низ Македонија

Директорот на магазинот „Motociclismo”, Federico Aliverti ја предводеше групата од дванаесет моторџии кои сметаат дека Македонија е погодна и атрактивна дестинација за мото- туризмот. „Motociclismo” сними видео за промотивни цели кое се прикажува на нивниот веб-канал и во текот на EICMA (меѓународерн саем за мотоциклизам во Милано, Италија со повеќе од 600.000 посетители годишно). Домаќин на претставниците на “Motociclismo” беше Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Република Македонија како земја домаќин доби максимална видливост и шанса да достигне илјади посетители преку јасна порака на насловната страница на списанието и…

повеќе...

Хит за ова лето во Охрид: Селфи на моторче

Правењето селфи е хит, но за жал актуелни се и несреќите при правење селфи. Вчера, објективот на WebOhrid затекна неколку момчиња како прават селфи возејќи моторчиња, а „најдоброто“ и најлудото селфи го правеше токму возачот.  Останува да се надеваме дека ова лето во Охрид ќе помине мирно и без последици, без оглед на лудориите на гостите, па и на нашите сограѓани. WebOhrid

повеќе...

СВР Охрид: Задолжително носење заштитен шлем-кацига при управување на моторцикл

Огромна поддршка од охридските клубови на моторциклисти доби Секторот за внатрешни работи Охрид во доследната примена на законската одредба за задолжително носење заштитен шлем-кацига при управување на моторцикл. На вчерашниот координативен состанок со претставниците на охридските мото и велосипедски клубови како ранлива категорија учесници во сообраќајот, беше нагласено дека СВР Охрид во насока на зголемување на безбедноста во сообраќајот треба да манифестира пред се превентивни активности за афирмација на законската обврска за задолжително носење заштитен шлем при управување на моторцикл на патот. Беше речено дека придржувањето кон оваа законска обврска…

повеќе...

Охрид домаќин на „Балкан Рели Маратон“ 2014

Релито кое се вози по планински патеки, а според прописи и стил е како најпознатото светско рели „Дакар“ оваа година финишот ќе му биде во Охрид. Стартот на релито е денес, од Бугарија, а во Македонија доаѓа на 8 Септември на граничниот премин Делчево. Стартот ќе го означи еден од најпознатите возачи од ваков тип на рели Жан Луис Шпезер кој се очекува да пристигне и во Охрид. Предвидено е да се вози низ повеќе населени места и планински патеки низ Македонија. На меѓународниот рели натпревар ќе се возат околу…

повеќе...

Заштитниот шлем го намалува ризикот од смрт за 40, а ризикот од повреди за 70 %

„Мотоциклистите според нашите, но и според сите релевантни европски и свестски статистики и анализи спаѓаат во групата на позагрозени учесници во сообраќајот. Имено податоците покажуваат дека на свестско ниво 23 проценти од жртвите во сообраќајни несреќе се мотоциклистите, во Европа тој процент е некаде околу 12 а кај нас од бкупниот број повредени или загината околу десет отсто мотоциклисти“, изјави меѓу другото министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на денешната манифестација на плоштадот Македонија, со која беше означен крајот на кампањата „Недела на безбеденост на мотоциклистите“ што изминативе денови ја…

повеќе...

Во Охрид се одржа ревијално возење моторцикли

По повод воспитно-едукативната акција „Недела за безбедност на моторциклистите во Република Македонија“ денес напладне во Охрид  се одржа ревијално возење моторцикли. Целта на акцијата е испраќање порака за поголема безбедност на моторциклистите во сообраќајот поради нивната се поголема присутност во сообраќајот. Идејата за денешното ревијалното возење моторцикли низ градот е да се покаже заложбата на членовите на моторциклистичките клубови и здруженија на моторциклисти од Охрид за безбедно и внимателно управување моторцикл, почитување на сообраќајните правила и прописи и задолжително користење на заштитните шлемови. Членовите на неколку моторциклистички клубови и здруженија…

повеќе...

Во Охрид утре ќе се одржи ревијално возење моторцикли

По повод воспитно-едукативната акција „Недела за безбедност на моторциклистите во Република Македонија“ утре напладне во Охрид ќе се одржи ревијално возење моторцикли. Целта на акцијата е испраќање порака за поголема безбедност на моторциклистите во сообраќајот поради нивната се поголема присутност во сообраќајот. Утрешното ревијалното возење моторцикли низ сообраќајниците на Охрид што ќе почне од градскиот плоштад, треба да ја покаже заложбата на членовите на моторциклистичките клубови и здруженија на моторциклисти од Охрид за безбедно и внимателно управување моторцикл, почитување на сообраќајните правила и прописи и задолжително користење на заштитните шлемови.…

повеќе...