Свечено одбележан патрониот празник на ОУТУ „Ванчо Питошески“

Денес OУТУ „Ванчо Питошески“ Охрид, свечено го одбележа 18ти октомври, Патрониот празник на училиштето. Претставници од училиштето оддадоа почит кон патронот, а беше положено и свежо цвеќе. Беше даден и Историски осврт за ликот и делото на Ванчо Питошески. Имаше и свечен коктел со различна гастрономска понуда подготвен и послужен од страна на учениците под менторство на стручните професори. Во рамките на одбележувањето на празникот беше одржана презентација на наградените трудови на учениците од одржаните натпревари, организирање спортски игри како и хуманитарна акција.

повеќе...

Општина Дебрца го одбележа патрониот празник

Со низа свечености се одбележа денот на Општина Дебрца. Чествувањето започна со полагање цвеќе во село Црвена Вода на спомен обележјето на Манифестот на генералштабот на НОВ и ПОМ, потоа во салата на Основното училиште во Белчишта, пред присутните гости, со поздравен говор се обрати Градоначалникот Игор Трајкоски, a потоа следеа настапи на учениците од Основното училиште „Дебрца”. Интегрален текст од обраќањето на Трајкоски „Почитувани борци, почитувани пријатели, ученици и наставници од ОУ „Дебрца“, почитувани гости и почитувани Дебрчани! Ми причинува големо зaдоволство и чест што заедно со Вас го прославуваме…

повеќе...

Започнаа активностите за одбележување на патрониот празник на ОУ „Христо Узунов“

Со полагање свежо цвеќе пред спомен – обележјето на Христо Узунов во двор на училиштето денес започнаа активностите за одбележување на патрониот празник на ОУ „Христо Узунов“. Оваа година се одбележуваат 112 години од смртта на Узунов. Покрај делегација на училиштето, предводена од директорот на училиштето, м-р Тони Симоновски, свежо цвеќе на бистата на Узунов положија заменик градоначалникот на Општина Охрид, Ангел Јанев, советниците при Советот на Општина Охрид, Јованка Точко и Дејан Пановски, МПЗ „Mетодија Патче“– Охрид, ветерани, како и ученици. Одбележувањето продолжува вечерва во 18:30 часот, во изложбениот салон…

повеќе...

Свечено одбележан патрониот празник на ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти

Со свечена приредба во Центарот за култура „Григор Прличев“, Основното училиште „Живко Чинго“ од Велгошти вечерва го одбележа патрониот празник на училиштето. Овогодинешната програма за свечената приредба беше на тема: „На крилјата на љубовта“. Пред присутните во салата се обрати директорот на ОУ „Живко Чинго“, Ѓоко Чингоски, кој најпрво се заблагодари на сите присутни во салата за како што рече нивното доаѓање за прославата – патронен празник на ова училиште. „Веќе 141 година ОУ „Живко Чинго“ е колевка на образовани и воспитани генерации, кои понатаму успешно чекорат во животот, притоа наоѓајќи го…

повеќе...

Започнаа активностите за одбележување на патронатот на ОУ „Живко Чинго“

Започнаа активностите за одбележување на патрониот празник на ОУ „Живко Чинго“, Велгошти. Утрово делегација на училиштето, предоводена од директорот Ѓоко Чингоски положи свежо цвеќе пред спомен обележјето на Живко Чинго. Активностите продолжуваат вечерва со свечената прослава која ќе се одржи во НУ Центар за култура „Григор Прличев“, со почеток во 18:00 часот. WebOhrid

повеќе...

ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти свечено ќе го одбележи патрониот празник

Со свечена прослава, во понеделник (20-ти март) во Центарот за култура „Григор Прличев“, Охрид, ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти, ќе го одбележи патрониот празник на училиштето. На свеченоста, свој настап ќе имаат училишниот хор, учениците од погорните одделенија, најмалите ученици со свои музички точки, изведба на драмата „Госпоѓа министерка“, а ќе биде отворена и ликовна изложба. Директорот на училиштето, Ѓоко Чингоски, на најуспешните ученици ќе им додели награди, како и благодарнци на заслужните субјекти. ОУ „Живко Чинго“ годинава одбележува 141 година од своето постоење. Во минатото, а и сега, учениците…

повеќе...

Подрачното училиште на ОУ „Григор Прличев” во Рача го одбележа патрониот празник

Со свечена приредба, подрачното училиште на ОУ „Григор Прличев” во населбата Рача, вечерва го одбележа својот патронен празник. На свеченоста, што се одржа во рамките на годинешните „Прличеви беседи”, настапија учениците од училиштето, со богата културно- уметничка програма, во која презентираа бројни содржини поврзани со наставните и воннаставните активности.

повеќе...

Со низа активности ќе се одбележи патронатот на ОУ „Григор Прличев“

Основното училиште „Григор Прличев “- Охрид со низа активности ќе го одбележи патрониот празник на училиштето(6-ти февруари). По тој повод,  утре 3ти февруари (петок) со почеток во 18:30 часот, во Подрачното училиште „Григор Прличев“, населба Рача ќе се одржи свечена приредба. Во понеделник, на 6ти февруари, во 10:30 часот ќе биде положено свежо цвеќе на бистата на Григор Прличев, а во 11 часот ќе започне Прличевата визита, која ќе се одржи во просториите на основното училиште. Во изложбениот салон на Центарот за култура, во 18:30 часот, ќе се обрати директорката…

повеќе...

Промоција на книгата „Поетски воздишки“ од Теодор Тасевски

Во рамките на одбележувањето на Патрониот празник на ОУ „Св. Климент Охридски“, утре 8 декември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид со почеток во 17. 00 часот, ќе биде промовирана книгата „Поетски воздишки“ од ученикот Теодор Тасевски. Рецензент на ова прво дело на Тасевски е проф. д – р Димитар Пандев, уредник Никица Мишева, а промотор ќе биде Смиле Наумоски Брсјак. Целосна програма за одбележување на патрониот празник 1100 ГОДИНИ ОД УПОКОЈУВАЊЕТО НА СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ СВЕЧЕНА ПРОГРАМА ПО ПОВОД ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА ОУ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“…

повеќе...

Со низа свечености ќе се одбележи Денот на патронот на Охрид

Со низа свечености ќе се одбележи Денот на заштитникот на Охрид, Свети Климент Охридски. Чествувањето започнува утре во 12 часот, во изложбениот салон на Центарот за култура, со промоција на 80 получасовни документарни емисии за минатото на Охрид „Охрид во моите спомени“ од Илче Стојаноски. Во 18:30 часот, во галеријата на Центарот за култура ќе се одржи традиционалната изложба на Фото клуб „Охрид“, во 19:00 часот ќе биде отворена изложбата на роднокрајни ликовни уметници, а во 19:30 часот ќе започне свечената академија. Во четврток, 8-ми декември, ќе се изврши поклонение пред…

повеќе...