Едукативно предавање „Живеј здраво, живеј безбедно“ во ОУ „Христо Узунов“

Во Основното училиште „Христо Узунов“, Охрид денес се одржа едукативно предавање на тема Превенција од пороци под мотото „Живеј здраво, живеј безбедно“. „Реализацијата на овој проект е со заедничка соработка при Секторот за внатрешни работи- отсек за превенција при СВР Охрид и Локалната самаоуправа- Сектор за образование. “– вели директорот на ОУ „Христо Узунов“, Тони Симоновски. Основна цел е подигнување на свеста кај децата за опасностите од пороците (цигари,алкохол и дрога) по нивното здравје, но и по општата безбедност во заедницата. WebOhrid

повеќе...

Проект „Превенција од пороци“ на охридската полиција

„Живеј здраво, живеј безбедно“ е мотото под кое СВР Охрид преку оделението за превенција ќе отпочне со реализација на проектот „Превенција од пороци“. Со проектот се планира преку пауер поинт презентација и низ интерактивен пристап, во охридските основни училишта да се одржат низа едукативни работилници на тема недозволена трговија со дрога. Проектот кој има превентивен карактер, отпочнува денес со предавања што полициски службеници ќе ги реализираат во Основното училиште „Христо Узунов“. Основна цел е подигнување на свеста кај децата за опасностите од пороците (цигари,алкохол и дрога) по нивното здравје но…

повеќе...

Предавање за оралното здравје во бременоста

По повод Интернационалниот ден на оралното здравје 20ти март, Црвен крст Охрид денес од 19:00 часот организира предавање на тема ОРАЛНОТО ЗДРАВЈЕ ВО БРЕМЕНОСТА. Се покануваат сите заинтересирани бремени жени и оние кои планираат бременост, да ја искористат оваа можност да ги слушнат одговорите на најчесто поставуваните прашања во врска со важноста на оралното здравје во бременоста. Предавањето ќе го одржи Д-р Кристина Стојаноска Алоска, волонтер во Црвен Крст Охрид. Настанот е поддржан од стоматолошката ординација ПЗУ „Д-р Сашо Стоев“, која за сите трудници, присутни на предавањето ќе овозможи бесплатни стоматолошки…

повеќе...

Светскиот ден на бубрезите одбележан во Охридската гимназија

Денес по повод Светскиот ден на бубрежните болести, во просториите на ОСУ Св. Климент Охридски од страна на др. Горан Балевски се одржа предавање на тема: „Децата и бубрежните болести – Дејствувај навреме за да ги спречиш!“. На предавањето присуствуваа голем број ученици, професори и претставници од локалните медиуми. Преку многу интересно предавање од страна на др. Горан Балев учениците беа запознаени за значењето на бубрежните болести, на нивно спречување, рано откривање, превенција и соодветен третман. Учениците беа запознаени со изгледот, функцијата, градбата и значењето на бубрезите. Особено беше потенцирано можното…

повеќе...

Предавање „Реонскиот полицаец ве советува“ во ОУ „Григор Прличев“

Деновиве во просториите на училиштето „Григор Прличев“, Благоја Стевоски од СВР Охрид и реонскиот полицаец Сашо Дончевски остварија средба со четвртооделенците. Целта на ова интересно предавање беше учениците поблиску да се запознаат со професијата полицаец, меѓутоа пред сè да се запознаат со начините на кои можат да се заштитат. „Безбедноста дома, на училиште, на улица… Како безбедно да го користат интернетот, како да се однесуваат на телефон со непознати, безбедност од дрога, пиротехника. Учениците беа советувани и за појавата на вандализам ( насилство), како и насилството меѓу врсниците… Основците добија корисни…

повеќе...

Едукативно предавање „Реонскиот полицаец Ве советува“ во ОУ „Кочо Рацин“

„Реонскиот полицаец Ве советува“ е насловот на едукативните предавања што СВР Охрид денес во 11 и 12 часот ќе ги реализира во основното училиште „Кочо Рацин“ во Охрид и во Долно Лакочереј. Типизираните предавања содржат низа корисни информации за учениците поврзани со работата на полицијата, совети за безбедност на патот до училиштата и средби со непознати, совети за безбедно возење велосипед, безбедност од дрога и пиротехника, безбедност на интернет и други теми. Предавањата, што ќе се реализираат низ сите основни училишта во општинава, пред учениците ќе ги одржи инспектор од…

повеќе...

Продолжуваат едукативните предавања за безбедноста во сообраќајот на патиштата

Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на град Охрид, изминативе два дена реализира сообраќајни едукативни часови со најмладите. Едукативни проактивни предавања се одржаа со учениците од III и IV година во Општинското средно училиште „Св.Климент Охридски“ и со учениците од осмо одделение во основното училиште „Григор Прличев“. Предавањата ги спроведе полициски службеник од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај од Охрид, а беа поврзани со одредбите од законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, правилата на сообраќај, системот на сообраќајни знаци и опрема и други аспекти од…

повеќе...

Едукативни предавања за безбедноста на патниот сообраќај

Во рамки на предвидените активности за одбележувањето на Светскиот ден на сеќавање на жртвите во сообраќајни незгоди, Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата денес и утре ќе реализира сообраќаен едукативен час со најмладите. Едукативни проактивни предавања ќе се одржат денес во 11 часот и 30 минути во Општинското средно училиште „Св.Климент Охридски“, а утре во основното училиште „Григор Прличев“. Предавачи ќе бидат полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај од Охрид. Целта на овие предавања е јакнење на свеста за одговорно и совесно учество пред…

повеќе...

Едукативно предавање за болестите на зависност пред охридските гимназијалци

Ноември како месец за одбележување на борбата против болести на зависност, проследен е со низа активности за подигнување на свеста на јавноста, особено младите за штетните последици од пушењето и алкохолизмот. На денешното едукативно предавање, Др. Соња Стурлакова- Димовска, интернист од Центарот за јавно здравје, ги запозна охридските гимназијалци со последиците на конзумирањето на штетните супстанци. „Пушењето веќе не е тренд во развијените земји. Опасноста од развивање на зависноста од никотин е во фактот што цигарите се лесно достапни, а последиците не се видливи веднаш туку по подолг период кога…

повеќе...

Предавање во ОУ „Григор Прличев“ на тема „Алкохолизам, никотизам и наркоманија“

Вчера во Основното училиште „Григор Прличев“ учениците од деветтите одделенија имаа можност да го проследат стручното предавање на Д-р Соња Стурлакова Димоска, во организација на Црвен крст на Р. Македонија, кој според календарот на активности ги одбележува болестите на зависност Алкохолизам, Никотизам и Наркоманија. „Предавањето и презентацијата со големо внимание беа следени од учениците, а ваквиот тип на предавања секако дека оставаат позитивна трага за превенција од ваквите зависности.“– велат од училиштето.

повеќе...