Бронзен медал за ученичка од ОУ „Христо Узунов“ на математичка балканијада во Бугарија

Од 24 – 29 јуни 2017 година во Варна, Република Бугарија за најдобрите математичари од 19 држави до 15,5 години (VIII, IX одд.основно и I год. средно) се одржа XXI Јуниорска Балканска математичка олимпијада (ЈБМО). Ученичката Христина Митреска ( IX одд.) од ОУ „Христо Узунов“- Охрид освои бронзен медал во конкуренција од 108 ученици. На натпреварот официјални учесници се 10 балкански држави, а другите држави се како гости натпреварувачи.

повеќе...

Златен медал за ученичката Анастасија Чутрова од ОУТУ „Ванчо Питошески“

На 12-от Меѓународен натпревар во подготовка на јадења од риба во Ниш, Србија ученичката во трета година од ОУТУ „Ванчо Питошески“, Анастасија Чутрова освои златен медал во категоријата: сениори, јадење од риба. Исто така каке дел од тимот на Македонската aсоцијација на готвачи и шефови на кујни – ГастроМак, заедно ја освоија престижната Гран-при награда како севкупен победник на натпреварот. Во различни категории, меѓу кои и филетирање риба, рибина чорба и рибин паприкаш ученичката успеа да го импресионира интернационалното жири со својата вештина и гастрономски финеси во подготовките на овој…

повеќе...

Нови успеси на учениците од ОУ „Христо Узунов“

На 29.04.2017 година се одржа Државен натпревар на народна техника во Прилеп. Ученичката Евгенија Стојановска од ОУ „Христо Узунов“-Охрид се закити со сребрен медал во областа фото-техника, под менторство на наставничката Вера Зороска. На 26-27 мај 2017 во Охрид се одржа 46-ти Државен фестивал на непрофесионален филм. ОУ „Христо Узунов“ – Охрид испрати три самостојни филмови и тоа: „Билјана платно белеше“ од ученичката Ивана Пројческа, „Живот и дело на Христо Узунов“ од ученичката Христина Митреска во категоријата документарен филм и „Охрид – место на природна убавина“ од ученичката Ивана Ванкоска…

повеќе...

Две први места на Меѓународен литературен конкурс за учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“

На 8-от Меѓународен фестивал за поезија и проза „Јанош Сивери“ во Нови Сад, ученичките во трета година Дајана Сиљаноска и Марија Петреска од ОУТУ „Ванчо Питошески“ освоија две први награди за нивните поетски творби под менторство на професорот по македонски јазик и литература, Перчо Божиновски.

повеќе...

Голем успех на учениците од ОУ„Григор Прличев“ на Државниот натпревар по Природни науки

Учениците од одделенска настава од V и IV одд. од ОУ„Григор Прличев“ Охрид на Државниот натпревар по Природни науки кои се одржаа изминатиот викенд остварија голем успех. На Државниот натпревар по Природни науки Петар Крцоски ученик во V одд. под менторство на одд.нас.Наташа Драгичевич освои прва награда со освоени максимални поени, Јана Патчева ученик во V одд. под менторство на одд.нас.Наташа Драгичевич освои втора награда, Ивана Веруш и Софија Милевска ученички во V одд. под менторство на одд.нас.Наташа Драгичевич освоија трета награда. На Државниот натпревар по Природни науки покрај петтооделенци…

повеќе...

Доделени наградите за „Најдобар млад програмер“

Агенцијата за млади и спорт во соработка со ФИНКИ и Здружениетo на информатичари на Македонија трета година по ред го реализираа проектот наречен „Најдобар млад програмер“. По тој повод денес во просториите на Агенцијата се доделија ваучерите за петте најдобри млади програмери. „Овој проект е дел од напорите на Агенцијата за млади и спорт за поттикнување и охрабрување на младите луѓе да го покажат и развиваат својот талент, но истовремено и можност да гистимулирамемладите средношколци за продолжување на своето образование на техничките науки. За успешна реализација на проектот, потпишавме Меморандум…

повеќе...

Голем успех на учениците од Охридската гимназија на Државните натпревари

Учениците од Охридската гимназија на државните натпревари кои се одржаа изминатите два викенди остврија голем успех. На државниот натпревар по биологија Емилија Дуноска и Рената Павлеска ученички во I година под менторство на проф. Екатерина Бојческа освоија прва награда, а Марија Лазареска ученик во III година под менторство на проф. Весна Цветкоска освои трета награда. На државниот натпревар за Народна техника, Филип Николоски ученик во II година освои златен медал, додека Теодора Николовска ученик во II година освои бронзен медал. Ментор и на двајцата ученици е проф. Весна Цветкоска. На…

повеќе...

Успешна учебна година на спортската секција при ОУ „Христо Узунов“

Спортската секција при ОУ „Христо Узунов“ – Охрид во изминатава учебна година имаше завидни резултати во одделни спортски дисциплини, на ниво на општина Охрид. Училиштето ги има постигнато овие резултати по спортски дисциплини: АТЛЕТИКА – женски (пионерки) 1. Марија Устијаноска – Освоено Прво место во дисциплината 300 метри 2. Стефанија Ристеска – Освоено Прво место во Скок во далечина 3. Марија Петреска – Освоено Трето место во дисциплината Фрлање ѓуле 4. ОУ Христо Узунов – Освоено Прво место во Штафетно трчање 4×60 метри АТЛЕТИКА – машки (пионери) 1. Филип Ѓоргоски…

повеќе...

Свечено одбележан Денот на Светите Кирил и Методиј

Со положување на цвеќе пред споменикот на Светите Кирил и Методиј, денеска, свечено беше одбележан 24. Мај денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј. Делегации на Општина Охрид, општинското средно училиште што го носи името на просветителите, сите останати воспитно образовни институции, здруженија на граѓани и политички партии, се поклонија и положија свежо цвеќе пред споменикот на браќата. Традиционално на овој ден, градоначалникот Никола Бакрачески, на учениците од општинските основни и средни училишта што освоиле награда на државни или меѓународни натпревари, им врачи пригодни награди. Претходно градоначалникот Бакрачески присуствуваше…

повеќе...

Ученик од ОУ „Григор Прличев“ меѓу најуспешните на Државниот натпревар по информатика

И оваа учебна година ученикот Христијан Дончески VII одделение од ОУ „Григор Прличев“ повторно меѓу најуспешните. На XI-тиот државниот натпревар по информатика за апликативни вештини го освои II место. Под водство на менторот Марина Џепароска Танасоска со Halloween game се здоби со бесплатна обука во Semos edukacija.

повеќе...