ОУ „Живко Чинго“, Велгошти се вклучи во одбележувањето на Неделата на солидарноста од 18-24 април, под мотото „Вашиот прилог – Значајна помош“. „Учениците и вработените од нашето училиште организираа Хуманитарна акција, во која се собраа пакети со храна и облека, кои ќе бидат донирани на граѓани од Охрид и Дебрца на кои им е неопходна помош од ваков вид.“- велат од училиштето.
повеќе...Tag: облека
Запленети облека, обувки, алкохол и фалсификати
Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани крзнени и текстилни производи, обувки, технички производи, алкохолни пијалоци, средства за хигиена, автоделови, плинска печка, брави за автобуси, додатоци за мобилни телефони и фалсификати. Покрај тоа откриена е и една царинска измама. Задржана е следната стока: Облека и обувки – 23 елеци и 7 јакни од крзно откриени при контрола на романски автомобил, со кој за влез во државата на граничниот премин Богородица, се пријавиле двајца романски државјани. Елеците и јакните се пронајдени…
повеќе...Откриена измама и запленети девизи, облека и фалсификати
Во текот на минатата недела, царинските службеници открија една царинска измама и неколку обиди за криумчарење, при што привремено се задржани девизи, облека и фалсификати. Девизи – 7.000 евра, откриени при личен претрес на македонски државјанин, кој како патник во турски автобус, што сообраќал на релација Скопје – Истанбул, се пријавил за излез од државата на граничниот премин Богородица. Во џеб од фармерките на патникот биле пронајдени 9.000 евра, за кои не поседувал документ за потекло. Согласно законските прописи на патникот му биле вратени 2.000 евра, износ што резидент може…
повеќе...Запленети девизи, Swarovski накит, облека и обувки, техничка стока и цигари
Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани девизи, Swarovski накит, обувки, облека, мобилни телефони, автоделови и цигари. Задржана е следната стока: Девизи – 3.200 евра, откриени при личен претрес на македонски државјанин, кој со македонски автомобил се пријавил за излез од државата на граничниот премин Деве Баир. Во панталоните на патникот се пронајдени 5.200 евра за кои не поседувл доказ за потекло. Согласно законските прописи, на патникот му се вратени 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го внесе…
повеќе...Поставен контејнер за донирање облека пред седиштето на Црвен крст Охрид
Црвен крст Охрид заедно со охридската експозитура на Алфа Банка АД Скопје денес успешно го реализира „Алфа Банка Групација Волонтерски ден – 2015“. Имено како општествено одоговорна компанија Алфа банка во соработка со Црвен крст на Република Македонија успешно соработува уште од 2009 година преку најразлични активности од областа на социјално-хуманитарната дејност. Оваа година банката донира контејнер за донација на облека и во Охрид во кој денес вработените во Алфа банка ескпозитура Охрид, волонтерите на Црвен крст Охрид и граѓаните на Охрид симболично донираа облека. Контејнерот е поставен пред седиштето…
повеќе...Во сабота пред седиштето на Црвен крст ќе биде поставен контејнер за донирање облека
Во рамките на своето хуманитарно делување Црвен крст на Македонија – Црвен крст Охрид особено внимание посветува на воспоставување и креирање соработка со корпоративниот сектор. Како позитивен пример во таа насока ја истакнуваат плодната соработка, што наназад години ја негувале со Алфа банка. „Својата висока општествена одговорност оваа компанија, меѓу другото, ја истакнува и преку поддршката и помошта во реализација на хуманитарните активности на Црвениот крст во областа на социјално-хуманитарната дејност. Зад нас стојат бројни заеднички собирни хуманитарни акции со кои се помогнало на социјално загрозените семејства.“– велат од Црвениот…
повеќе...