Апликацијата „Органски пат“ е развиена од Организацијата на потрошувачите на Македонија во партнерство со Асоцијацијата за развојни иницијативи – Зенит од Скопје и Здружението на агро-новинари „Медиа плус“ од Скопје. „Органски пат“ овозможува: да дознаете каде во ваша близина можете да набавите или консумирате органска храна; пребарување, контактирање и планирање посета на производителите на органска храна во Македонија, како и ресторани, продавници, сместувачки или туристички објекти кои нудат органска храна во своите понуди; да дознаете што е органска храна и како можете да ја препознаете; да откриете зошто органската храна е добра за зачувување на…
повеќе...Tag: потрошувачи
Потрошувачите недоволно информирани за ризиците во е-трговијата
Организацијата на потрошувачите на Македонија денес во Охрид одржа трибина, на која ги информираше потрошувачите од општина Охрид за ризиците кои што постојат во е-трговијата, односно купување на производи преку интернет, на што треба да внимаваат, каде да се обратат доколку се оштетени од одредени услуги и сл. „Ова е сфера која што и кај нас доживува подем во последните години, достапни се се повеќе производи и услуги што се нудат преку интернет достапни се и се повеќе домашни електронски продавници и со тоа нормално расте и бројот на проблемите со…
повеќе...Информирање на потрошувачите за безбедност на производите и електронско тргување
Утре во Охрид ќе се одржи настан на тема „Безбедноста на производите и електронско тргување“, во организација на потрошувачите на Охрид. Согласно предвидените активности по Програмата за заштита на потрошувачите на Владата на РМ за 2016 година, настанот ќе биде посветен на информирањето на потрошувачите за „можностите за електронско тргување и заштита на нивните права“. Предвидено е на настанот да учествуваат претставници од: Државен пазарен инспекторат, Министерство за внатрешни работи – Охрид, Агенција за храна и ветеринарство, Стопански комори, Трговски друштва и Здруженија на граѓани. Говорниците ќе ги разменат своите искуства,…
повеќе...Светски ден за правата на потрошувачите 2016: Oтпор кон антибиотиците!
На 15 март 2016, потрошувачките организации низ светот се здружуваат со цел да придонесат во справувањето со големата меѓународна здравствена криза. Меѓународната потрошувачка организација „Consumers International“ и нејзините членови ги повикуваат најголемите компании за брза храна на глобално ниво да престанат да служат месо од животни на кои рутински им се давани антибиотици кои се користат во медицината за здравствена заштита на луѓето. Преголемата потреба на антибиотици создава високо отпорни бактерии. Без итна акција, развојот ќе биде насочен кон пост-антибиотска ера, каде важните лекови ќе престанат да дејствуваат и малите…
повеќе...15-ти Март: Светски ден на правата на потрошувачите
На 15 март, 1962 година, американскиот претседател Џон Ф. Кенеди одржа говор за правата на потрошувачите што доведе до создавање на Декларација за правата на потрошувачите. Активистот за правата на потрошувачите Анвар Фазал подоцна предложи да се одбележува 15-ти Март како „Светски ден на правата на потрошувачите”, а од 1983 година организациите на потрошувачите почнаа со одбележување на тој ден како повод за промоција на основните права на потрошувачите. Светскиот ден на правата на потрошувачите е годишен повод за славење и солидарност во рамките на организациите на потрошувачи ширум светот.…
повеќе...