Подводна еко-патрола

За време на снимањето на подводни сцени од  WebOhrid Aquatic, затекнавме многу отпад. Истиот беше собран од наша страна и депониран до најблискиот контејнер. Најзастапен отпад беше стаклото, кое доколку навремено не се извади од водите се крши на многу повеќе парчиња. Би упатиле апел до сите: Да не фрлаат отпад, да не ја загадуваат природата и доколку забележат отпад да се потрудат истиот да го отстранат! А сега, време е за убави нешта! Уживајте во најновите подводни снимки кои ги сними нашата подводна камера… WebOhrid

повеќе...

Пронајдена и отстранета рибарска мрежа при снимање на сцени од WebOhrid Aquatic

Како што веќе знаете, минатиот викенд WebOhrid започна самостоен проект WebOhrid Aquatic, со кој ве водиме во подводниот свет на Охридското Езеро. Во текот на снимањето на подводните сцени, на потегот помеѓу Десарет и Градиште, пронајдовме и отстранивме рибарска мрежа заплеткана околу карпа, полна со риби во фаза на распаѓање. WebOhrid

повеќе...