Охриѓанец одржа предавање на Школата за млади лидери

Под покровителство на претседателот на РМ Ѓорѓе Иванов веќе седум години се одржува интензивен тренинг за млади лидери од Р.Македонија и регионот кој што несебично е поддржан и од целиот бизнис сектор на РМ. Предавач на осмата меѓународна обука за лидери на претседателот Иванов која се одржува во Охрид беше охриѓанецот м-р Фисник Доко, сертифициран мајкрософт тренер и софтвер архитект, кој одржа предавање на тема: „Зголемување на продуктивноста со ИТ вештини“. На годинешната школа ќе присуствуваат вкупно 22 реномирани предавачи од врвни образовни и професионални институции од Македонија, ЕУ, САД…

повеќе...

Во ОУ „Христо Узунов“ се одржа предавање на тема „Превенција од пороци“

Во ОУ „Христо Узунов“ денес се одржа предавање на тема „Превенција од пороци“, со учениците од VII одделение во соработка со СВР и Секторот за образование при Општина Охрид. „Учениците се запознаа со пороците кои се присутни , но и ниво препознавање. Предавањето е со вел да заштитат нашите ученици од истите.“ – информираат од ОУ „Христо Узунов“.

повеќе...

Предавање во градската библиотека во чест на празникот на Сесловенските просветители

НУ – Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид и Почесниот Конзулат на Руската Федерација од Охрид, во чест на празникот на сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј, организираат предавање на тема „Староруска азбука како молитва“. Настанот ќе се одржи на 23 мај (вторник) во просториите на Библиотеката а истиот ќе започне во 12 часот.

повеќе...

Четвртоодделенците од ОУ„ Григор Прличев“ на предавање „Здравје и безбедност – за безбедни школски денови“

Во просториите на ОУ „Григор Прличев“ денес се одржа предавање на тема: „Здравје и безбедност – за безбедни школски денови“. Овој проект е во соработка со АД Скопска Пивара – Скопје и ОУ„ Григор Прличев“. „Четвртоодделенците од ОУ„ Григор Прличев денес се запознаа со голем број на активности за нивна безбедност во училиштето и вон училиштето. Поставувани беа голем број прашања и на истите се одговараше со различна динамика и со голем интерес. Предавачи беа лица од АД Скопска Пивара од секторот за човечки ресурси.“- информираат од ОУ„ Григор Прличев“. WebOhrid

повеќе...

Предавање „Здравје и безбедни школски денови“ во ОУ „Христо Узунов“

Денес во ОУ„Христо Узунов“ се одржа предавање на тема „Здравје и безбедни школски денови“. Проектот е во соработка со АД Скопска Пивара – Скопје и ОУ „Христо Узунов“. „Децата се запознаа со голем број на аспекти за нивна безбедност во училиштето и вон училиштето. Предавачи беа лица од АД Скопска Пивара од секторот за човечки ресурси.“– информираат од ОУ „Христо Узунов“.

повеќе...

Едукативно предавање „Реонскиот полицаец ве советува“ во ОУ „Христо Узунов“

Денес во ОУ „Христо Узунов“ во соработка со Отсек за превенција и ПСВ при СВР Охрид е одржано едукативно предавање на Тема: „Реонскиот полицаец ве советува“. Целта на едукативното предавање беше да се подигне свеста на учениците за нивната лична одговорност за безбедноста, при што беа истакнати точките и беа застапени темите: во делот на сообракајот, јавниот ред и мир, криминалитетот.

повеќе...

Основците од „Св.Климент Охридски“ учеа како да се заштитат од елементарни непогоди

Во основното училиште Св.Климент Охридски -Охрид на учениците од предметна настава им се одржа предавањето на тема Заштита и самозаштита во случај на катастрофи. Во предавањето посебно се стави акцент на неопходни процедури и однесувањето на поединците во случај на земјотреси и поплави. Презентацијата, збогатена со многубројни слајдови и снимки од реалните ситуации, како и конкретни препораки,го задржаа вниманието и интересот на наставниците и учениците на викоко ниво. Предавањето го одржа Али Самет, одговорно лице од одделот Подготвеност и дејствување при катастрофи,на Црвен крст на Република Македонија. Ова е уште…

повеќе...

Учениците од „Григор Прличев“ се запознаа со амбасадорската програма на Скопска пивара „Здравје и безбедност во школските денови“

Во текот на денешниот ден учениците од IV одделенија во централното училиште „Григор Прличев“ и подрачното во Населба Рача се запознаа со амбасадорската програма на Скопска пивара „Здравје и безбедност во школските денови“. „Предавањето на креативен начин допре до учениците. Учење преку примери од животните како да спречиме: лизнување, препнување, паѓање, како се носи училишниот ранец, како се седи на училишното столче, како се седи пред компјутер и како учениците да се заштитат за време на пожар, внимателно беше проследено од страна на учениците. Ова предавање беше реализирано од страна…

повеќе...

Предавање на тема „Вакцина“ во ОУ „Христо Узунов“

Денес во ОУ „Христо Узунов“ се одржа предавање на тема „Вакцина“, каде што учениците од IV одделние се запознаа зошто е потребно да се вакцинираат и кои се причините за нивна заштита. „Предавањето беше одржано од страна на доктор Јованка Стурлакова Коровешоска од Заводот за здравствена заштита Охрид. Учениците со голем интерес го проследија предавањето кое заврши со голем број на прашања од страна на учениците.“– изјави директорот на ОУ „Христо Узунов“, Тони Симоновски.

повеќе...

Едукативно предавање за превенција од пороци во ОУ „Живко Чинго“- Велгошти

Во организација на СВР Охрид-сектор за превенција од пороци и Локалната самоуправа-сектор за образование, денес во ОУ „Живко Чинго“, Велгошти се одржа предавање пред учениците од VII одделение под мотото „Живеј здраво, живеј безбедно“. Целта на оваа активност е подигнување на свеста кај младите за опасностите од користење цигари, алкохол и дрога. „Предавањето беше проследено со интерес, а учениците имаа можност и да поставуваат прашања.“– велат од училиштето. WebOhrid

повеќе...