Познати програмите и проектите кои ќе ги финансира Општина Охрид

Познати се добитниците на финансиски средства по „Јавниот повик за финансирање на програми и проекти од јавен интерес на општина Охрид за 2016 година“. Претставниците на здруженијата на граѓани и институции кои се избрани за доделување на финансиски средства, се повикуваат во рок од три работни дена, почнувајќи од 23.05.2016 година (понеделник) од 08 – 16 часот, да дојдат во Секторот за образование за да ги потпишат договорите за учество во финансирање на програми и проекти. ПРИЛОГ: ЛИСТА НА ПРОГРАМИ И ПРОЕКТИ КОИ ЌЕ ГИ ФИНАНСИРА ОПШТИНА ОХРИД ВО 2016…

повеќе...

Учениците од третите одделенија од ОУ „Кочо Рацин“ ја одбележаа Неделата на програмирањето

Учениците од третите одделенија од ОУ „Кочо Рацин“ Охрид активно се вклучија со активности поврзани со основните чекори на програмирање. „Еден од начините на кои можеме да придонесеме за образованието, е поддршка на секој ученик на планетата во развивање на вештините од 21 век. Технологијата стана интегрален дел од секојдневието на луѓето, при што се зголемува интересот на учениците, родителите, наставниците, владините и невладините организации, младите да не учат само како да користат технологија, туку креирајќи со помош на технологијата да станат иноватори и движечка сила на развојот и можностите…

повеќе...

АВМУ ќе врши мониторинг на радијата и телевизиите со опрема вредна над 800 илјади евра

Денес започна реализацијата на Проектот „Обезбедување опрема за мониторинг на медиумските содржини што го врши Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги“. Проектот се реализира како дел од Инструментот за претпристапна помош – ИПА за 2011 година. Со реализација на проектот се врши набавка на опрема во вредност од 839,608.00 €, од кои 75% се обезбедени преку ИПА, а останатите 25% односно 209,902 € се обезбедуваат со кофинансирање од страна на Агенцијата. Со оваа опрема технички ќе се осовремени системот за снимање, чување и прегледување на програмските содржини емитувани на…

повеќе...

Togepi Crew најдобри на „Codefest“

Викендов во Охрид се случуваше настан кој успеа да собере на едно место голем број на млади, талентирани и способни студенти, професионалци од академските води и бизнис секторот, претставници од ИТ компании, инспиративни говорници и 32 часови непрекинато кодирање под мотото „Истрага на местото на кодирањето“. Codefest во своето трето и досега најдобро издание, зрачеше со енергија и позитивни вибрации меѓу учесниците, организаторите и волонтерите и сите кои беа присутни на настанот. Во текот на настанот имаше разновидност од работни сесии, забавни активности, дискусиони панели на разни теми, говори, презентации…

повеќе...

Инфо ден за презентација на европските образовни програми

Во просториите на општина Охрид, утре, со почеток во 12 часот ќе се одржи инфо ден на кој Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ќе ги презентира програмите на Европската комисија во делот на образованието, обуката и младите, „Еразмус плус 2014 – 2020“, како и иницијативите на ЕУ „Еуропас“ и „Евридика“. Во рамки на инфо денот ќе бидат истакнати детали од успешно спроведените проекти досега. Настанот е од отворен карактер и сите присутни ќе имаат шанса да се вклучат со свои идеи. Преку имплементацијата на „Еразмус плус“ програмата…

повеќе...

Развојните програми на увид пред граѓаните

На последната, 33 седница на Советот на општина Охрид, беа донесени нацрт-развојните програми за 2015 година. Водејќи се од принципот на транспарентност и учество на граѓаните во креирањето на развојот на градот, локалната самоуправа ги објавува донесените развојни програми и ги повикува граѓаните, граѓанските здруженија и фирми со свои предлози и идеи да учествуваат во конечното формирање на истите. По завршувањето на увидот ќе биде организирана и јавна расправа. Програмите можете да ги преземете тука… РАЗВОЈНИ ПРОГРАМИ 2015

повеќе...