ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ во вторник домаќин на кампањата „За сите деца“

ЈОУДГ„Јасна Ристеска“ – Охрид на 10ти мај (вторник) во 10:00 часот во објектот „Росица“ – Лескајца ќе биде домаќин на кампања „За сите деца“. Кампањата се состои во промоција на прирачникот „Ѕвони ѕвон за бонтон“ преведен на турски јазик. Дечињата од турската група ќе презентираат дел од содржините на прирачникот. ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ заедно со Секторот за образование е носител на проектот БОНТОН – однесувај се убаво и пристојно во чии рамки е изработен и прирачникот.

повеќе...

Промовирано Упатството со Прирачник за одржување на училишните објекти

Министерот за образование и наукаАбдилаќим Адеми, заедно со Шефот на мисијата на УСАИД во Република Македонија Џејмс Стајн, денеска го промовираа Упатството со Прирачник за одржување на училишните објекти. Ова упатство настана како резултат на заедничката работа на Министерството за образование и наука, УСАИД, како и вработените во училиштата, потенцираше Адеми. „Овој проект, нема да биде само збир од препораки запишани на хартија. Во него се споделени знаења, искуства кои се резултат на долгогодишна работа. Сите тие ќе бидат имплементирани во работата на секое училиште. Благодарение на нашата соработка со…

повеќе...

Промовиран „Прирачник за лица без документи“

Минатата недела во просториите на СВР Велес беше одржан работен состанок со претставници од ОБСЕ, СВР Велес, Министерство за труд и социјална политика, Локална самоуправа Велес, Министерство за правда- Управа за водење матични книги, претставник од Канцеларијата на високиот канцелар за бегалци – УНХЦР, претставници од Фонд за здравствено осигурување и други релевантни субјекти. Состанокот беше посветен на промоција на “Прирачникот за лица без документи“ и посочување на таргет групите на кои истите е наменет, како и проблемите со кои ранливите групи опфатени со оваа проблематика се среќаваат при остварување…

повеќе...

Утре ќе биде промовиран „Прирачник за шах“ од охриѓанецот Борис Лушески

Во Шаховската школа „Ласкер“ од Охрид, ќе биде промовиран „Прирачник за шах“ од авторот Борис Лушески од Охрид во издание на „Летра “ – Охрид. Промоцијата ќе се одржи во среда – 1 октомври во 19 часот во просториите на Шаховската школа „Ласкер“ во ОУ „Братство – Единство“ . За содржината и значењето на прирачникот ќе зборува писателот Тоде Илиески, кој во светот на шахот е познат како шаховски проблемист.

повеќе...