ММДЧП им честита на Македонците за одбраната на Македонија и за неприфаќањето на Тиранската платформа

Македонското меѓународно движење за човекови права им честита на Македонците, од сите политички партии, затоа што заедно застанаа во одбрана на Македонија и ја отфрлија Тиранската платформа – која е во насока на создавање на Голема Албанија, на сметка на територијалниот интегритет на Македонија. Одбивањето на претседателот Иванов да му го додели мандатот на Зоран Заев, и покрај притисокот од западните земји, е сигнал дека македонските политичари конечно застанаа во одбрана на македонските национални интереси, благодарејќи и на Македонците кои што масовно го кренаа својот глас. Уште од осамостојувањето на…

повеќе...

Предвремени избори на 11 декември, привремена влада в петок

Лидерите на четирите политички партии потписнички на Договорот од Пржино вечерва се договорија на 11 декември да се одржат предвремените парламентарни избори. Четворицата лидери, задоволни од постигнатото, кажаа дека се исполнети сите услови за фер и демократски избори. Задоволни од договореното се и двајцата претставници на меѓународната заедница, амбасадорот на САД во земјава, Џес Бејли, и претставникот на Европската Унија, Лукаш Холуб. Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи ги ставија своите потписи на заедничката изјава за датумот на одржување на изборите, како и за решенијата за уредник…

повеќе...

Партиите, засега, без пречки одат кон лидерска средба на 31 август и избори во декември

Политичкиот договор на партиите тече според зацртаниот план. И од двете македонски партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, велат дека нема да има задоцнувања и одлагања, ниту пак проблеми за да се спроведат сите активности за кои партиите се согласија на 20 јули. Од СДСМ информираат дека единствена промена ќе има во датумот за формирање на ад хок телото, кое ќе доцни четири дена. Поддршка за исполнување на договорот од 20 јули дадоа и амбасадорот на САД, Џес Бејли и амбасадорката на Франција во заминување, Лоренс Оер, која на прошталната средба со…

повеќе...

Што договорија партиите: Нов уредник на МТВ, ад хок тело за медиуми и поддршка за СЈО

Делегацијата на Европската Унија во Македонија на својата веб-страница го објави договорот што го постигнаа четирите политички партии. Во договорот се вели дека партиите се согласија измените на Изборниот законик да почнат да се применуваат од 22 јули. Според него, 171.500 лица ќе бидат ставени на дополнителен дел на избирачкиот список, но нивното право на глас не е спорно. Спорните 39.502 лица ќе бидат јавно објавени во рок од три дена по донесувањето на измените и дополнувањата на Изборниот законик. Тие лица ќе можат самоиницијативно да се пријават во ДИК…

повеќе...

Договор нема партиите викендов ќе размислуваат за понудените опции

Претставниците на политичките партии и денеска не постигнаа договор на преговорите кои во резиденцијата на Европската Унија во Пржино започнаа претпладнево во 11 часот. По завршувањето на преговорите, американскиот амбасадор Џес Бејли рече дека имало извесен напредок и затоа со амбасадорот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав ќе остават простор партиите во текот на викендот да размислат по однос на предложените опции, за преговорите да продолжат следната недела. Амбасадорот Бејли е оптимист дека кај партиите има политичка волја за решавање на отворените прашања, но не одговори на новинарските прашања, кој…

повеќе...

Ховит, Кукан и Вајгл жалат што политичките партии не нашле консензус

Европскиот парламент инсистира сите политички партии да останат посветени на исполнување на сите аспекти од Договорот од Пржино, изјави за „Мета“ европратеникот Ричард Ховит, еден од тројцата медијаторите кои денес се сретнаа со политичките партии пред истекот на синоќешниот краен рок. „Жалиме за пропуштената можност да се најде консензус меѓу сите партии. Се надеваме дека проблемот за кој денеска медијаторите разговараа со партиите ќе помогне во идентификувањето на критичните проблеми кои се уште можат да бидат основа за постигнување конечен договор и да овозможат новите избори да бидат веродостојни“ – рече…

повеќе...

Ванхауте: Сите партии доставија нови амандмани за законот за медиуми

Работните групи на политичките партии за реформи во медиумите денеска ќе се обидат да се доближат по овие прашања. Белгискиот олеснувач Питер Ванхауте пред почетокот на средбата во Клубот на пратеници рече дека се надева на напредок. „Сите партии доставија нови амандмани и денеска ќе разговараме за тоа. Јас мислам дека е добро што сите се согласија на средбата и што сите доставија амандмани“ – рече белгискиот олеснувач. Ванхауте додаде дека некои од амандманите се за членови од законот кои досега не биле предмет на разговор. Последна средба на работните…

повеќе...

Охрид празнува во чест на Прличев

По повод одбележувањето на манифестацијата „Прличеви беседи“, делегација на општина Охрид предводена од градоначалникот Никола Бакрачески положи цвеќе пред бистата на поетот пред Библиотеката „Григор Прличев“. Цвеќе положија и делегации од институциите што го носат името на Прличев, Библиотеката , Центарот за култура и Основното училиште како и претставници на политичките партии. Градоначалникот Бакрачески присуствуваше и на традиционалната визита во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во чии рамки беседа за поетот одржа Јован Стрезоски член на Друштвото на Писатели на Македонија. Во рамки на празнувањата вечерва во Центарот за Култура ќе…

повеќе...

Хан на „Твитер“: Ќе обезбедиме поддршка за слободни и фер избори

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, утрово на својот „Твитер“ профил напиша дека без разлика на одлуката на политичките партии, ЕУ ќе овозможи фер избори. „Ги уверувам граѓаните дека без разлика која ќе биде конечната одлука на политичките партии, ние ќе обезбедиме целосна поддршка за да се гарантираат слободни и фер избори“, напиша Хан. Синоќа четирите политичките партии потписнички на Договорот од Пржино заедно со еврокомесарот Хан, амбасадорот на САД, Џес Бејли, евроамбасадорот, Аиво Орав и белгискиот олеснувач, Питер Ванхауте, не успеаја да постигнат договор околу датумот на…

повеќе...