„Нови бои на минатото“- концерт на саксофон и хармоника на Охридско лето

Дуото „Алиада“ што го сочинуваат двајца „неверојатно талентирани и креативни музичари“, саксофонистот Михал Кнот и хармоникашот Богдан Лакетиќ, вечерва ќе одржи концерт во рамките на фестивалот „Охридско лето“. Концертот „Нови бои на минатото“ насловен како и нивниот прв албум, ќе донесе дела од Хендл. Григ, Пендерецки, де Фала, Барток и Пиацола, сите аранжирани за саксофон и хармоника од дуото. Од нивното формирање во 2013 година, дуото веднаш станува впечатливо во светот на класичната музика, што резултира со бројни концерти насекаде низ светот. Во минатата сезона остваруваат повеќе од 80 настапи…

повеќе...

Се истражува составот и староста на водата во Охридското Езеро

Хидробиолошкиот завод од Охрид и Институтот за нуклеарни истражувања од Дебрецен-Унгарија, денеска ги започнаа заедничките истражувања на Охридското Езеро, со цел утврдување на составот и староста на водата со примена на различни изотопски методи. Овогодишните истражувања на Охридското Езеро, ќе траат до 16 јули и опфаќаат собирање мостри од вода на повеќе локации од езерото и на различни длабочини. Потоа следат лабораториски анализи кои ќе се вршат во Центарот за изотопска климатологија и проучување на животната средина на Институтот за нуклеарни проучувања при Унгарската академија на науки. „Плод на оваа…

повеќе...

Хидробиолошкиот завод и Институтот за нуклеарни истражувања од Унгарија ќе го истражуваат Охридското Езеро

На 10-ти овој месец, ќе започнат заедничките истражувања на Охридското Езеро што Хидробиолошкиот завод од Охрид ќе ги реализира со Институтот за нуклеарни истражувања од Дебрецен, Унгарија. Во врска со предвидените активности поврзани со ова значајно истражување, Хидробиолошкиот институт и Институтот за нуклеарни истражувања повеќе информации ќе изнесат на прес конференција што ќе се одржи на 10.07.2017 (понеделник) во просториите на Хидробиолошкиот завод. На прес конференцијата покрај претставници од двата инстутити и истражувачкиот тим, ќе присуствува и Неговата Екселенција, Амбасадорот на Република Унгарија во Република Македонија, д-р Ласло Иштван Дукс.

повеќе...

Лазаревска: Локалната под итно да го спречи екстремното повлекување на вода од Езерото заради производство на струја

Бараме од локалната власт под итно да го спречи екстремното повлекување на вода од Охридското Езеро заради производство на струја. Преку вчерашната реакција на Општина Охрид стана јасно дека градоначалникот Никола Бакрачески и неговите соработници знаеле за штетите што му се нанесуваат на езерото, но досега не презеле ништо за да го спречат алармантното намалување на нивото на водата. Ова денес го изјави Жаклина Лазаревска, Пратеник во Собранието на Р. Македонија од редовите на СДСМ. „Наместо да обвинува за политизација и партизација, локалната власт мора конечно да се зафати со…

повеќе...

Извештај за влијанието на НП Галичица врз Охридското и Преспанското Езеро и нивната флора и фауна

Охридскиот екологист Лазо Наумоски, денес испрати еколошко заштитен стручен извештај за Влијанието на НП Галичица врз Охридското Езеро и Преспанското Езеро и нивната флора и фауна. Во продолжение, го пренесуваме целиот извештај: „Планината Галичица која се протега на источниот брег на Охридското Езеро во далечната 1958 година прогласена е за Национален парк. Зафаќа површина од 25.000 ha од која 14.000 ha се под шума. Охридското Езеро зафаќа површина од 358 км2 и образува водена маса од 58 км3 вода. Неговото напојување со вода се врши со 40 подземни и надземни извори, потоци и…

повеќе...

Презентиран иницијалниот Извештај за карактеризација на езерата во Дримскиот басен

Денеска во Скопје беа претставени клучните наоди на Иницијалниот извештај за карактеризација на Преспанското, Охридското и Скадарското Езеро, подготвен во согласност со Рамковната директива за води на ЕУ. Извештајот е изработен во рамките на проектот на Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ) за регионална конзервација и одржлива употреба на биодиверзитетот на Охридското, Преспанското и Скадарското Езеро и во него се претставени биолошките, хемиските и геоморфолошки елементите на состојбата на водните басени на езерата, а воедно ги дава и насоките за квалитетен мониторинг на состојбите и квалитетот на водите во езерата.…

повеќе...