Хуманитарна акција во ОУ „Григор Прличев“за помош на Јана Арсовска

Ученици од ОУ „Григор Прличев“ Охрид самоиницијативно се вклучија во минатонеделната акција во организација на Црвен Крст за собирање на парична помош за нашата сограѓанка Јана Арсовска. По повод Новогодишните празници организираа продажен саем на кој ги продаваа рачните изработки (изработени на часовите по ликовно образование, творештво и англиски јазик). „Се разбира удел имаа и родителите кои ги купуваа изработките, како и наставничките Славица Мојсоска и Елена Пендова кои ги организираа работилниците за изработка.“– велат од училиштето. „Учениците беа едногласни собраните средства да бидат дадени како помош. Истите беа уплатени…

повеќе...

Предновогодишна приредба во ОУ „Христо Узунов“

Во ОУ „Христо Узунов“ традиционално се одржа предновогодишна приредба, подготвена од вредните ученици од училиштето. На приредбата, на која беше присутен и Дедо Мраз, учениците се претставија со повеќе новогодишни точки. Тие ги израдуваа и насмеаа своите родители, баби и дедовци.  На крајот од Новогодишната програма, на учениците им беа доделени и новогодишни пакетчиња. WebOhrid

повеќе...

Поставена новогодишната елка на охридскиот плоштад

Службите на општина Охрид и дел од јавните претпријатија денес ја поставија новогодишната златна елка на градскиот плоштад во Охрид. Изминативе неколку денови, службите на општината и дел од јавните претпријатија работеа на украсувањето на градот за новогодишните празници.  За многу скоро се очекува целиот град да блесне во препознатливиот предновогодишен амбиент.

повеќе...

Конкурс за најубаво украсен новогодишен двор или балкон за 2017 година

Општина Охрид за Новата 2017 година објавува Конкурс за најубаво украсен новогодишен двор или балкон.Пријавувањето на конкурсот ќе трае од 14 до 29. 12.2016 година. Заинтересираните граѓани можат да се пријават во просториите на Општина Охрид ул. „Димитар Влахов“ бр.57 со пополнување на пријава на шалтерот на архивата на Општина Охрид. На конкурсот ќе бидат доделени три награди; Прва – 6000денари Втора – 4000денари Трета – 2000денари Комисијата формирана од Градоначалникот ќе ги посети сите пријавени кандидати и при оценувањето ќе се води од следните критериуми: При новогодишното украсување на…

повеќе...

Новогодишни пакетчиња за децата од социјално ранливите категории во Охрид

Во пресрет на Новогодишните празници, општина Охрид во соработка со Црвениот Крст денеска организира предновогодишен ручек за 150 социјално најзагрозени лица од Охрид а беа подарени и новогодишни пакетчиња за 100 деца. Меѓу присутните во ОУТУ „Ванчо Питошески“ беше и градоначалникот Никола Бакрачески. Во пријатна атмосфера родителите и децата разговараа со градоначалникот а упатуваа и пофалби за досегашната негова работа. Градоначалникот истакна дека општина Охрид и понатака ќе работи на креирање подобри услови за живот на сите охриѓани во насока на надминување на социјалните бариери. „Денеска сите заедно делиме едно…

повеќе...

Викторија Лоба, Боби Мојсовски, „Компас бенд и „Билјана Јуниор“ за дочек на Нова година во Охрид

Музичките ѕвезди Викторија Лоба и Боби Мојсовски, ансамблот „Билјана Јуниор“ и групата „Компас бенд“ ќе ги забавуваат охриѓани и гостите за дочек на Новата 2016-та Година во Охрид. Градоначалникот Никола Бакрачески ги покани сите охриѓани и гости најлудата ноќ да ја дочекаат на градскиот плоштад. „Се надевам дека одзивот на граѓаните на Охрид и гостите ќе биде одличен. Очекуваме преполн плоштад на самиот дочек, но и според најавите на туристичките агенции, хотелитерите како и од приватните станоиздавачи, очекуваме Охрид и оваа година да биде препон со гости за новогодишните празници.…

повеќе...

Охрид украсен како од бајките

Охриѓани и посетителите на Охрид за претстојните Новогодишни и Божиќни празници можат да уживаат во празничниот амбиент. Бројни новогодишни реквизити го красат централното градско подрачје и периферните делови на градот. Годинава за прв пат украсувањето на чаршијата покрај со зеленило е дополнето со ѕвездено небо кое блесна по целата нејзина должина од градскиот плоштад до чинарот. Новина годинава е и украсувањето на Светилникот на охридското пристаниште, а на плоштадот „Св. Климент Охридски“ покрај останатите светлечки реквизити има и детски тунел. Годинава за новогодишното украсување на Охрид покрај службите од општината ангажирана…

повеќе...

Новогодишен хуманитарен концерт во Центарот за култура

Празници се ближат и вистинско време е да бидете хумани и израдувате некого. Не пропуштајте ја приликата да уживате во прекрасните изведби на охридските музичари Петар Маркоски, Дамјан Пејчиноски, Богдан Василевски, Ѓоко Танески, The Bacdoor Band, кои ќе бидат носители на Новогодишниот хуманитарен концерт, што во организација на Црвен крст Охрид ќе има за цел музиката и забавата да ја преточи во хуманост. Средствата собрани од продажбата на влезници и прекрасни новогодишни креации изработени од децата од Оригами клубот при Црвен крст Охрид, ќе бидат наменети за набавка на новогодишни…

повеќе...

Почеток на превентивните активности во рамки на кампањата за безбедни новогодишни празници

Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со Средното приватно училиште “Јахија Кемал“ и Црвениот крст на град Скопје утре (09.12.) ќе стартува со промотивните активности во рамки на годинашнава кампања – “Среќна и безбедна 2016 година – во семејно и пријателско дружење“, при што истовремено ќе биде одбележан и Денот на превенција на МВР. Активностите ќе се реализираат со почеток во 12,30 часот во дворот на Средното приватно училиште “Јахија Кемал“ во Карпош.Во активностите, покрај полициски службеници од Одделението за превенција и од ПС ОН Карпош вклучени се…

повеќе...

WebOhrid Ви посакува Среќно и Бериќетно 2015 Лето Господово!

WebOhrid ви посакува Среќна православна Нова година, година исполнета со многу здравје, љубов, среќа и благосостојба! Нека е за многу години празнувањето на Св.Василиј!

повеќе...