НБРМ повторно укажува за ризиците од вложувањата во дигиталните (крипто) валути

Народната банка на Република Македонија неколку пати досега ѝ укажа на јавноста да биде внимателна во однос на понудите кои доаѓаат преку електронските медиуми за купување и тргување со дигиталните (крипто) валути. Директен повод за денешното соопштение на Народната банка е објавата за бесплатен онлајн курс за биткоин и начинот на тргување со оваа дигитална (крипто) валута. Во оваа прилика, Народната банка укажува дека според важечката регулатива во Република Македонија вложувањето од страна на правните и физичките лица резиденти на РМ во виртуелни или крипто валути не е дозволено, исто…

повеќе...

НБРМ одбележува 25 години од монетарното осамостојување на Македонија

Денес се одбележува јубилејот 25 години од монетарното осамостојување на Република Македонија. Со донесувањето на основните закони на 26 април 1992 година во македонското Собрание, се создадоа предуслови за осмислување и примена на самостојна политика од страна на централната банка, како монетарна власт на суверена и самостојна Република Македонија. Монетарното осамостојување се случи накусо по историскиот референдум за независност. На денешниот ден се потсетуваме дека монетарното осамостојување се одвиваше во исклучително тешки економски околности, кои беа резултат, како на проблемите наследени од поранешниот општествен систем, така и на стеснувањето на…

повеќе...