Синоќа во црквата Света Софија во рамките на традициолната „Француска вечер на Охридско Лето“ музичкиот селектор на фестивалот Гордана Јосифова Неделковска од француската амбасадорка во Македонија, нејзината екселенција Лоренс Оер доби високо престижно француско одликување, ВИТЕЗ во редот за уметностите и книжевноста. Оваа награда се доделува од Министерката за култура и комуникација во Франција, Флер Пелерин за ширење на француската култура во Македонија. „Охридско лето и во ова 55то издание ја продолжува соработка со Француската амбасада и Францускиот културен центaр од Скопје, како и Охридска банка АД Скопје – Societe…
повеќе...Tag: охридско лето
Уметникот Крунислав Стојановски ќе ги изложи своите „Циклуси“ пред охриѓани
„Циклуси“ e насловот на изложбата од Крунислав Стојановски што ќе биде отворена вечерва во рамки на фестивалот „Охридско лето“. Делата на Стојановски ќе бидат изложени во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 19 часот. Оваа ликовна поставка технички се однесува на седумте сликарски циклуси кои уметникот ги слика во текот на последните дваесет години. Асоцијативно, насловот се поврзува со животот на секој поединец, а не само на уметникот. Животот сам, за секого од нас, носи циклуси кои можат да бидат прекинати, продолжени, распарани, ритмични, кратки, долги… впрочем секакви,…
повеќе...Војнеска: Во светот се фрла огромно количество храна, а може да се искористи многу покорисно
Фестивалот „Охридско лето“ синоќа ја организира втората самостојна изложба на охриѓанката Ленче Војнеска, на која беа поместени 26 некласични мозаици изработени од природни материјали. Според авторката, природните материјали и храната кои многу често се фрлаат како одвишок можат да се искористат во уметнички цели и дела кои остануваат трајни сведоштва. Во зависност од самата инспирација и темата на сликите, вели Војнеска, времето на изработка на едно вакво дело е неограничено. „Може да биде потребна една седмица, но изработката може да трае и шест месеци.Техниката е органска хемија со природни материјали…
повеќе...Градоначалникот Бакрачески на Француската вечер на Охридско лето
Градоначалникот Никола Бакрачески во придружба на амбасадорката на Франција во Република Македонија Н.Е. Лоренс Оер, синоќа во црквата Св. Софија го проследи настапот на францускиот кларинетист Мишел Летјек и квартетот „Жирард“ кои настапија во рамки на годинешното издание на „Охридско Лето“. Францускиот кларинетист Мишел Летјек во моментов се смета за еден од најеминентните фигури на светската музичка сцена. Посветен е на современата музика и затоа многу често премиерно изведува дела и концерти на голем број современи композитори меѓу кои и Кшиштов Пендерецки, Џон Кориљано, Марсел Ландовски и други. Квартетот „Жирард“…
повеќе...Светскиот виолинист Максим Венгеров пристигна во Охрид
Светскиот виолинист Максим Венгеров, кој на 19-ти август заедно со пијанистот Ваг Папиан ќе настапи во црквата Св. Софија, доцна попладнево во придружба на музичкиот селектор на Охридско лето, Гордана Јосифова- Неделковска пристигна во хотелот Инекс Горица. Врвниот уметник изненаден од прекрасната глетка на езерото и градот посакал пробата да ја направи токму во хотелската соба и да одмори на терасата на хотелот. Наголемиот виолинист на денешницата беше пречекан и од претседателот на државата Ѓорге Иванов, кој во хотелот ја организира школата за млади лидери. Претходно во Скопје највлијателната личност…
повеќе...Средба на Канческа-Милевска со рускиот виолинист Максим Венгеров
Највлијателната личност на музичката уметност, рускиот виолинист Максим Венгеров, кој на 19 август ќе го затвори музичкиот дел на програмата на 55. издание на реномираниот фестивал „Охридско лето“ денеска беше примен од министерката за култура Елизабета Канческа Милевска … Венгеров на концертот, што ќе го одржи во црквата „Св.Софија“, ќе настапи во придружба на ерменскиот пијанист Ваг Папиан. Билетите за концертот се распродадени. Министерката Канческа-Милевска по средбата изрази задоволство што има можност да се сретне со Максим Венгеров, кој, како што рече, е еден од најголемите виолинисти на денешницата и…
повеќе...Рускиот Паганини – Маестро Федотов на Охридско Лето
Утре „Охридско лето“ најавува спектакуларен концерт на едно од најатрактивните дуа во светот – виолинистот Максим Федотов и пијанистката Галина Петрова. Овие врвни уметници се веќе познати на фестивалската публика која го памети нивниот настап во 2001 година кога ја добија и наградата за најдобар концерт на Охридско Лето за тоа издание и ја доделуваше весникот „Нова Македонија“. Ги нарекуваат „еден од најхармоничните ансамбли во светот“, „најдобриот Московски дует“, „Брилијантни руски виртуози“ итн. Секој настап на рускиот виолинист Максим Федотов е проследен со овации од публиката и воодушевување од критичарите,…
повеќе...Изложбата „Некласични мозаици“ вечерва на „Охридско лето“
„Некласични мозаици“ е насловот на изложбата на Ленче Војнеска што ќе биде отворена вечерва во 19 часот на малиот плоштад во Охрид, во рамки на фестивалот „Охридско лето“. Со квалификации на дипломиран инженер-технолог, од мали нозе понесена од љубовта кон уметноста, охрабрена и мотивирана од добиените награди во текот на своето школување, посебно од добиената благодарница од страна на Комитетот на хелсиншкиот парламент на граѓаните на Македонија и со голем интерес за органската хемија и технологија и нивната меѓусебна поврзаност, успева да ги обедини својот талент и својата професија, изработувајќи…
повеќе...„Делириум Тременс“ – претстава за сите генерации
Претставата „Делириум Тременс“ синоќа беше изведена на Охридско лето како дел од проектот „Младо театарско Охридско лето“ што од годинава е воведен како фестивалска новина. Трпчески вели дека „Делириум Тременс“ во еден релативно краток период за една театарска претстава веќе имаме неколку интернационални фестивали а еве ссиноќа се одигра и на Охридско лето. „За мене е чест и задоволство да учествувам на оволку голем фестивал. На моја голема радост, оваа година се случи таа можност да има Младо охридско лето, и на таков начин да станеме дел од оваа голема…
повеќе...Француска вечер на Охридско лето
Уште еден концерт со врвен квалитет и реномирани уметници на Охридско Лето. Вечерва на програмата на фестивалот, ќе се одржи традициолниот концерт наречен „Француска вечер на Охридско Лето“. На овој концерт ќе настапат едни од најистакнатите и најеминентни уметници од Франција, брилијантниот кларинетист Мишел Летјек и гудачкиот Квартет Жирард. „Фестивалот Охридско Лето продолжува со реализирање на овогодинешната квалитетна, ексклузивна и атрактивна програма. „Ми претставува особено задоволство што Охридско лето и во ова 55то издание ја продолжува и традицијата за соработка со Француската амбасада и Францускиот културен центaр од Скопје, како и…
повеќе...