Литургии за Св. Петка и Св.Климент Охридски и Св.вмч. Пантелејмон

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека утре, 08. август 2017 година (вторник), во 08:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија во параклисот „Св. Петка“, во манастирот „св. Наум Охридски“ – Охрид, по повод празникот „Преп.мч-чка Параскева (Петка)“. Со литургијата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски и администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј. Истиот ден вечерта во 19:00 часот ќе се служи празнична вечерна богослужба во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ – Плаошник – Охрид, по повод празникот „Св. Климент Охридски и Св.вмч. Пантелејмон“ на…

повеќе...

Вечерна богослужба и света архиерејска литургија за празникот Св. апостол Тимотеј

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 3 февруари 2017 година (петок), во манастирот„Св. Климент и Пантелејмон“ – Плаошник – Охрид, со почеток во 16:00 часот, ќе се служи вечерна богослужба, по повод празникот „Св.ап. Тимотеј“ (именден на Митрополит Тимотеј). На вечерната богослужба ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. На 4 февруари 2017 година (сабота), со почеток во 8:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски г. Тимотеј. На овој ден богослужба ќе има само во…

повеќе...

Василевски: На Плаошник ќе блесне целокупното црковно и световно жариште

„Од ова свето место од местото каде што Св. Климент ја ширел писменоста насекаде во светот од местото наречено Плаошник ви се обраќаме за да промовираме едно од најзначајните капитални дела од доменот на културното наследство. Проект насловен како изградба на Светиклиментовиот универзитет кој е дел од програмата РЕАЛНО на ВМРО ДПМНЕ и проект кој претставува континуитет на духовното меѓутоа во поново време и туристичко согледување на оваа локација.“ – истакна Др. Сашо Василевски, кандидат за пратеник од ВМРО ДПМНЕ Охрид во ИЕ 5. Василевски истакна дека Светиклиментовиот универзитет ќе содржи…

повеќе...

Воскресна богослужба во сите градски цркви по повод Воскресение Христово

На празникот Воскресение Христово ќе има воскресна богослужба во сите градски цркви со почеток во 23:30 часот. Митрополитот г.Тимотеј ќе богослужи во манастирот „Св.Климент и Пантелејмон“- Плаошник, со почеток во 23:30 часот. Утрото на први мај ќе се служи втора литургија во црквите „Св.Богородица“-Каменско, и „Св.вмч.Ѓорѓи“-Охрид со почеток во 8:00 часот. Исто така ќе се служи вечерна Архиерејска богослужба, Второ Воскресение со читање на светото Евангелие на повеќе странски јазици и делење на велигденски јајца, едноцрквие во црквата „Св.Софија“- Охрид, со почеток во 17:00 часот.

повеќе...

Отслужена света архиерејска Василиева Литургија по повод Велики четврток

Денес, на Велики Четврток наутро, кога го празнуваме споменот на востановувањето на светата тајна Евхаристија – Тајната Вечера, миењето на нозете, свештената молитва, а си спомнуваме и за предавството Јудино, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Василиева Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Никола Христоски, свештеникот Љупчо Бакрачески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа.

повеќе...

Литургија и читање на 12 страсни Евангелија за Велики четврток

Утре, 28ми април по повод Велики четврток ќе се служи утрена со Василиева Архиерејска литургија со општ маслосвет, во манастирот „Св.Климент и Пантелејмон“-Плаошник, со почеток во 7 часот. Богослужби ќе има во сите парохиски цркви во Охрид. Во 18:30 часот ќе има Бдение со читање на 12 Страсни Евангелија, во сите градски цркви.

повеќе...

Свети литургии во сите парохиски цркви во Охрид за Водокрст

На 18-ти јануари (понеделеник), на Водокрст ќе се служи света златоустова литургија во сите парохиски цркви во Охрид, со почеток во  7:00 часот. Во Плаошкиот манастир „Св.Климент и Пантелејмон“, светата златоустова литургија ќе биде со почеток во  8:00 часот.

повеќе...

Света литургија за празникот Обрезание на Господ Исус Христос и Св.Василиј Велики

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 14 јануари 2016 година (четврток), во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“, Плаошник, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Обрезание на Господ Исус Христос и свети Василиј Велики“, со почеток во 8:45 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Богослужби ќе има и во сите парохиски цркви во Охрид. Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

повеќе...

Отслужена богослужба и литургија во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник

Вчера во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, започна прославувањето на великиот празник на светиот Климент Охридскиот Чудотворец и на светиот Климент папа Римски. Празнувањето започна со свечена Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Сашо Богданоски, протереите Никола Христоски и Димче Ѓорѓиески, свештениците Владо Недески, Ѓорѓи Блажевски и Роберт Илијевски и ѓаконите Сашо Целески и Христијан Костоски. По завршувањето на Вечерната, беше отслужен и Молебен на свети Климент Охридски, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верните чеда со…

повеќе...

Вечерна богослужба и света литургија за „Свети Климент Охридски Чудотворец“

По повод празникот на „Свети Климент Охридски Чудотворец“, патронот на градот Охрид и на Македонската православна црква, Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека вечерва во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“, Плаошник, Охрид, ќе се служи празнична вечерна богослужба на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, со почеток во 16 часот. Утре во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“, Плаошник, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Свети Климент Охридски Чудотворец“ со почеток во 8:45 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г.…

повеќе...