Кампања на СВР Охрид „Лето без пожари“

Во рамките на кампањата „Лето без пожари“, продолжуваат мерките и превентивното делување за заштита на шумите, пасиштата и другите отворени простори од пожари на подрачјето на СВР Охрид. Кампањата е со цел поголема контрола, превентива и заштита на шумите од пожар, поактивно следење на состојбите во шумските појаси, заштита, навремено забележување и информирање за настанат пожар до сите релевантни субјекти за координирано преземање на неопходни активности и навремено локализирање на пожарот. Во рамки на соработката на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и Јавното претпријатие „Македонски Шуми“-подружница Струга, вчера…

повеќе...

Одделението за превенција во СВР Скопје ќе започне со реализација на Кампањата „Лето без пожари“

Одделението за превенција во СВР Скопје, ќе започне со реализација на Кампањата „Лето без пожари“, чија основна цел е превентивно делување во насока на намалување на бројот на предизвикани пожари од невнимание од страна на граѓаните, преку подигање на свеста во однос на заштита и зачувување на зелените и шумските површини, како и подобрување на личната и севкупната безбедност на граѓаните. Праксата покажува дека преземањето на проактивни превентивни мерки останува неопходно и понатаму, особено во летниот период како најризичен за појава на пожари во големи размери. Активностите во рамките на…

повеќе...

Балканот гори – Пеколни температури, пожари и УВ индекс 9

Температури до 40. степен не очекуваат и денес, а УВ индексот ќе изнесува 9. За попладнево метеоролозите најавуваат мала до умерена облачност, претежно во западните длови од земјава. Тропските горештини ја зафатија не само Македонија, туку и целиот Балкан. Речиси во сите балкански земји вчера беше издаден црвен метео аларм, поради високите температури и УВ индексот. Метеоролозите најавуваат дека тропските горештини ќе продолжат и во наредните неколку денови. Црвениот метео аларм означува „многу опасно време“, како и дека се очекуваат појави што може да предизвикаат голема материјална штета или да…

повеќе...

Почнува кампањата „Лето без пожари“

„Лето без пожари“ е мотото под кое СВР Охрид отпочнува со реализација на низа зајакнати мерки од превентивен, но и од репресивен карактер за заштита на шумите, пасиштата и другите отворени простори од пожари. Во таа насока, СВР Охрид, најнапред ќе отпочне со серија средби со граѓаните на целото подрачје. Денес од 14 часот полициски службеници од отсекот за превенција ќе имаат работни средби со претставници од сите месни заедници во општината Дебрца на теми од превентивното делување за заштита од пожари на отворен простор, јакнење на свеста за заштита…

повеќе...

Почнува кампањата „Лето без пожари“

Денес Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со ЈП„Македонски Шуми“, Шумската Полиција и АД „Горска Вода“ на платото пред Жичарата на Средно Водно, започна со реализација на традиционалната превентивна кампањата – „Лето без пожари“. Основна цел на кампањата е заштита и зачувување на зелените шумски површини, земјоделското земјиште, ливадите и пасиштата од пожари, во текот на летниот период, преку подигање на свеста на граѓаните за ризиците од појава на пожари и штетите од истите и на тој начин зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. Активностите…

повеќе...

СВР Охрид со оперативни планови и зајакнати мерки за заштита од пожари

Во пресрет на летната сезона и очекуваните високи температури карактеристични за овој период, СВР Охрид изготви конкретни оперативни планови и зајакнати мерки од превентивен, но и од репресивен карактер за заштита на шумите, пасиштата и другите отворени простори од пожари. Во таа насока, СВР-Охрид ќе ги вклучи сите расположливи капацитети и опрема која наменски може да се користи за контрола, превентива и заштита на шумите од пожар, како и да одговори на потребите во случаи на локализирање на евентуално настанат пожар од поголем обем. Во соработка со територијалната против-пожарна единица, ЦУК, ЈП…

повеќе...

Основци од „Христо Узунов“ – дел од обуката за превенција од пожари

Учениците од ОУ „Христо Узунов“, вчера беа дел од обуката на Територијалната противпожарна единица од Охрид за превенција од пожари. „Целта беше најмладите да се запознаат со основните постапки и со важноста од противпожарната заштита, како во училиштето така и во домовите.“ – вели директорот на ОУ „Христо Узунов“, Тони Симоновски. Инаку, овие обуки се одржуваат да ја подигнат свеста на најмладите за опасностите од пожари.

повеќе...