Неповторливо доживување синоќа приредија оксаровецот Луис Бакалов заедно со уште двајца исклучителни пијанисти Марко Чампи и Алберто Пицо. На програмата беа композиции на Дебиси, Равел, Пјацола, Скарлати, Мориконе, Гулда, Џакомо, како и авторски дела на самите изведувачи. „Уште еден ексклузивен уметник на Охридско Лето, оскаровецот Луис Бакалов кој ја надополни низата на светски пијанисти кои годинава, на ова јубилејно издание, ја збогатија фестивалската програма. Во прекрасната црква „Света Софија“ фестивалската публика имаше ретка можност да ужива во музицирањето на тројца врвни пијанисти на две пијана“, изјави Гордана Јосифова Неделковска, селектор…
повеќе...Tag: охридско лето
Театарската претстава „Делириум Тременс“ вечерва на Охридско лето
Во колонадите во предворјето на „Св.Софија“ вечерва од 21 часот ќе биде прикажана театарска претстава „Делириум Тременс“. Оваа претстава е дел од проектот „Младо театарско Охридско лето“ што од госдинава е воведено како новина на фестивалот „Охридско лето“. „Трезното пијанство“, на прв поглед и во стриктно формално-логичка смисла, несомнено претставува класичен оксиморон, противречност во поимот, накусо, бесмислица. Според логичкиот закон за исклучување на третото, законот кој беспоговорно заповеда „или/или“, не можеш едновремено да бидеш и трезен и пијан: или си трезен, или си пијан! Но, животот не се управува според…
повеќе...„Дизајнерска игра со традицијата” на Стојоски – спој на сегашноста и минатото
Под наслов: „Дизајнерска игра со традицијата” синоќа во рамките на Охридско лето во изложбениот салон при Центар за култура „Григор Прличев” во Охрид беше отворена изложбата на дизајнерски парчиња на мебел на младиот дизајнер Кирче Стојоски од Охрид. Публиката имаше можност да погледне продукт дизајн и дизајн на мебел кој едновремено е традиционален и иновативен благодарејќи на користењето на традиционалните техники (занаети) или форми инспирирани од традицијата со идентификација на македонската култура во современ контекст. Стојоски објаснува дека креирањето на вакви продукти можеби повторно ќе го поттикне изучувањето на традиционалните…
повеќе...Изложба под наслов: „Дизајнерска игра со традицијата” вечерва ќе биде отворена на „Охридско лето“
Во рамки на фестивалот „Охридско лето“ денеска во 20 часот во изложбениот салон при Центар за култура „Григор Прличев” во Охрид, публиката ќе има можност да ја погледне изложбата на дизајнерски парчиња на мебел на младиот дизајнер Кирче Стојоски од Охрид. Изложбата носи наслов: „Дизајнерска игра со традицијата” со цел да претстави продукт дизајн и дизајн на мебел кој едновремено ќе биде традиционален и иновативен благодарејќи на користењето на традиционалните техники ( занаети) или форми инспирирани од традицијата со идентификација на македонската култура во современ контекст. Креирањето на вакви продукти…
повеќе...Оскаровецот Луис Бакалов вечерва на „Охридско лето“
Фестивалот „Охридско лето“ денеска ни го носи авторот на музиката на некои од најзначајните Вестерн филмови – Луис Бакалов. Љубителите на филмот овој извонреден композитор го препознаваат по филмовите „Џанго“, „Јавач на бурата“, „Цената на моќта“, „Убиј го Бил“ и многу други популарни остварувања на полето на филмската уметност. Во неговата импресивна биографија се впишуваат и номинациите за наградата „Academy Award“ за оригинална партитура – во 1967 година за филмот „The Gospel According to St. Matthew“, и во 1996 година, кога и ја добива наградата за филмот „Il Postino“. Соработувал…
повеќе...На „Охридско летo“ започна патешествието на претстава „Кирил и Методиј, who are you“
Teатарската претстава „Кирил и Методиј, who are you“ на текст од Јордан Плевнеш, а во режија на Мартин Кочовски своето патешествие го започна синоќа во Охрид. Праизведбата се одржа во рамки на фестивалот „Охридско лето“, а интернационалната промоција ќе ја има на 2 септември во Букурешт. Режисерот Мартин Кочовски направи една исклучително силна претстава која ги руши сите можни табуа и носи новитет во театарската естетика. „Оваа екипа е збогатена со врвни актери од Грција, Бугарија и Македонија станува една чудна хемија и интересно друштво кое споделува една голема идеја.…
повеќе...Моралес нe ја остави рамнодушна публиката на „Охридско лето“
Брилијантна техника, неверојатна леснотија, елеганција и исклучителна прецизност во свирењето и покажа шпанскиот пијанист Леонел Моралес на публиката на „Охридско лето“. На концертот што го изведе синоќа во „Света Софија“ овој голем виртуоз на пијаното долови дела Лудвиг ван Бетовен, Сергеј Рахманинов и Игор Стравински. Иако настапувал на речиси сите поголеми музички сцени во светот каде што одржува и мајсторски школи, сепак, Моралес не ја остави рамнодушна ниту публиката на „Охридско лето“ која го испрати со воодушевување и громогласен аплауз. Еден од поинтересните негови курсеви, е оној на кој Моралес…
повеќе...Големиот копродукциски проект „Кирил и Методиј, Who are you?!“ вечерва ќе ја доживее праизведбата на „Охридско лето“
Во рамки на фестивалот „Охридско лето“ вечерва со почеток во 21 часот на сцената Долни сарај ќе се одигра праизведбата на театарската претстава „Кирил и Методиј, Who are you?!“ Станува збор за претставата „Кирил и Методиј, who are you“ на текст од Јордан Плевнеш, а во режија на Мартин Кочовски. „Се работи за голема копродукција на „Охридско лето“, за различни фестивали и театарски продукции коишто ќе го поддржат овој проект за кој се предвидува големо интернационално патешествие.Учествуваат театарски екипи од Македонија, Полска, Бугарија и Грција“, најави Јолевски, кој е дел…
повеќе...Стоечки овации и долги аплаузи за балетското дело „5 до 12“
Покрај богатата програма од музичкиот и театарскиот дел на годинешнава јубилејна програма на „Охридско лето“, балетско дело „5 до 12„ синоќа приреди едно исклучително атрактивно доживување за фестивалската публика. 12-те танчери и танчерки на балетскиот ансамбл ХНК Сплит покажаа извонредна извежбаност, складност, професионалност, хармонија и љубов кон танцувањето. На прекрасната сцена на Долни Сарај бројните посетители видоа едно ново апстрактно видување на една нова боја од животот, живот на коцки исполнет со бои прелеани со енергија, раздвижени со музика и изиграни со љубов. Нешто потполно ново, модерно, поинакво од класичниот…
повеќе...„Кирил и Методиј, Who are you“ – Носталгија по единството базирана на хуманистички идеи
Привилегија е да се работат текстовите на Плевнеш, секогаш даваат една сосема нова димензија во македонската драматургија и со нетрпение ги очекуваме неговите зборови, изјави селекторот на драмската програма на „Охридско лето“ Ѓорѓи Јолевски на денешната прес-конфернција, најавувајќи ја театарската претстава што ќе биде одиграна утревечер на фестивалската сцена во Охрид. Станува збор за претставата „Кирил и Методиј, who are you“ на текст од Јордан Плевнеш, а во режија на Мартин Кочовски. „Се работи за голема копродукција на „Охридско лето“, за различни фестивали и театарски продукции коишто ќе го поддржат…
повеќе...