Македонка не успеа да земе 1750 евра награда од обложувалница

Македонката Кети В. не успеа да земе 1750 евра награда од една светски позната обложувалница. Таа не се логираше во текот на изминатите 24 часа, а со тоа не успеа да ја освои вчерашната награда од 1750 евра. Имено, станува збор за промоција на која се доделуваат 50 евра секој ден на случајно избран член на таа обложувалница. Доколку потенцијалниот добитник не се логира во период од 24 часа, тогаш тој ја губи наградата и таа се пренесува на друг член следниот ден, зголемена за нови 50 евра. WebOhrid

повеќе...

Кривична за двајца кичевчани поради приредување игри на среќа без лиценца односно дозвола од надлежен орган

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „приредување игри на среќа без лиценца односно дозвола од надлежен орган“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против А.К. (28) и Р.Ф.(54), двајцата од Кичево. Со пријавата опфатен е и правниот субјект „Балкан-Бет“ од Кичево. Во периодот јуни-август оваа година, пријавениот А.К. во својство на вработен во спортска обложувалница „Балкан-Бет“ и Р.Ф. во својство на сопственик на деловен простор „Ројал“ каде е сместена спортската обложувалница, со намера да се стекнат со против-правна имотна корист, неовластено организирале и приредувале игри на…

повеќе...

Затворени нелегални обложувалници во Струга, Кичево и Дебар

Осум диви обложувалници во Струга, Кичево и Дебар, беа цел на акциските контроли на тимови од полициски службеници и инспектори на УЈП. Акциската контрола беше реализирана на 30-ти минатиот месец во врска со Законот за приредување на игри на среќа-обложувалници и забавни игри. Во шест нелегални обложувалници, инспекторите констатирале дека организаторите на обложувањето имале работници на пулт кои наплатуваат и издаваат друга документација за обложување. Ниту еден од организаторите на обложувањето немале лиценца и друг вид одобрение за приредување на игрите на среќа. Инспекторите од УЈП извршија увид во затекнатата…

повеќе...

Откриени неправилности во работењето на пет обложувалници на подрачјето на СВР Охрид

Со цел контрола врз нелегални обложувалници, вчера заедничка координирана акција, СВР Охрид реализира со УЈП. Контрола беше извршена во дваесет обложувалници во Струга, Кичево, Дебар и Центар Жупа, при што во вкупно пет објекти-обложувалници беа констатирани прекршоци согласно законот за игри на среќа и забавни игри. Една обложувалница во Центар Жупа и две обложувалници во кичевските села Зајас и Грешница приредувале игри на среќа без лиценца односно без дозвола од надлежен орган. Во обложувалницата во општината Центар Жупа одземени се 5 телевизори, 2 компјутери, еден принтер, 4548 денари и друга…

повеќе...