Матурантите танцуваа квадрил на Градскиот плоштад

Традиционално со кажување на „Заклетвата за мир“, на Градскиот плоштад, денес беше одржана „Матруската парада“. На звуците од операта „Лилјакот“ на Штраус, 330 матуранти од охридските средни училишта заедно со врсниците од повеќе градови во Македонија и неколку земји од Југоисточна Европа, во 12 часот на пладне го одиграа квадрилот. Одржувањето на годинешната „Матурска парада“ беше 11-тo по ред.

повеќе...

Матурска парада 2017

И оваа 2017 година продолжува традицијата на одржување на „Матурската парада“, во која ќе учествуваат матурантите од четирите средни училишта од Општина Охрид. На 19 мај точно во 12 часот, на градскиот плоштад Св. „Климент Охридски“ матурантите повторно ќе го танцуваат матурскиот квадрил, со своите врсници од шеесетина градови на Централна и Југоисточна Европа. На овој начин заеднички постепено, заедно со младите од година во година создаваме нова традиција во одбележувањето на матурирањето, што е во согласност со стремежите на младите за меѓусебно поврзување околу една заедничка идеја. „Матурската парада…

повеќе...

По 15ти пат матурска парада во Охрид

Овој петок (20 мај) точно напладне на плоштадот Св. Климент Охридски во Охрид, околу 450 матуранти од четирите средни ушилишта во градов ОСУ„ Св. Климент Охридски“, СОСУ„Св. Кирил и Методиј“ , ЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ и ОУТУ  „Ванчо Питошески“ ќе го играат познатиот квадрил на музика од Штраус. Матурската парада годинава се одржува по 15-ти пат и од 2001 година до денес на манифестацијата учествувале над 300. 000 матуранти од 100 града во 10 европски држави меѓу кои се Македонија, Србија, Словенија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Романија, Украина.

повеќе...

Матурска парада 2015

Со традиционалната порака за мир и со звуците на популарниот танц Квадрил матурантите од четирите општински средни училишта, денеска на Градскиот плоштад, ја одиграа Матурската парада 2015. Општина Охрид е традиционален покровител на танцот, а градоначалникот Никола Бакрачески ја отвори десеттата по ред Матурска парада. „Почестен сум и среќен кога сум во друштво на толку многу насмеани и ведри лица, млади лица околу мене. Во еден од најзначајните моменти за Вас би сакал да Ви подарам компас кој би ви го покажувал патот во иднина, оној, единствен пат кон успехот. Кога…

повеќе...