Во ОУТУ „Ванчо Питошески“ се одржа стручно предавање на тема: „Болести на зависност – алкохолизам, никотизам и наркоманија“ во организација на „Црвен крст“ – Охрид. Преку мултидисциплинарен пристап од областа на превенцијата, акцентирајќи го притоа јакнењето на здрави животни вештини, комуникација, асертивност, антиципација на здрави животни избори и одговорност кај учениците организаторите на предавањето Мимоза Ставрева, секретар на ЦК Охрид, и предавачот д-р Соња Стурлакова-Димоска ги запознаа учениците за овие три видови болести на зависнот. На пристапен начин, со користење на презентации, беа опишани начините на започнување со земање опојни…
повеќе...Tag: предавање
Предавање за амазонската традиција на лекување во културниот центар „Кула“
Како дел од алтернативната програма во културниот центар „Кула“, Скопје ќе се одржи предавање за амазонската традиција на лекување. Во вторник (14 јули), со почеток во 20.00 часот, медицинскиот антрополог Дон Роберто ќе не воведе во амазонската шаманска традиција и нејзините алтернативни начини на употреба. Предавањето ќе биде фокусирано на лековитото својство на растенијата од амазонските прашуми кои се користат за лекување и за телесна и духовна трансформација во најдлабоките нивоа на човечкото битие. Според традицијата и филозофијата на амазонските племиња, интегралното лекување (во ментална, физичка, емотивна и духовна смисла)…
повеќе...Довербата и вредностите се суштината на лидерството – предавање на генералот Фрикли на Воената академија
„Довербата не е дадена, таа се гради, и тоа преку лидерството базирано на вредности. Лидерството е пат на кој постојано одиме, пат кој нè води кон успехот“, рече во своето предавање американскиот генерал Бенџамин Фрикли пред питомците од прва, втора и трета година на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“. Зборувајќи од своето искуство во армијата, генералот истакна дека еден офицер секогаш предвид треба да ја има должноста, честа и татковината. „Вие како идни лидери мора да ги исполните моралните обврски и да ги разберете и почитувате дадените задачи. Во тој…
повеќе...СВР Охрид одржа предавање за матурантите во ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“
Денеска во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ се одржа предавање за матурантите од страна на СВР Охрид, со цел безбедна матурска прослава. На предавањето беше кажано, како да се однесуваат матурантите во деновите кога се прославува матурата. А.Андриоски
повеќе...Полициски службеници предаваа во ОУ „Живко Чинго“ на тема „Борба против дрогата“
СВР Охрид во рамките на проектот „Превенција од зависности“, преку полициски службеници-едукатори денес во ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти, оствари видео презентации и разговори со учениците на тема „Борба против дрогата“. Предавачи беа м-р Благојче Стевоски и Игор Петрески. Целта на овие предавања е на учениците да им бидат претставени опасностите од злоупотребата на наркотиците кои негативно влијаат врз младата популација. Вакви слични предавања и видео презентации, СВР Охрид ќе оствари утре во подрачното основно училиште во населбата Рача како и во основното училиште „Григор Прличев“, додека во текот на неделава, предавања ќе има и…
повеќе...Едукативни предавања за превенција од зависности
Во рамки на реализација на проектот „Превенција од зависност“, денес, во Основното училиште „Христо Узунов“, претставници од одделението за превенција при СВР Охрид, одржаа предавање за превенција од злоупотреба на дрога, цигари и алкохол. На учениците од седмо и осмо одделение им беа презентирани штетните последици од употребата на дрога, алкохол и цигари. Исто така им беа презентирани и начините за заштита од истите. Вакви предавања од страна на претставници од СВР Охрид ќе се одржат во сите основни училишта во општина Охрид.
повеќе...Предавања во средните училишта „Однесувањето на средношколците при сообраќајни несреќи
Во рамки на заедничката соработка на Локалната самоуправа и Територијалната противпожарна единица , деновиве се одржаа предавања во средните училишта на тема „Однесување на средношколците при сообраќајни несреќи“, во кои се предвидува едукација на ученици од III и IV година. Првично предавања се одржаа со ученици од трета година од ОСУ „Св.Климент Охридски“, СОСУ „Св.Кирил и Методиј“, ОУТУ „Ванчо Питошески“ и ОЕМУЦ „ Св.Наум Охридски“. Целта на проектот е да се подигне свеста за последиците од сообраќајните незгоди, како да се повикаат телефоните 192-Полиција, 193-Противпожарна бригада и 194-Брза помош, да се…
повеќе...Едукативно предавање во ОУТУ „Ванчо Питошески“
Во ОУТУ „Ванчо Питошески“ се одржа едукативно предавање на теми од сексуално и репродуктивно здравје во соработка со Министерството за образование и Министерството за здравство. Предавањата се одвиваа за време на класните часови и ги опфати учениците од сите класови од четирите наставни години. Предавачи беа лица ангажирани од ЈЗУ „Центар за јавно здравје“ – Охрид, д-р Даниела Чингоска која имаше предавање на тема „Контрацепција“, додека д-р Јованка Стурлакова – Коровешоска одржа предавање за „Сексуално преносливи инфекции и ХИВ/СИДА“. На учениците им беше укажано дека во постојан пораст се инфекциите…
повеќе...Предавање во ОУ „Живко Чинго “- „Ризици од употреба на пиротехнички средства“
Денес, од страна на СВР Охрид пред учениците од шесто до девето одделение во ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти беше одржано предавање на тема „Ризици од употреба на пиротехнички средства“. Ова предавање беше организирано под мотото „Биди ѕвезда, не фрлај петарди“ и беше поткрепено со „Power point“ презентација, фотографии и многу корисни совети за опасностите од користење вакви средства. Учениците се запознаа со видовите пиротехнички средства, нивниот состав, со законски регулативи кои го уредуваат делот на недозволено користење на пиротехнички средства, но најголем акцент се стави на ризиците и последиците…
повеќе...Предавање во ОУ „Кочо Рацин“ – „Биди ѕвезда не фрлај петарди“
Во ОУ „Кочо Рацин“, вчера, од страна на одделението за превенција од СВР Охрид, се одржа предавање за ризиците од употреба на пиротехнички средства. Предавањето под мотото „Биди ѕвезда не фрлај петарди“, на еден поинаков и современ начин им ги доближува опасностите и ги поттикнува да децата да размислуваат во еден поинаков правец. Ова претставува еден превентивен начин за навремено спречување на последиците од употребата на пиротехнички средства, особено за време на новогодишните празници. Планирано е вакви предавања да се одржат во сите основни училишта во Охрид.
повеќе...