Уште еден месец за замена на дозволите за поседување и носење на оружје

Преостанува уште еден месец за замена на дозволите за поседување и носење на оружје. Рокот истекува на 12 април, a дотогаш граѓаните и правните лица кои поседуваат оружје со стари дозволи се должни да поднесат барање за нивна замена. Барањето треба да биде поднесено во Министерството за внатрешни работи, Оддел за граѓански работи, Сектор за оружје, експлозивни и опасни материи, агенции за обезбедување и детективска дејност, Отсек за оружје, експлозивни и опасни материи според место на живеење на физичкото лице, односно седиште на правното лице. WebOhrid

повеќе...