Отворени 44-тите Мајски оперски вечери

Годинешните „Мајски оперски вечери“ вклучуваат 15 настани, 10 за возрасна публика, а пет во придружната програма „Мали мајски оперски вечери“. Публиката покрај „Евгениј Онегин“ ќе има можност да ги чуе и оперите „Риголето“, „Хофманови приказни“, „Турандот“ и Вердиевата „Аида“ со која традиционално на 31 мај се затвораат „Мајските оперски вечери“ … Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска синоќа во Македонската опера и балет присуствуваше на премиера на операта „Евгениј Онегин“ на Петар Илич Чајковски, со која свечено беа отворени 44-тото издание на традиционалната манифестација „Мајски оперски вечери“. Операта „Евгениј Онегин“ во…

повеќе...

Операта за деца „Клинг-Кланг“ за прв пат и на албански јазик

Во Министерството за култура денеска се одржа прес-конференција на која државниот секретар Бехиџудин Шехапи и директорот на Македонската опера и балет Игор Дурловски го промовираа проектот за деца насловен „Клинг-Кланг“, кој в понеделник за прв пат ќе се изведе на албански јазик на сцената на Македонската опера и балет. Станува збор за музичка авантура за деца која, како серијал за запознавање на најмладата популација со музиката, на сцената ја постави гостинката од Австрија, Урсула Хорнер. „Тоа што е особено важно за оваа претстава е активното учество на децата во неа.…

повеќе...

Младо театарско Охридско лето: Утревечер Монотеатарска опера „Дневникот на лудиот“

Во рамките на „Младото театарско Охридско лето“ кое првпат годинава стартува на фестивалот „Охридско лето“, утревечер ќе биде прикажана монодрамата „Дневникот на Лудиот“ од Николај Василевич Гогољ. Сценографијата и режијата на оваа претстава ги направи композиторот Марјан Нечак. Во неа учествуваат двајца негови соработници, Озрен Грабариќ и Марин Лукановиќ. „Станува збор за моноопера или за една современа музичка претстава во којашто главниот музички протагонист се изразува и со пеење и со текст. Нешто што кај нас е непознато. Музичкиот театар во моментов е најразвиен и најраспростран во Белгија, Холандија, Франција…

повеќе...

Македонска опера на сцената на МОБ

Македонското оперско дело „Змејовата невеста“ на композиторот Стојан Стојков, а во режија на Дејан Пројковски, деновиве премиерно беше изведено во Македонската опера и балет. Ова е прва опера на македонски јазик поставена на сцената на МОБ по цели 10 години од последната премиерна изведба на опера напишана од македонски автор, делото „Лидија од Македонија“ на Ристо Аврамовски. Ова национално дело е работено според истоимената драма на Димитар Г. Молеров, а диригент е Саша Николовски-Ѓумар, кореографијата е на Олга Панго, сценографијата на Валентин Светозарев, а костимографијата на Марија Пупучевска. Во операта…

повеќе...

Македонскaта оперa „Змејовата невеста“ премиерно на 7 февруари во МОБ

Македонското оперско дело „Змејовата невеста“ на композиторот Стојан Стојков, а во режија на Дејан Пројковски, премиерно ќе биде изведено на 7 февруари во Македонската опера и балет. На прес-конференција денеска во МОБ министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска го истакна значењето на премиерата на „Змејовата невеста“, која ќе се случи по цели 10 години од последната премиерна изведба на опера напишана од македонски автор, делото „Лидија од Македонија“ на Ристо Аврамовски. Операта „Змејовата невеста“, укажа министерката, е една од поголемите музичко-сценски форми која е поддржана од страна на Министерството за култура…

повеќе...

Македонската опера и балет на фестивал во Банкок

Со поддршка од Министерството за култура, на 13, 15 и 16 септември 2014 година Македонската опера и балет ќе учествува на 16-тото издание на „Меѓународниот фестивал на музика и игра“ кој се одржува во тајландскиот културен центар во Банкок. Македонската опера и балет, во копродукција со театарот „Лирико“ од Рим, утре ќе је изведе операта „Дон Џовани“ од Волфганг Амадеус Моцарт. Под диригентската палка на Џузепе Сабатини, ќе настапат солистите: Благој Нацоски, Паоло Кони, Анџела Низи, Мауро Корна, Џесика Роуз Камбио, Алесио Потестио, Итало Проферише и Џулија де Блазис. На…

повеќе...

Македонската опера и балет приреди незаборавно доживување за публиката на „Охридско лето“

Првенците и солистите на Македонската опера и балет синоќа настапија на фестивалот „Охридско лето“ изведувајќи ја на покриената сцена „Долни Сарај“ претставата „14 часа“. Музиката за оваа претстава ја напиша Кирил Џајковски, а кореографијата и сценското решение ги направи Игор Киров. Режијата и либретото се Наташа Поплавска, а костимографијата е дело на Александар Ношпал. Кореографот Игор Киров изјави дека со оваа балетска претстава всушност се враќа на македонската сцена по 2005 година кога првпат направи претстава  за Македонската опера и балет. „По 20 години низ цел свет, еве ме, пак дома…

повеќе...