Младинската организација при ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“дел од „Образовното рандеву“

Младинската организација при ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“ учествуваше на „Образовното рандеву“ (МАССУМ) кое се одржа на 21 и 22 Април во Скопје во СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“. Учениците го претставија училиштето со свој штанд на кој ги изложија своите најнови достигнувања во младинската организација и на практичната настава. Во категоријата за најдобар штанд учениците го освоија третото место, а во најдобро светло се претставија и во следните категории: • Јавно говорење на македонски јазик • Интервју за работа на македонски јазик • Онлајн кариерно портфолио • Поетска творба •…

повеќе...

Високи резултати за ученици од ОУТУ „Ванчо Питошески“ на „Образовно рандеву 2017“

ОУТУ „Ванчо Питошески“ учествуваше на манифестацијата „Образовно рандеву 2017“ во организација на Македонска асоцијација на средни стручни училишта што се одржа во СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“ во Скопје.  Учениците преку свој штанд на саемот за образование во холот и дворот на училиштето со кој го освоија второто место ја презентираа работата, образовните профили, наствата, наградите, успесите, а исто така имаа можност преку натпревари, работилници, талент шоу и модна ревија да ги прикажат сите свои способности и да го претстават училиштето во најдобро светло. Учествуваа 34 ученици во 11 различни категории под…

повеќе...

Одредени календарите за Плеј Оф и Плеј Аут во машката ракометна Суперлига

На Конференцијата на клубови од машката Суперлига што денеска се одржа во просториите на РФМ, извлечени беа натпреварувачките броеви на екипите учесници во Плеј Оф и Плеј Аут натпреварувањата, по што беа одредени и распоредите и календарите до крајот на сезоната. КАЛЕНДАР ПЛЕЈ ОФ – СЕЗОНА 2016/17 КАЛЕНДАР ПЛЕЈ АУТ – СЕЗОНА 2016/17 Првото коло од Плеј Оф и Плеј Аут натпреварувањата ќе се одигра наредниот викенд (01/02.04.2017), а двете натпреварувања, според распоредот треба да завршат на 03/04.06.2017.

повеќе...

Гердан од награди за учениците од ОУ „Кочо Рацин“- Охрид на регионалниот натпревар по математика и физика

Викендов во организација на приватното средно училиште Јахја Кемал се одржа регионалниот натпревар по математика и физика. На натпреварот ОУ „Кочо Рацин“, Охрид учествуваше со 8 ученици предводени од менторите Силвана Крстеска математика и физика и Елизабета Великоска математика. Беа постигнати следните резултати: Во натпреварувачкиот дел  физика: 1 место Стефан Андрески – освоена награда од 3000 денари место Викторија Димоска – освоена награда од 2500 денари место Петар Коцев – освоена награда од 1000 денари Во натпреварувачкиот дел математика: место Викторија Димоска – освоена награда од 3000 денари Во натпреварувачкиот…

повеќе...

Одржан 45-от општински натпревар по прва помош во Охрид

Плоштадот „Св.Климент Охридски“ во Охрид денес пулсираше во духот на младоста и хуманоста, во боите на Црвен крст и Бреинобреин. На 45-от општински натпревар по прва помош, учениците од основните и средните училишта во Охрид и Дебрца се натпреваруваа во презентирање на стекнатите знаења, вештини и техники за укажување прва помош. Најуспешни во категоријата подмладок беше екипата на ОУ „Христо Узунов“, а во категоријата младина првото место и правото на учество на Државниот натпревар по прва помош, го освои екипата на ОСУ „Кирил и Методиј“. Во овој циклус на подготвока…

повеќе...

ОУТУ „Вачно Питошески“ дел од манифестцијата „Образовно Рандеву 2016“

На 22ри и 23ти април во СЕТУГС „Михајло Пупин“ во Скопје, ОУТУ „Ванчо Питошески“ учествуваше на Манифестацијата „Образовно Рандеву 2016“ во организација на МАССУМ (Македонска асоцијација на средни стручни училишта). Учениците преку свој штанд на саемот за образование во холот и дворот на училиштето ја презентираа работата, образовните профили, наградите, успесите, а исто така имаа можност преку натпревари, работилници, талент шоу и модна ревија да ги прикажат сите свои способности и да го претстават училиштето во најдобро светло. Од ОУТУ „Ванчо Питошески“ вкупно 30 ученици во 12 различни категории под менторство…

повеќе...

Во Охрид се одржува 9-та Јуниорска балканска информатичка олимпијада

Во Охрид се одржува 9-тата Јуниорска балканска информатичка олимпијада. Натпреварите започнаа на 14 септември и ќе траат до 19 септември. Јуниорската балканска информатичка олимпијада (JBOI) има за цел да ги мотивира учениците од Источна Европа кои се помлади од 15,5 години, да се заинтересираат повеќе за информатиката, да се тестираат и да ја докажат својата способност за решавање на проблемите со помош на компјутерите, и да се воспостават лични контакти со младите луѓе од регионот на Југоисточна Европа. Оваа Олимпијада е во организација на Здружението на информатичари на Македонија, а на…

повеќе...

Охрид домаќин на шестиот по ред Училишен спортски камп

Агенцијата за млади и спорт, Министерството за образование и наука и Федерацијата на училишен спорт на Македонија и годинава ќе го реализираат Училишниот спортски камп во Охрид. Околу 260 учесници, односно најдобрите спортисти во машка и женска конкуренција од основните и средните училишта во земјава ќе си ги одмерат силите во вкупно 11 спортови. Кампот ќе се реализира во две смени и тоа од 22 до 27 јуни и од 29 јуни до 4 јули. По тој повод денес во просториите на АМС се одржа прес- конференција на која свое…

повеќе...

Во тек е исплатата на паричните награди за учениците кои освоиле прво место на државни натпревари

Министерството за образование и наука информира дека во тек е исплатата на паричните награди за учениците од основно и средно образование и нивните наставници ментори, кои во текот на учебната 2014/2015 година освоиле прво место на државен натпревар, организиран од здружение на наставници кое е акредитирано за организирање на соодветен натпревар, од страна на Министерството. „До овој момент, на вкупно 36 ученици и наставници ментори кои аплицирале во Министерството за исплата на средства по основ на освоено прво место на државен натпревар, ќе им бидат исплатени парични награди од по…

повеќе...

Продолжуваат успесите на учениците од охридската гимназија

На 18-ти април се одржа регионален натпревар по англиски јазик во Струга во училиштето„ Јосип Броз Тито“. Натпреварот се организира од ЕЛТАМ- Асоцијацијата на наставници по англиски јазик на Република Македонија за учениците од втора година од средните училишта. Учениците од охридската гимназија успешно го претставија училиштето. Ученикот Петар Пипоски го освои второто место, а ученичката Климентина Коваческа третото место, под менторство на проф. Даниела Спироска. Учениците со тоа се пласираа на државниот натпревар кој ќе се одржи на 9-ти мај во Скопје. На 17-ти април, се одржа регионален натпревар по хемија…

повеќе...