Две запалени шишиња со непозната течност фрлени во двор на полициски службеник

Утрово во 03:10 часот во Охрид во дворното место на куќата на полициски службеник од Полициска станица Охрид, засега непознат/и сторител/и фрлил/е две запалени шишиња со непозната течност, со што е причинета незначителна материјална штета. Секторот за внатрешни работи Охрид презема мерки за расчистување на случајот.

повеќе...

Полицаец возејќи удрил во 80-годишен велосипедист

На ден 22 септември оваа година, во 10 часот и 35 минути, на крстосницата на булеварот „Туристичка“ со улицата „Даме Груев“ во Охрид случена е сообраќајна незгода во која учествуваа патничко моторно возило марка „Шкода Јети“ сопственост на МВР на РМ, а управувано од А.Д.(48) полициски службеник вработен во СВР Охрид и велосипед марка „Рог – Пони“ управуван од Д.Б. (80) од Охрид. Сообраќајната незгода е случена во момент кога возачот со полицискиот автомобил кој се движел по булеварот „Туристичка“ од улицата „Јане Сандански“ во правец кон булеварот „Македонски Просветители“,…

повеќе...

Дечињата од градинката „Лихнида“ во посета на езерската полиција

Педесетина деца од детската градинка „Лихнида“ денеска ја посетија полициската станица за граничен надзор – Охридско езеро. Со активностите на езерската полиција во заштита на државната граница, за безбеден езерски сообраќај и во заштита на рибниот фонд на Охридското Езеро, како и за другите мерки и корисни информации поврзани со секојдневната работа, денеска најмладите ги запозна командирот на полициската станица за граничен надзор – самостојниот инспектор Миле Колески. Командирот заедно со тимот на езерската полиција, на најмладите им покажаа и дел од опремата и материјално-техничките средства што ги користи езерската…

повеќе...

Едукативно предавање „Реонскиот полицаец ве советува“ во ОУ „Живко Чинго“ Велгошти

Денес во ОУ „Живко Чинго“ Велгошти во соработка со Отсек за превенција и ПСВ при СВР Охрид, на учениците од четврто оддеделение им беше одржано едукативно предавање на тема: „Реонскиот полицаец ве советува“. Целта на едукативното предавање беше да се подигне свеста на учениците за нивната лична одговорност за безбедноста, при што беа истакнати точките и беа застапени темите: во делот на сообракајот, јавниот ред и мир, криминалитетот. WebOhrid

повеќе...

Со највисоки полициски и државни почести погребан убиениот полицаец во Куманово

Денеска во 15 часот на гробиштата во населбата Карпош во Куманово со највисоки полициски и државни почести во присуство на семејството, роднините, пријателите, колегите и голем број високи старешини од министерството за внатрешни работи во вечното почивалиште беше испратен полицискиот службеник Горан Станишевски кој на 30.07. 2016 година во населбата Средорек во Куманово трагично го загуби животот од повреди кои ги доби од нож при интервенција за приведување на лице со нарушено психичко здравје обидувајќи се да помогне на недолжното семејство жртва на семејно насилство. Униформираниот полициски службеник Горан Станишевски…

повеќе...

Кривична пријава за шумски полицаец од Охрид кој извршил повеќе кражби

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Д. (32) од Охрид, шумски полицаец, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела- 10 тешки кражби, од кои две во обид. Во периодот од 13.03. до 26.06.2016 година, пријавениот со употреба на подесен алат и физичка сила извршил тешки кражби во цркви лоцирани во селата Косел, Лескоец и Старо Лескоец, од каде одзел пари во вкупна вредност од 9.000 денари, додека во две цркви не успеал да влезе внатре и не одзел ништо.

повеќе...

Приведен охриѓанец кој нападнал полициски инспектор

Еден нападнат полициски службеник, пронајдени неколку опаковки со бела прашкаста материја и едно лице лишено од слобода, е епилогот од синоќешниот претрес во вилата „Пијано“ лоцирана на улицата „Абас Емин“ во Охрид. Полицискиот инспектор е нападнат кога во една просторија од вилата пронашол неколку опаковки со бела прашкаста материја сокриени во метална шина од преграда направена од кнауф. Во моментот лицето Џ.А.(43) од Охрид кој стопанисувал со вилата „Пијано“, побарал од полицискиот инспектор да не ги пријавува опаковките. Тоа било одбиено и при обид за продолжување на службените дејствија, Џ.А.…

повеќе...

Скопјани во Охрид се обиделе да нападнат полициски службеници

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“, СВР Охрид против Р.А.(22) и Е.К.(19) двајцата од Скопје, поднесе кривична пријава. Пријавените, казненото дело го извршиле на деветти овој месец околу 17 часот и 30 минути на булеварот „Туристичка“ во Охрид. Настанот се случил во момент кога полициски службеници вршејќи контролата на сообраќајот прописно сопреле патничко моторно возило марка „Форд Ескорт“ со скопски регистарски таблици и од возачот Р.А. побарале возачки документи. Во следниот момент, двајцата пријавени вербално и агресивно реагирале…

повеќе...

Јавен оглас за прием на 600 извршители на работно место „Полицаец“

Министерството за внатрешни работи, согласно Законот за внатрешни работи и Законот за полиција распишува јавен оглас за вработување на 652 извршители. Практично, станува збор за два огласи за вработување на 600 извршители на работно место „Полицаец“ и 52 извршители за работа во Министерството за внатрешни работи со високо образование со VII/1 степен (четиригодишни студии) или најмалку 240 кредити ос соодветната обалст која се бара. Поконкеретно, во однос на огласот за прием на полициски службеници, предвидено е најголемиот дел од нив да бидат распоредени на подрачјето на Секторот за внатрешни работи…

повеќе...

Ќе се одржи завршна презентација „За мојата безбедност се грижиме јас и мојот пријател полицаец“

Дечињата од градинката „Јасна Ристеска“, во соработка со СВР Охрид и Локалната Самоуправа реализираат проект „За мојата безбедност се грижиме јас и мојот пријател полицаец“. По повод денот на полицијата 7 – ми мај (четврток) во 10:00 часот, ќе се одржи завршна презентација на стекнатите знаења за безбедноста и за мојот пријател полицаец, низ музички точки, драматизации, стихови и пораки во објектот „Развигорче“.

повеќе...