Обука за развој на претприемништвото

Општина Охрид и Секторот за ТЛЕР во рамките на проектот СЦБЕ – ТБЦ финансиран од Европска Унија, програмата ИПА – за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Грција 2007-2013, покрај работилницата која беше спроведена за изработка на SWOT анализа што ја покажува состојбата на пазарот на труд и претприемништво во Охрид , дополнително, предвидува и десетдневна обука за развој на претприемништвото. Во рамките на овој порект наменет за подобрување на претприемништвото во прекуграничната област Лерин-Охрид-Солун, преку воспоставување на нови претпријатија и подобрување на постоечките, вчера ја спроведе првата обука за развој…

повеќе...

Бизнис Конфедерација на Македонија на средба со компаниите од охридско-струшкиот регион

Бизнис Конфедерација на Македонија организира деловна средба со претприемачите на компаниите од охридско – струшкиот регион. Средбата ќе се одржи на 28ми февруари, со почетокот од 12:45 часот, во хотел Милениум, Кеј Македонија бб, Охрид. Бизнис Конфедерацијата на Македонија на оваа средба ќе ги слушне проблемите и очекувањата на бизнис заедницата и заеднички ќе се постават приоритети и изнајдат решенија за подобра бизнис клима. Ќе се разговара и за предлог-политики за надминување на проблемите со кои се соочуваат микро, малите и средните препријатија. На средбата ќе бидат присутни претприемачи и…

повеќе...

Ден на претприемачот: Во Македонија има претприемачки дух и иновативни проекти

Во Македонија има претприемачки дух и иновативни проекти, но потребно е да се поттикнат и охрабрат луѓето да ги имплементираат идеите и да создадат свој бизнис. Ова беше истакнато на денешното одбележување на 10. Европски ден на претприемачот и Европската недела на мали и средни претпријатија организирани од Европската бизнис асоцијација. Од 101.600 регистрирани компании во Македонија денес 98 илјади се мали и средни компании кои се сметаат за важен сегмент од македонската економија. „Тоа се компании со идеи и динамизам кои се подготвени да прифатат поголеми предизвици и ризици.…

повеќе...