Одбележан 20 јуни – Денот на формирање на ЗП Охрид и Дебрца и јубилејот 70 -години од СЗПМ

ЗП Охрид и Дебрца со пригодна свеченост го одбележа 20 јуни-Денот на формирање на здружението и јубилејот 70 -години од СЗПМ. Со рецитации и хумор за пензионерите, дедовците и бабите, се преставија членовите на Драмско-рецитаторската секција при ЗП Охрид и Дебрца, составена од ученици од сите етнички заедници од охридските основни училишта, под раководство на Ристана Мојсоска. Со една музичка точка на виолина се преставија и ученици од Музичкото училиште „Методи Патче“. Потоа следуваше врачување на подароци и Благодардници. Уметнички фотографии со мотиви на Охрид му беше врачена на СЗПМ…

повеќе...

ОУ „Ванчо Николески“ Лескоец го одбележа патрониот празник

Со пригодна програма учениците и наставниците од ОУ „Ванчо Николески“ од Лескоец синоќа го прославија патрониот празник. Свечената прослава се одржа во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. Покрај учениците од Лескоец, свои настапи имаа и гостите-ученици од збратименото училиште „Светозар Марковиќ” од Лесковац, Република Србија. како и ученици од училиштето „Мирче Ацев” од село Лисичани, општина Пласница (кичевко), партнер-училиште на ОУ „Ванчо Николески” во проектот за меѓуетничка интеграција во образованието (ПМИО). „Мотото на овогодинешниот патронен празник беше „Нека победи љубовта. Инспирација беше да се прикаже желбата на нашите ученици, значењето на…

повеќе...

Од утре започнува реализација на проектот „Безбедни матурски прослави 2014/2015“

Утре, 7-ми мај во 11:00 часот Одделението за превенција при СВР Скопје, ќе започне со реализација на активностите поврзани по проектот „Безбедни матурски прослави 2014/2015“. Основна цел на проектот, кој ќе се реализира во текот на месец Мај, е подобрувањето на севкупната и личната безбедност на учениците – матуранти, за време на матурските прослави. Промоцијата на кампањата, како и понатамошните активности ќе траат до 9-ти мај.

повеќе...

Со свечена прослава одбележан патронатот на ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти

Вечерва во преполна сала во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа свечена прослава по повод патрониот празник на ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти. Овогодинешната програма за свечената приредба беше на тема: „Звуците и бојата на пролетта“. Пред присутните во салата се обрати директорот на ОУ „Живко Чинго“, Ѓоко Чингоски. „Веќе 139 години ОУ „Живко Чинго“ е расадник на образовани и воспитани млади генерации, кои понатаму успешно чекорат во животот, притоа следејќи ги современите трендови и промени во образовниот систем. Во изминатиов период значително се подобрија уловите за настава и работа во нашето училиште, нагледноста…

повеќе...

Со свечена програма одбележан патрониот празник на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски”

Вечерва во просториите на ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“, со свечена програма се одбележа патрониот празник на училиштето. Присутните ги поздрави директорот на училиштето Јане Цаноски, а беа доделени признанија и награди за најуспешните во колективот. А. Андриоски

повеќе...

Утре ќе се одржи прослава по повод Патрониот празник на општина Дебрца

По повод Партониот празник на општина Дебрца и 71- година од издавањето на Манифестот на ГШ на НОВ и ПОМ, општина Дебрца и Општинската организација на Сојузот на борци во општините Охрид и Дебрца, утре организираат свеченост со почеток во 10:00 часот во Црвена Вода. Одбележувањето ќе започне со полагање свежо цвеќе на споменикот и посета на спомен домот, потоа се продолжува на централната прослава во просториите на салата во село Мешеишта, каде пригодно обраќање ќе има градоначалникот, Игор Трајкоски и професорот по Историја, Наце Иваноски и за крај литературна творба…

повеќе...