Расте бројот на склучени бракови и живородени деца

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во четвртото тримесечје од 2015 година, во споредба со истиот период од претходната година, е зголемен за 0.6% и изнесува 5 758 живородени деца. Бројот на умрените лица во четвртото тримесечје од 2015 година бележи намалување од 1.3% во споредба со истото тримесечје од 2014 година и изнесува 5 093 лица, а од нив 53 се умрени доенчиња. Природниот прираст изнесува 665 лица, што значи, за толку лица бројот на живородените деца е поголем од на умрените лица. Бројот…

повеќе...

Охрид домаќин на меѓународна конференција за демографијата на Балканот „Населението на Балканот на прагот на 21-от век“

Од 21-ви до 24-ти октомври, во хотелот „Метропол“ во Охрид, Република Македонија ќе се одржи Петтата меѓународна конференција за демографијата на Балканот на тема: „Населението на Балканот на прагот на 21-от век“. Конференцијата е во организација на Економскиот институт при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (www.ek-inst.ukim.edu.mk) и Асоцијацијата DemoBalk (www.demobalk.org). Конференцијата е посветена на проценка на демографската ситуација на Балканот на почетокот на 21-от век и на главните демографски трендови, како и на нивните потенцијални ефекти на среден и долг рок. На конференцијата ќе присуствуваат признати истражувачи од…

повеќе...

ДЗС: Најмногу слободни работни места во услужните дејности и продажбата

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2015 година, стапката на слободни работни места изнесува 1.47%. Највисока стапка на слободни работни места има во секторот З-Објекти за сместување и сервисни дејности со храна и изнесува 3.36%, додека најмала е стапката во секторот Г – Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација каде што изнесува 0.12%. Деловните субјекти со број на вработени од 3 до 9 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.19%. Југозападниот регион има највисока стапка на слободни работни места која…

повеќе...

Препораки за заштита на здравјето на населението во поплавените подрачја

Препораки за заштита на здравјето на населението во поплавените подрачја: – Се препорачува користење на пакувана, превриена или дезинфицирана вода за пиење, за миење на забите, миење и подготовка на сирова храна, како и за миење на садовите. – Водата се преврива така што садот со вода се става на шпорет да зоврие (10 минути), потоа се отстранува и се остава да се олади, а притоа во водата не треба да се става мраз. – Се препорачува миење на рацете со сапун после чистење, пред подготовка на храната, пред јадење,…

повеќе...

Активно население во Република Македонија – Резултати од Анкетата за работната сила, III тримесечје, 2014 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, во III тримесечје од 2014 година активното население во Република Македонија брои 958 393 лица од кои вработени се 690 965, а 267 428 лица се невработени. Стапката на активност во овој период е 57.3, стапката на вработеност е 41.3, додека стапката на невработеност е 27.9.

повеќе...

Активно население

Според податоците на Државниот завод за статистика, во II тримесечје од 2014 година активното население во Република Македонија брои 957 790 лица од кои вработени се 687 465, а 270 325 лица се невработени. Стапката на активност во овој период е 57.3, стапката на вработеност 41.1, додека стапката на невработеност 28.2.

повеќе...